Едноставно. Моќно

Galaxy S25 plus во темносина боја долетува во кадар и се гледа од задната страна. Потоа, Galaxy S25 во ледено сина боја, којшто е помал по големина, се појавува до него и му се гледа предната страна.

Запознај ги Galaxy S25 и S25+. Елегантен, премиум дизајн, заштитен со цврста алуминиумска рамка, со живописен екран, софистицирана камера. Сега е потенок, за поудобно држење.,

Голем и поголем

Galaxy S25 во ледено сина боја и поголемиот Galaxy S25 plus во темносина боја се држат и се гледаат од главниот екран..

Потенок дизајн, подобар избор. Galaxy S25 и S25+ може да се пофалат со нашиот најмоќен процесор, направен по мерка, оптимизирано траење на батеријата и нашите најиновативни AI-функции. Направи поголем и посмел чекор со 6,7-инчниот екран на Galaxy S25+..,

Нови бои, нов почеток

Претходно поставен агол

Претходно поставен агол

Споредете ја големината

5.8

163

200

Елегантен изглед. Изграден да биде цврст

Крупен кадар од аголот на Galaxy S25 Plus и неговата алуминиумска рамка.

Обвиткани во лесна алуминиумска рамка, цврстите Galaxy S25 и S25+ се дизајнирани да се носат речиси секаде.

Galaxy AI

Now Bar влегува од десно кон лево со предупредување од Now Brief. Потоа, Now Bar се придвижува кон долниот дел на главниот екран на Galaxy S25 plus кој се фокусира. Се појавуваат три други предупредувања од Now Bar наредени над првото, тајмер, музика и вежбање.

Зачекори во новата ера на AI за мобилни телефони со AI асистент кој е секогаш чекор пред тебе за сите твои потреби. Сѐ што треба е да комуницираш природно за да го водиш и ќе ја завршуваш секоја обврска со леснотија.

Притисни, кажи, готово

Уредот Galaxy S25 plus се гледа како се држи в рака, а YouTube е активен на главниот екран. Страничното копче се притиска долго за од Google Gemini со природен јазик да се побара да ги наведе местата споменати во видеото и да ги зачува како Белешка. Ќе помине низ различни апликации за да пребара онлајн и потоа да креира и зачува Белешка.

Непречено завршете ги своите задачи без да мора да преминувате на различни апликации. Едноставно притиснете и задржете го страничното копче за да пристапите до Google Gemini за помош.1

Премини во живо, добивај одговори

Google Gemini Live е активно и Зборувај во живо е избрано. Следно, се испраќа фотографија како прилог до Gemini Live. Gemini Live ја анализира фотографијата и може да разговарате за содржината користејќи природен јазик.

За лесна и течна комуникација со Gemini Live во врска со барање идеи или подготовка на презентации приложувај му слики и добивај одговори во реално време што се приспособени на твојот стил на комуникација.

Добијте 6 месеци Google AI Pro, вклучувајќи 2 TB простор за складирање во облак

Добијте 6-месечен пробен период од нас, со поголем пристап до моќни функции во апликацијата Gemini, како што е генерирање видеа од Veo3, плус 2 TB безбедно складирање во облак. Достапно со Galaxy S25 Series.

Персонализирани известувања во текот на целиот ден

Now Brief испраќа персонализирани кратки прегледи во текот на денот. Утринскиот краток преглед вклучува новости за временската прогноза и Energy Score, пладневниот краток преглед вклучува совети за возење и новости за купони кои истекуваат, а вечерниот краток преглед вклучува резиме на денот со слики од вашата Галерија и истакнатите дневни активности.

Добивај персонализирани известувања во текот на целиот ден од новата функција Now Brief. Започни го утрото со преглед на обврските за денот, како проверка на нивото на енергија и потсетниците за распоредот на обврски. Навечер, рекапитулирај ги настаните од денот со увид во дневните активности.

