Нурнете се во поголема слика што и покрај тоа удобно ви стои во раката. Galaxy S8 и S8+ го пробија ограничувањето на рамката и ви носат мазна, непрекината површина што незабележливо се прелева преку рабовите. За да го постигнеме тоа, целосно го редизајниравме телефонот од внатрешноста кон надвор. Копчето за почетната страна го ставивме под екранот, каде што стои скриено сè додека не ви затреба. Така добивате поголем непречен поглед без поголем телефон.

Дисплеј Infinity

Преку рамката

Дисплејот Infinity поставува нов стандард за непрекинати импресивни искуства. Тој овозможува да добиете поголем екран и нема потреба да набавите поголем телефон. На тој начин, иако погледот е поголем, Galaxy S8 и S8+ ги чувствувате помали во вашата рака, а тоа ги прави едноставни за држење и за користење.

Galaxy S8 во пејсаж режим
Голем кит со нуркач под површината на морето

Голем екран што го чувствувате мал

Веднаш ќе забележите колку пријатно мазните рабови лежат во раката, а тоа ви овозможува лесно да го држите телефонот додека гледате филмови на поголем екран. Исто така, на дофат на раката се важни брзи пристапи, само повлечете, со оглед дека екранот со мазни рабови е достапен и на Galaxy S8 и на S8+.

Рака држи Galaxy S8
Galaxy S8 лежи во рака

Префинет од секој агол

Импресивната предна страна ја дополнува еднакво измазнета силуета на задната страна. Задната камера е совршено во рамнина со површината за да се добие визуелно ненаметлив профил.

Видео во кое е прикажано како задната камера е совршено во рамнина со задната страна на телефонот Galaxy S8
Горна половина од задната страна на телефонот Galaxy S8

Поголем екран значи дека може да видите повеќе

Без оглед дали се во прашање филмови или игри, екраните на Galaxy S8 и S8+ ќе ве вовлечат во акција. Тоа се најголеми, најимпресивни дисплеи за мобилни уреди од оваа големина, а благодарејќи на односот 18,5 : 9 меѓу ширината/висината на екранот ја добивате целата сцена на вашиот екран.

0

Поглед однапред на Galaxy S8 на кој е прикажан неговиот екран од 5,8 инчи
Galaxy S8
570 ppi

0

Front view of Galaxy S8+ showing its 6.2 inch screen size
Galaxy S8+
529 ppi

*Дисплеј Infinity: целосно фронтален екран од раб до раб без рамка.

*Зададената резолуција е Full HD+ и може да се смени во WQHD+ во Нагодувањата.

*Екранот измерен дијагонално како правоаголник не земајќи ги предвид заокружените агли.

Прелистувајте помалку, постигнете повеќе.

Праќајте пораки додека гледате филм или направете список додека пребарувате. Може ефикасно истовремено да извршувате повеќе задачи благодарејќи на поголемиот екран, а може и да изберете на што ќе се фокусирате со едноставно приспособување на големината на прозорецот. Во случај ако вашето внимание е насочено само кон една работа, може да видите поголем дел од статијата или од вашата страница на социјалните мрежи, така што помалку ќе прелистувате.

Galaxy S8 во исправена положба покажува многу содржини на екранот

Невидлив, но пристапен

Новите тастери за навигација не се разликуваат од физичките тастери на кои сте навикнати. Само што сега тие се навистина незабележливи — сè додека не ви затребаат. Тастерот за почетната страница е таму каде што вообичаено се наоѓа и работи како обично копче — со едноставно притискање.

Сензор за притисок

Притиснете го копчето за почетната страна

Слика на расклопен телефон Galaxy S8
Видео во кое е прикажан сензорот за притисок во расклопен телефон Galaxy S8, а потоа деловите се склопуваат во еден цел телефон и на телефонот се појавува копчето за почетната страна

Стилизиран за иднина

Уживајте во непречената навигација на Galaxy S8 i S8+ со рамен и чист интерфејс што е совршено израмнет со рамниот дисплеј Infinity. Кога ќе го отклучите AOD (Always On Display - секогаш вклучен дисплеј) и кога ќе почнете да ги вклучувате апликациите, визуелното патување по екранот е еднакво впечатливо како и надворешноста.

Контури на Galaxy S8
  • Снимка на екранот AOD на екранот на Galaxy S8
  • Снимка на екранот за отклучување на Galaxy S8
  • Снимка на екранот на почетната страница на Galaxy S8
  • Слика на екранот на страницата со апликации на Galaxy S8
Ноќно небо со ѕвезди

Што има во кутијата

Прикажана е содржината на кутијата
Компоненти
Телефон
Слушалки AKG
USB кабел тип C
Патен адаптер
Конектор USB (од C дo A)
Микроконектор / конектор USB (од C дo B)
Игличка за исфрлање
Капа за слушалки
Водич за брз старт; Брошура за Smart Switch