Истечен

Промоција на бела техника: Надополнете го ентериерот на Вашиот дом со уредите на Samsung.

Со купувањето на одредени Samsung уреди за бела техника остварувате дури дo 25% заштеда, a со одредени уреди добивате и 5 години гаранција!

Важи од 15/05/2020 до 30/06/2020

Ние доста време поминуваме дома, тоа време нека ни биде убаво и пријатно. Со постојаното воведување на иновации Samsung е тука за да им го подобри секојдневниот живот на луѓето и со своите модерни уреди, животот да го направи уште подобар, побезгрижен и поедноставен. Затоа, искористете ја можноста, со специјалниот попуст дo 25% и 5 години гаранција, својот дом да го направите уште поубав и просторот во кој престојувате да го опремите со најмодерните уреди кои се исклучително корисни, помагаат во сите домашни работи и го олеснуваат животот.



Ние сакаме секојдневниот живот да го направиме поубав и попријатен, и затоа секој ден ја развиваме технологијата и на пазарот со домашни уреди донесуваме производи со врвен квалитет. На овој начин, секојдневно се стремиме кон тоа да ја оправдаме довербата на купувачите и корисниците, и на сите да им го обезбедиме искуството кое го заслужуваат.



Ние разбираме дека посебните барања на потрошувачите денес се сè поизразени, така што кај нас модерниот дизајн и функционалната вредност на производите се ускладени во секој поединечен уред. Со нашиот иновативен пристап, зачекоривме во иднината која овие две барања ги спои во едно и нудиме единствено искуство на користење на производите, а исто така и интегрирање во дизајнот на секој простор. Затоа, изберете ги Samsung домашните апарати, разубавете си го животот и заштедете до 25% на купувањето, а со некои од уредите добивате и 5 години гаранција.

Со оваа промоција остварете одлична заштеда и обезбедете си уреди кои овозможуваат попријатен и опуштен живот!



Заштедата до 25% се остварува при купување на одредени Samsung модели на машини за перење на алишта, машини за сушење на алишта, комбинирани машини за перење и сушење на алишта, фрижидери и вградени кујнски уреди (фрижидери, рерни, плочи за готвење и машини за садови) во периодот од 15.05. дo 30.06.2020. Промоцијата 5 години гаранција важи за одредени фрижидери, машини за перење на алишта, вградени кујнски уреди и правосмукалки купени од 15.02. дo 30.06.2020. повеќе информации може да се најде на samsung5godinigarancija.mk



Промоцијата трае во назначениот период или до истекот на залихите.


*Tочниот износ на процент на заштеда се разликува во зависност од производот и неговата цена во овластените Samsung продавници, за што купувачот може да се информира во овластеното Samsung продажно место.

Специјална промоција за поубав дом!

Ладење од соништата

Фрижидер RS8000 SBS Twin Cooling Plus

Уживајте во зголемениот внатрешен простор и во храната која ја чува свежината цело време. Фрижидерот Samsung RS8000 нуди повеќе простор благодарение на SpaceMax Technology™ која овозможува дополнителен внатрешен капацитет без зголемување на надворешните димензии.
Teхнологијата Twin Cooling Plus™ ги оптимизира температурата и влажноста во фрижидерот и замрзнувачот со независно ладење, и на тој начин овозможува подобро чување на храната и го заштитува вкусот така што спречува мешање на мирисите.
Врвниот дизајн и безвременскиот стил на овој уред се вклопуваат во секој вид на ентериер.

За најбрзо перење

Машина за перење на алишта QuickDrive WW7800M

Исперете ги алиштата супер брзо! „Quick Drive” технологијата го скратува времето потребно за перење за до 50%, како и потрошувачката на електрична енергија зa 20%*, додека во целост ги чува перформансите на перењето.
Доколку заборавите некое парче облека, нема проблем! „Add Wash” вратата овозможува едноставно и брзо ставање на облеката иако започнал циклусот на перење.
Eko чистењето на барабанот на уредот ги отстранува бактериите кои предизвикуваат непријатни мириси, без употреба на дополнителни хемикалии. *Teстирано на моделот WW8800M во споредба со моделот WW8500K. Заштедува и до 50% време во циклусот на перење на памук нa 40℃ со половина полнење, со ефект на перење од ±2%, врз основа на податоците на компанијата Intertek. Времетраењето на циклусот може да варира во зависност од снабдувањето со вода и тежината/видот на алиштата.

Оптимално сушењe!

Машина за сушење на алишта DV5000

Заштедете енергија и подобрете го квалитетот на сушење на алиштата! Благодарение на енергетската класа A++ и технологијата на топлотната пумпа, оваа машина за сушење на алишта енергијата ја троши поекономично.
Поседува и интелигентен систем „Optimal Dry” со сензори за влага и температура, кој го прилагодува времето потребно за сушење за најдобриот резултат.
Двослојниот мрежаст филтер 2 во 1 ги одржува оптималните перформанси на сушење. Двата аларми потсетуваат кога е потребно да се исчистат филтерите и изменувачите на топлина.

Револуција на миењето!

Maшина за миење на садови DW9000M

Благодарение на WaterWall™ технологијата машината ги чисти сите садови во секој агол, без трошење на време или вода на претходно плавење. Револуционарниот ефект на чистење се овозможува со создавање на налет на ѕидовите вода под висок притисок кој ги покрива тешко достапните места на долната полица каде честопати стојат највалканите садови.
Областа Zone Booster™ ја отстранува преостанатата тврдокорна храна со дури 5 млазници од левата и 3 од десната страна, и тоа само со едно миење.

Уживајте во готвењето!

Вградена рерна Dual Flex

Доколку уживате во готвењето, сега можете да готвите повеќе јадења одеднаш благодарение на флексибилната врата која се отвора на два начина и има две зони! Можете да ја користите горната и долната зона во исто време, со различни поставки на температурите поради постигнување на оптимални резултати.
Уживајте во комплетната флексибилност при готвењето на различни видови на јадења. Отворете ја горната половина и користете ја при готвењето на помали оброци, a лесно пристапувајте во горната зона додека готвите повеќе јадења, без губење на топлина во долната зона. Или отворете ја целосната врата кога ја користите целата рерна кога подготвувате печење.