Студио на дланка

Се гледа снимка од субјекти со звучни бранови на средината. Во Audio Eraser, избраната несакана бучава може да се намали од 0 на минус 100. На минус 100, се означува Mute (Исклучен звук).

Лесно ослободи се од заднинската бучава од видеата и подготви ги за споделување со Audio Eraser. Дотерај го аудиото со приспособување разни видови звуци, вклучувајќи гласови, музика, ветер и други.

Истакнувањето видеоролни сега е полесно

Истакнати моменти од неколку различни видеа се монтираат заедно со помош на Audio Trim.

Создавај видеоролни со леснотија, со комбинирање на твоите видеа и со помош на Auto Trim. AI ќе ја детектира клучната активност и ќе ги исече во клипови за да можеш лесно да ги менуваш во саканата должина.

Иднината на здравјето, отсега персонализирана

Galaxy S25 plus се гледа од главниот екран. Now Brief е активна. Утринскиот краток преглед го покажува денешниот Energy Score кој исто така е синхронизиран со Galaxy Watch.

Личните податоци си остануваат лични

Personal Data Engine ги комбинира и обработува примарните податоци и дава приспособени предлози. Ги шифрира овие податоци и ги зачувува на уредот со Knox Vault и со тоа ги прави недостапни за други лица.

Најнапредната AI Provisual Engine

Објективот на камерата на Galaxy S25 plus влегува во кадар, а целиот уред се свртува за да покаже како изгледа задната страна. Од главниот екран се гледа друг уред од задната страна за да ја покаже предната камера.

Нашиот ProVisual Engine сега е зајакнат со нашиот моќен процесор. Искуси го нашиот напреден креативен систем за снимање, гледање и уредување што мора да го видиш за да поверуваш во него.,

Предна камера
  • 12 MP Селфи камера
Задна камера
  • 12 MP Ултраширока
  • 50 MP Широкоаголна 2x зум со оптички квалитет
  • 10 MP Телефото камера 3x оптички зум

Споредете ја камерата

Оптички зум 3x, Оптички квалитетен зум 2x, Дигитален зум до 30x ,,

Оптички зум на 3x, Дигитален зум до 30x ,,
Оптички Зум на 3x, дигитален зум до 30x ,,

Видео Nightography без конкуренција. Помалку бучава, почисто видео

Два субјекти играат кошарка навечер. Снимката е јасна благодарение на камерата на Galaxy S25 plus.

Сега може да снимаш во подобрена 10-битна HDR за уште поневеројатни видеа. Нашата напредна AP овозможува попрецизно отстранување на шумот што значи дека веќе не треба да се грижиш поради нечистите ноќни снимки.,

Епски портрети, секој пат

Портрет на жена направен на отворено. Осветлувањето е прецизно и цртите на субјектот се јасни.
Те гледаме. Истото го прави и нашата камера со подобрен систем што препознава предмети која може да се приспособи на различни средини со осветлување. Сними ги теновите и текстурата на кожата точно онака како што твоите очи ги гледаат.

Филтри создадени само за тебе

Се снима слика од пријатели на пристаниште со применет филтер. Додека се снима може да се применат разни приспособени филтри.
Дај им живот на сликите со персонализирани филтри. Galaxy AI ќе ја анализира твојата омилена фотографија и ќе создаде филтер што ја доловува сцената. Користи го веднаш како што е или приспособи го уште малку за да одговара на амбиентот, така што ќе ја промениш заситеноста, осветленоста и друго.

Снимени слики со брзина на светлината

Ги споивме нашите напредни ProVisual Engine и сензор за да овозможиме слики со висок квалитет, дури и на голема брзина на блендата, за да можеш да снимаш предмети во движење уште почисто.

