Galaxy A35 5G
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Карактеристики
Феноменален и одвнатре и однадвор
Прекрасна комбинација на едноставност и уживање. Врвниот дизајн на Galaxy A35 5G нуди линеарна поставеност на камерите врамени во стаклена заднина и рамна странична рамка за нежен изглед и чувство во рака.
Зголеми ја забавата
Убавината е во деталите
Направи прекрасни фотографии со широкоаголната камера со висока резолуција од 50 MP. Живописните бои и детали ќе ги направат твоите фотографии спектакуларни и вредни за споделување.
Фантастични фотографии дури и во мрак
Ноќното фотографирање станува забавно. Galaxy A35 5G доаѓа со подобрен NPU и почувствителен сензор, што ги прави фотографиите јасни и детални дури и во мрак. Од ноќни пејзажи до ноќни портрети, ќе добиеш повеќе детали во секоја фотографија.
Снимај јасни и стабилни видеа
Со Super HDR, може да добиеш живописни бои, јасни видеа и подобра видливост во различно осветлување. Во комбинација со OIS и VDIS, добиваш фини видеа додека снимаш во движење.2
Уредувај фотографии со леснотија
Доведи ги твоите фотографии на следното ниво, подобрувајќи ги со Edit Suggestion, како што се Background blur, Remaster, Erase shadows и други.3
Светол и динамичен екран
Запознај го генијалниот 6,6-инчен FHD+ Super AMOLED Infinity-O екран со фина, висока стапка на освежување од 120Hz и светлина од 1000 нити. Vision Booster може да ви даде кристално чиста видливост во надворешни услови, дури и при директна сончева светлина.
На дланка имаш сѐ што ти е потребно
Отклучи ја моќта на Octa-core процесорот со засилени GPU и NPU, што ги прави лесни мултитаскингот, гејмингот и стримањето. Galaxy A35 5G содржи голем систем за ладење со ќелија за испарување, подготвен да се справи со речиси сите задачи. Внатрешна меморија од 128 GB или 256 GB што поддржува microSD картичка до 1 ТB.
Батеријата трае 2 дена
Добиј поголема мобилност со батеријата од 5.000 mAh (типична) што е дизајнирана да те одржи поврзан/а 2 дена и брзо да се полни со супербрзото полнење.
Помага во издржливоста против штети при паѓање или истурање течности
Твојот телефон е отпорен на прашина и вода со оцена IP67. Покрај тоа, екранот е направен од цврсто стакло Corning® Gorilla® Glass Victus®+ за дополнително да ти ја намали грижата.