Galaxy A33 5G
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
5G. Веќе сме поврзани
На мобилната мрежа на податоци, моќта на брзите 5G брзини го променува начинот на кој ја доживуваш и споделуваш содржината — од суперфин гејминг и стриминг, до ултрабрзо споделување и преземање. 2
Чиста моќ на обработка на податоци
Засилен со Octa-core процесор од 5 nm, твојот Galaxy е изграден за да се справи и со најголемиот мултитаскинг. RAM Plus ги чита обрасците на користење и овозможува дополнителен виртуелен RAM за екстра засилување.3
Огромна меморија, плус простор за многу повеќе нешта
Со меморија од 128 GB за фотографии и видеа, плус поддршка за microSD картичка до 1 TB, добиваш огромен простор за зачувување на омилените моменти. 4
Неверојатно едноставен
Направи повеќе со помалку. Сега, Galaxy A33 5G е потенок и пософистициран со мат финиш, квалитетна рамка и беспрекорен отвор за камера со Ambient Edge. 5
Погледни во 360°
Отпорен на прашина, паѓања и прскања
Оценет како IP67 за отпорност од вода и прашина, Galaxy A33 5G е отпорен на потопување во слатка вода до 1 метар во време до 30 минути.1 А благодарение на дополнителната заштита од Gorilla Glass 5, овој уред е поцврст и помалку подложен на гребнатини. 6
Генијален екран, спектакуларно живописни бои
Прошири го твоето гледиште со 6,4-инчниот Infinity-U екран на Galaxy A33 5G и види што си пропуштал. Дури и на надворешна светлина може да искусиш сè што сакаш во живописна висока резолуција и реалистични бои благодарение на FHD+ Super AMOLED технологијата за екрани.7
Фино. Свиленкасто фино
Гледај сè на суперглаткиот екран од 90 Hz на твојот Galaxy A33 5G за да видиш што значи „свиленкасто“ искуство на гледање. Помалку заматување, повеќе детали и живописен контраст ги карактеризираат суперглатките видеа и слики.
Каков поглед
Фантастична камера, фати го секој детаљ
Камерата со повеќе објективи на Galaxy A33 5G ги носи сликите на следното ниво. Добиј појасни, почисти слики со OIS камерата од 48 MP, прошири го аголот на гледање со ултрашироката камера, приспособи го фокусот со камерата за продлабочување и приближи се до деталите со макро камерата.8
OIS. Конечно на Galaxy A33 5G
Долови го светот, во движење. Со OIS, твојот Galaxy A33 5G снима пофини видеа и помали детали, дури и при слабо осветлување.9
Подобри слики со AI Image Enhancer
Моќниот AI на овој разубавувач на слики автоматски ги подобрува фотографиите, така што веднаш може да ги усовршиш.10
Забавни моменти со режимот за забава
Сними ги најсмешните моменти со новите Snapchat ефекти што редовно се ажурираат во режимот за забава. Пребарувај и пробај ги омилените, сликни го најдобриот изглед и сподели го тоа со своите пријатели. 11
Твоето лице. Во центарот на вниманието
Со двојниот објектив за камерата за продлабочување, исто така засилена со AI, може да ги снимиш фините карактеристики што го прават секое лице уникатно. Нежно замати ја заднината со bokeh ефектите и истакни ги деталите што ја оживуваат сликата во рамката.
Реалистичен surround-звук на твојата дланка
Повеќе не ти треба студио за да имаш просторно искуство. Задлабочи се во омилените филмови, песни и видеа со Dolby Atmos што ја збогатува секоја нота со неверојатен детаљ и јасност.14
Генијална батерија, трае два дена¹
Батеријата од 5.000 mAh (типична)² ти дава повеќе време за стриминг, споделување, гејминг и многу повеќе. Брзо оживеј го својот Galaxy уред благодарение на супербрзото полнење од 25 W и овозможи приспособливо зачувување енергија за да го подобриш целокупниот перформанс на батеријата.15
Game Booster апликацијата ти дава предност
Оди на победа. Game Booster апликацијата го следи образецот на играње за да го оптимизира траењето на батеријата, температурата и меморијата, истовремено блокирајќи ги заднинските активности и известувања за да не ти се одвлекува вниманието.16
Заштити го она што ти е важно
Платформата Samsung Knox, вградена во хардверот и софтверот на телефонот од самиот почеток, го штити Вашиот телефон од моментот кога ќе се вклучи. За повеќеслојна безбедност, таа ги штити Вашите најчувствителни информации од злонамерни софтвери и закани.