Најмоќниот процесор, прилагоден за Galaxy

Процесорот од 3 nm се гледа како лебди над чип-плочката пред да се потпре на врвот. Различни зраци на светлина излегуваат од АП пред да се трансформираат во уред Galaxy S25 plus. Уредот се гледа хоризонтално од страничниот профил пред да се ротира за да се прикаже сцена од играта Wuthering Waves на главниот екран. Овозможено од Snapdragon 8 Elite за Galaxy.

Го претставуваме нашиот најмоќен процесор, прилагоден за Galaxy. Со подобрено следење со зраци во реално време и оптимизацијата Vulkan, нурни се во акција со непречено играње игри благодарение на мобилната платформа Snapdragon® 8 Elite за Galaxy.,,,

  • CPU

    45 % побрзо процесирање

  • GPU

    48 % подобрени графички перформанси

  • NPU

    68 % побрзи перформанси на AI

Snapdragon® 8 Elite за Galaxy

Унапредено со прецизност. Види ја разликата

Споредба пред и потоа на екранот на уред Galaxy што ги покажува ефектите од ProScaler. ProScaler овозможува подетална графика.

Квалитетот на сликата на екранот е уште поневеројатен со нашиот вграден ProScaler. Обработката со AI-алгоритам се користи за да се обезбеди искуство на гледање во висока дефиниција без да се приспособуваат поставките на екранот.,

Неспоредливо траење на батеријата

Забрзана снимка од урбан пејзаж што поминува од ден во ноќ за 29 часа и 30 минути, благодарение на долготрајната батерија на Galaxy S25 plus.

Благодарение на нашата револуционерна технологија mDNIe вградена во приспособениот AP и на оптимизацијата на софтверот, времето на користење на батеријата на Galaxy S25 и S25+ е подобрено за да уживаш гледајќи видеа со часови.,

  • Гледај до

    30 часа видеа на Galaxy S25+

  • Гледај до

    29 часа видеа на Galaxy S25

Споредете ја батеријата

,

,

До 512 GB меморија

Складирај сѐ со меморијата од 12 GB и до 128 GB, 256 GB или 512 GB простор за складирање со Galaxy S25 или избери помеѓу 256 GB или 512 GB простор за складирање со Galaxy S25+.

Сосема нов One UI 7, изграден за AI

Galaxy S25 plus е прикажан од главниот екран со разни помошни апликации. Уредот е опкружен со други помошни апликации и известувања. На левата страна, галерија, време и музика, се огласува известување за вежби и тајмер од Now Bar. На десната страна се гледаат известувања.

Заедно подобри со Galaxy

Синхронизирај ги Galaxy S25 и S25+ со други уреди Samsung во системот Galaxy за паметно, поврзано живеење.

Нашиот пристап приспособен на иднината

Сѐ се врти. Се фокусираме на енергетска ефикасност и на кружење на ресурсите во животниот циклус на сите производи. Дури и најмалите заложби значат многу и затоа сме посветени да правиме повеќе.

Заштити го однадвор, а истовремено приспособи го на твојот стил

Дизајниран да ти одговара на стилот, без оглед каква е футролата. Земи си функционална дополнителна опрема со уникатен стил.

Четири уреди од серијата Galaxy S25 се наредени дијагонално, се гледаат од птичја перспектива од задната страна. Во насока на стрелките на часовникот од горе десно, се гледа Galaxy S25 plus со поставена силиконска футрола во црвена боја. Понатаму, се гледа Galaxy S25 Ultra со поставена Rugged Case во црна боја и S Pen пенкало до него. Потоа, се гледа Galaxy S25 plus со поставена Standing Grip Case во сива боја, и уште еден Galaxy S25 plus со преклопот на Flipsuit футролата со слики од Кит Харинг.

Често поставувани прашања

Разгледај некои паметни начини како да дојдеш до Galaxy S25 | S25+

Galaxy отвора свет на можности

  1. Gemini е заштитен знак на Google LLC. Резултати за илустративни цели. Потребна е интернет-врска и најава на сметката на Google. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот. Работи на компатибилни апликации. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата и резултатите може да се разликуваат. Може да биде потребно поставување за одредени функции или апликации. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  2. Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите при снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат.
  3. Споредено со претходни модели.
  4. Врз основа на условите од внатрешни лабораториски тестови на Samsung со верзијата пред издавање на дадениот модел поврзан со слушалка преку Bluetooth според стандардните поставки преку LTE. Проценето во однос на капацитетот на батеријата и измерената струја над потрошувачката на енергија од батеријата при репродукција на видео (резолуција на видео датотеката 720 p, зачувана на уредот). Вистинското време за репродукција на видео може да варира во зависност од мрежното поврзување, поставките, форматот на видео датотеката, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
  5. Рамката Armor Aluminum не ги вклучува јачината на звук и страничните копчиња или отворот за SIM-картичка.
  6. Измерено дијагонално како цел правоаголник. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и/или дупката за камера. Измерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy S25 е 6,2 инчи како цел правоаголник и 6,0 инчи кога се сметаат заоблените агли, големината на екранот на Galaxy S25+ е 6,7 инчи како цел правоаголник и 6,5 инчи кога се сметаат заоблените агли и големината на екранот на Galaxy S25 Ultra е 6,9 инчи како цел правоаголник и 6,8 инчи кога се сметаат заоблените агли; вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и дупката за камера.
  7. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет е 3885 mAh за Galaxy S25, 4755 mAh за Galaxy S25+ и 4855 mAh за Galaxy S25 Ultra.
  8. Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
  9. Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 е поставено на предниот и задниот дел на уредот.
  10. Базирано на лабораториски услови за тестирање со потопување во слатка вода до 1,5 метри во траење до 30 минути. Не навлегува прашина; целосна заштита од контакт (непропустливо за прашина прашина). Отпорноста на вода и на прав на уредот не е трајна и може да се намали со тек на време поради нормалното користење.
  11. Gemini е заштитен знак на Google LLC. Резултати за илустративни цели. Функцијата Gemini Live бара интернет-врска и најава на сметката на Google. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата и резултатите може да се разликуваат. Компатибилно со одредени функции и одредени сметки. Достапно само за корисници постари од 18 години. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  12. Gemini е трговска марка на Google LLC. Важат услови. Ако се претплатите, се согласувате со условите за Google One, кредитите за вештачка интелигенција и понудите. Промоцијата завршува на 31.01.2026 година. Достапно само за лица над 18 години. Освен ако не го откажете порано, Google One ќе наплаќа 19.99 USD/месечно по завршувањето на пробниот период. Откажете во секое време. Враќањето на купениот уред може да резултира со откажување на претплатата. Погледнете ги целосните услови на https://one.google.com/offer/terms-and-conditions/samsung-s25-6month-trial
  13. За функцијата Now Brief е потребна најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот, апликацијата. За некои функции може да биде потребна мрежна врска. Треба да се овозможат режимите и рутините за да се користи Personal Data Engine за предлози за рутини засновани на контекст. Корисникот треба да се согласи да даде дозволи за пристап до, на пример, фотографии, видеа, аудиодатотеки и настани во календарот. Може да не покажува моменти во зависност од политиката за вредност на експозицијата. Описот на фотографиите даден преку моменти може да не е во иста линија со намерата на корисникот. Известувањето за распоред на настани е поддржано со апликации за календар што користат база на податоци за календарот на Android и е достапно ако е инсталиран Календарот на Samsung. Известувањата за купони се достапни само за купони додадени во Samsung Wallet со датум на истекување. За да се провери Energy Score, здравствените податоци кои се следени од Samsung Galaxy Watch или Samsung Galaxy Ring мора да се синхронизираат со апликацијата Samsung Health. Резултатот е само за ваша лична информираност и не е предвиден за медицински цели.