Едноставно допри за да отклучиш
Совршено се отклучува. Благодарение на вградениот сензор за отпечаток од прст на екранот можеш веднаш да ги отвориш апликациите и веб-локациите без да ја загрозиш безбедноста.17
Твојата приватност е обезбедена
Нека твоите лични фотографии, видеа, датотеки, апликации и податоци останат безбедни во Secure Folder со професионалната безбедност на сигурносната платформа Samsung Knox, којашто ги штити твоите информации од секакви злонамерни напади. Додај лозинка или отпечаток од прст за само ти да можеш да пристапуваш до твоите податоци.
Твој Galaxy. Твој начин
Поседувај нешто вистински твое. Приспособи го својот Galaxy со помош на One UI 4 и дај му на телефонот модерен изглед што ќе одговара на твојата енергија. Креирај алатка, токму по твоја мерка, што ќе ти помага за беспрекорно извршување на задачите и ќе направи омилените функции да ти бидат веднаш достапни.18
Поврзано слушање. Секаде
Беспрекорно внимателен
Buds Auto Switching прави да го слушаш токму тоа што треба. Кога гледаш филм на таблетот, дојдовниот повик на телефонот непречено ќе се префрли за да можеш да го прифатиш. А откако ќе спуштиш, може да продолжиш со гледање онаму каде што застана.19
Слушај со твоите Buds Together
Освојте го тротоарот ти и твојот најдобар пријател. Buds Together ти овозможува едноставно, но непобедливо искуство на слушање песни, заедно и во движење.20
Секогаш тука за тебе, каде било, кога било
Уживај во мирот кога ќе одлучиш да купиш Galaxy паметен телефон. Интерактивната дијагностика и оптимизацијата на апликацијата Samsung Members го олеснуваат приспособувањето на перформансите на твојот уред, додека нашата корисничка поддршка ти овозможува да ги решиш проблемите кога ти е потребна дополнителна помош.21
Запознај го новиот Galaxy A. За сите да ја почувствуваат генијалноста.
Спецификации
-
Процесор
2.4GHz, 2GHz
-
Тежина (g)
186
-
CPU-брзина
2.4GHz, 2GHz
-
CPU-тип
Осмојадрен
-
Големина (Главен_Дисплеј)
162.1mm (6.4" полн правоаголник) / 158.7mm (6.2" со заоблени краеви)
-
Резолуција (Главен дисплеј)
1080 x 2400 (FHD+)
-
Технологија (Главен дисплеј)
Super AMOLED
-
Длабочина на боја (Главен дисплеј)
16M
-
Задна камера - Резолуција (Повеќекратна)
48.0 MP + 8.0 MP + 5.0 MP + 2.0 MP
-
Задна камера - Број F (Повеќекратна)
F1.8 , F2.2 , F2.4 , F2.4
-
Задна камера - Автоматски фокус
Да
-
Задна камера - OIS
Да
-
Задна камера Зум
Digital Zoom up to 10x
-
Предна камера - Резолуција
13.0 MP
-
Предна камера - Број F
F2.2
-
Предна камера - Автоматски фокус
Не
-
Предна камера - OIS
Не
-
Задна камера - Блиц
Да
-
Предна камера - Блиц
Не
-
Резолуција на видеоснимање
UHD 4K (3840 x 2160)@30fps
-
Забавено снимање
480fps @HD, 240fps @HD
-
Меморија_(GB)
6
-
Склад (GB)
128
-
Достапен склад (GB)
102.0
-
Надворешен складишен простор
MicroSD (До 1TB)
-
Број на SIM-картички
Dual-SIM
-
Големина на SIM-картичка
Nano-SIM (4FF)
-
Вид слот за SIM-картичка
SIM 1 + Hybrid (SIM or MicroSD)
-
Инфра
2G GSM, 3G WCDMA, 4G LTE FDD, 4G LTE TDD, 5G Sub6 FDD, 5G Sub6 TDD
-
2G GSM
GSM850, GSM900, DCS1800, PCS1900
-
3G UMTS
B1(2100), B2(1900), B4(AWS), B5(850), B8(900)
-
4G FDD LTE
B1(2100), B2(1900), B3(1800), B4(AWS), B5(850), B7(2600), B8(900), B12(700), B17(700), B20(800), B26(850), B28(700), B32(1500), B66(AWS-3)
-
4G TDD LTE
B38(2600), B40(2300), B41(2500)
-
5G FDD Sub6
N1(2100), N3(1800), N5(850), N7(2600), N8(900), N20(800), N28(700), N66(AWS-3)
-
5G TDD Sub6
N38(2600), N40(2300), N41(2500), N78(3500)
-
USB-интерфејс
USB Тип-C
-
USB-верзија
USB 2.0
-
Технологија на локација
GPS, Glonass, Beidou, Galileo, QZSS
-
Слушалки
USB Тип-C
-
MHL
Не
-
Wi-Fi
802.11 a/b/g/n/ac 2.4G+5GHz, VHT80
-
Директен Wi-Fi
Да
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.1
-
NFC
Да
-
PC Sync.