  14. Заокружете за да Пребарувате е трговска марка на Google LLC. Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустративни цели. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот. Потребна е врска со интернет. Корисниците може да треба да го ажурираат Android и апликацијата Google до најновата верзија. Резултатите може да се разликуваат во зависност од визуелните и аудио совпаѓањата. Точноста на резултатите не е загарантирана. Работи на компатибилни апликации и површини и само со амбиентална музика. Нема да ја идентификува музиката што доаѓа преку слушалките или ако јачината на звукот на телефонот е исклучена.
  15. Резултатите може да се разликуваат од едно до друго видео во зависност од тоа како се претставени звуците во видеото. Потребна е најава на Samsung Account. Може да се откриваат одредени типови звук, како што се гласови, музика, ветер, природа, гужва и бучава. Вистинското откривање на звукот може да се разликува во зависност од изворот на звукот и состојбата на видеото. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  16. Максималната должина по клип што се уредува со помош на Auto Trim за функцијата Помош за фотографирање е 90 минути. Максималната должина на комбинирани клипови што се уредуваат со помош на Auto Trim за функцијата Помош за фотографирање е 180 минути. Максималниот број клипови што се уредуваат по видео-проект е 60 клипа. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  17. Уредите Galaxy Watch се продаваат одделно.
  18. Knox Matrix е поддржана на Galaxy паметни телефони и таблети со One UI 7.0 или понова верзија. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
  19. Зумирање со оптички квалитет е овозможено од сензорот Adaptive Pixel.
  20. Споредено со Galaxy S24 и S24+.
  21. Подобрувањата на перформансите на AP се однесуваат на Galaxy S25+ и се споредени со Galaxy S24+. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации.
  22. „Wuthering Waves“ е трговска марка и/или регистрирана трговска марка на Kuro Games. Сега е достапна за преземање на Galaxy Store. Уметничките дела се заштитени со авторски права и Kuro Games има ексклузивни права. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред.
  23. Брендираните Snapdragon производи се производи на Qualcomm Technologies Inc. и/или нејзините подружници.
  24. Функцијата ProScaler е поддржана на моделите Galaxy S25+ и Ultra. Квалитетот на сликата може да биде подобрен до QHD+, во зависност од поставувањата за резолуцијата на екранот на уредот.
  25. Опциите за меморија и достапноста може да се разликуваат во зависност од операторот, земјата или регионот. Достапноста на меморијата може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран.
  26. За некои функционални помошни програми може да биде потребно поврзување на мрежа и/или најава на Samsung Account. Достапноста на функциите поддржани во рамките на апликациите може да се разликува во зависност од земјата.
  27. За жичени преноси од Android™ уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 4.3 или понова верзија и уредот што праќа да има Android 4.3™ или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има Android™ 4.0 или понова верзија. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување.
  28. За жичени преноси од iOS уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 4.3 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување или преку iCloud. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 12 или понова верзија. За преноси преку iCloud, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. За безжични преноси, преземи ја Smart Switch за iOS од App Store на твојот iPhone или iPad. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување. Контактите, галеријата, видеата, календарите и потсетниците може безжично да се пренесат од iOS уред.
  29. Се препорачува да се користи жично поврзување кога се пренесуваат разни групи податоци во исто време.
  30. Уредите Galaxy Buds3 Pro, Galaxy Watch7 и Galaxy Tab S10 се продаваат одделно.
  31. Тежината може да варира во зависност од земјата или регионот.
  32. Растојание 3x е оптички зум. Растојание 2x е оптички квалитетен зум.
  33. 30x Space Zoom вклучува 3x оптички зум и 30x дигитален зум со технологија со супер резолуција. Растојанието за зумирање над 3x Зум може да резултира во одредено влошување на сликата.
  34. AI Zoom се применува на растојанија помеѓу должините на дигиталниот зум. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  35. Фактичкото времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повиците и пораките, бројот на полнењата и многу други фактори.