Smart Switch (PC version)
-
Android
-
Боја
Фантастична црна
-
Фактор на форма
Табла на допир
-
Aкцелерометар, Сензор за отпечатоци, Гиро сензор, Геомагнетски Сензор, Hall Сензор, Сензор за светло, Сензор за виртуелна близина
-
Димензии (ВxШxД, mm)
159.7 x 74.0 x 8.1
-
Тежина (g)
186
-
Време на користење на интернет (LTE) (часови)
До 17
-
Време на користење на интернет (Wi-Fi) (часови)
До 18
-
Време нa репродуцирање видео (часови, безжично)
До 18
-
Капацитет на батерија (mAh, типичен)
5000
-
Отстранлива
Не
-
Време на репродуцирање аудио (часови, безжично)
До 54
-
Време на зборување (4G LTE) (часови)
До 40
-
Стереоподдршка
Да
-
Формат на видеорепродуцирање
MP4, M4V, 3GP, 3G2, AVI, FLV, MKV, WEBM
-
Резолуција на видеорепродуцирање
UHD 4K (3840 x 2160)@30fps
-
Формат на аудиорепродуцирање
MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA
-
Gear Support
Galaxy Buds Pro, Galaxy Buds Live, Galaxy Buds+, Galaxy Buds2, Galaxy Buds, Galaxy Fit2, Galaxy Fit e, Galaxy Fit, Galaxy Watch4, Galaxy Watch3, Galaxy Watch, Galaxy Watch Active2, Galaxy Watch Active, Gear Fit2 Pro, Gear Fit2, Gear Sport, Gear S3, Gear S2, Gear IconX (2018)
-
Samsung DeX Support
Не
-
Мобилен TV
Не
Решенија и совети
- Што е функцијата „Паузирај испорака на енергија преку USB?
- Како да пренесете податоци од iPhone или iPad на нов уред Galaxy со Smart Switch
- Како да ги пренесете податоците и да направите резервна копија со помош на Smart Switch на телефон Galaxy
- Кој тип на полнач го поддржува мојот Galaxy уред?
- Како да адаптирате Поставки за повик на телефон со Android
* Мрежа: пропусниот опсег што го поддржува уредот може да се разликува во зависност од регионот или давателот на услуги.
* Батерија: вистинскиот век на батеријата варира во зависност од мрежното опкружување, функциите и апликациите што се користат, зачестеноста на повиците и пораките, бројот на пати на полнење и многу други фактори.
* Достапна меморија за корисникот: вистинската корисничка меморија ќе се разликува во зависност од операторот и може да се промени откако ќе се извршат надградбите на софтверот.
*Проценето според профилот на употреба на просечен/типичен корисник. Независно проценето од страна на Strategy Analytics во Обединетото Кралство во периодот 2022.01.20–01.31 со верзии за пред-издавање на SM-A336 во стандардни услови со користење на мрежите LTE и 5G Sub6 (НЕ Е тестирано во 5G mmWave мрежа). Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените опции и апликации, фреквенцијата на повици и пораки, бројот на полнења на батеријата и многу други фактори.
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 4.860 mAh.
*Измерено дијагонално, големината на екранот е 6,4 инчи како цел правоаголник и 6,2 инчи кога се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и пресекот за камера.
*Galaxy A33 5G е оценет како IP67. Според условите за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1 метар во временски период до 30 минути. Не се препорачува користење на плажа, во базен или ви близина на насапунета вода. Заштитен е само од вода со слаб притисок.
*Корисничката меморија е помала од вкупната меморија на уредот заради оперативниот систем што се користи за работа и функционалност на уредот. Достапната меморија на корисниците ќе варира во зависност од вашиот оператор и надградбите на оперативниот систем.