WW7800M Машина за перење со технологија QuickDrive, 9kg

WW90M741NOA/LE
Боја БелаБела

The item is in the cart.

Моќни меурчиња

Eco Bubble™

Перење за 39 минути

Супер брзо перење

9 kg

Капацитет на перење (kg)

A+++

Класа на енергетска ефикасност

.

 QDrive

Преполови ја должината на перењето

QuickDrive™ ја скратува должината на перењето за до 50%‡ и потрошувачката на енергија за 20%‡, без да ги намали резултатите на перењето.* Неговиот единствен Q-Drum™ има „главен барабан“ и „задна плоча“ што се вртат независно, со што се обезбедува динамично вртење на облеката придвижено од двојни сили. Благодарејќи на тоа, машината пере побрзо, поефикасно и понежно.*

Преполови ја должината на перењето

* Тестирано на Samsung WW7800M во споредба со конвенционалниот модел WW6500K. Заштедува до 50%‡ од времето и до 20%‡ енергија за перење памук (40℃, половина барабан) со резултатите на перењето во границите ±3%‡ врз основа на податоците од Интертек и штеди до 20%‡ енергија во циклусот Супер брзина (40℃, 5 kg алишта) тестирано во согласност со IEC 60456:2010.

Додади уште нешто, во кој било момент

Си заборавил маичка? Вратата Add Wash™ ти овозможува едноставно и брзо да ја додадеш заборавената облека* по започнувањето на циклусот.** Исто така, може едноставно да ставиш рачно испрана облека што сакаш само да ја исплакнеш или да ја ставиш на центрифуга.

Додади уште нешто, во кој било момент

"* Може да се додадат само парчиња ткаенина, облека, детергент и омекнувач. ** Вратата Add Wash се отвора само кога температурата во барабанот е под 50°C."

  • "* Неопходен е налог за апликацијата Samsung што може да се преземе за апарати Android и iPhone. Потребна е безжична конекција. ** Чува кориснички податоци, параметри и шеми на користење со цел да ги предложи најкорисните опции. *** Корисникот е исклучително одговорен за сите последици што може да настанат, вклучително, без ограничувања, какви било оштетувања или штета предизвикана од погрешни информации обезбедени од Корисникот. **** Препорачаниот циклус на перење се базира исклучително на времето и можеби не е приспособен за видот на ткаенина или степенот на нечистотија на алиштата што се перат."

Моќни меурчиња

Технологијата Eco Bubble™ ти овозможува моќно чистење, дури и при ниски температури.* Детергентот се претвора во меурчиња, така што брзо навлегува во ткаенината и лесно ја отстранува нечистотијата, при што истовремено ги штити бојата и ткаенината и штеди енергија.**

Моќни меурчиња

"*Испитано во согласност со стандардот IEC 60456-2010/4 kg алишта за перење / Super Eco перење во студена вода (WF80F5E5U4W) наспроти перење на памучни алишта на 40°C без технологијата Eco Bubble (WF0702WKU). Поединечните резултати може да се разликуваат. ** Врз основа на извештајот за лабораториското испитување на перформансите што е изработен од Springboard Engineering на ленти EMPA, користејќи вообичаен раствор на детергент и технологија на меурчиња без механичка активност."

Перење за 39 минути

Супер брзото перење го завршува твоето дневно перење за само 39 минути. QuickDrive™ ти заштедува време со динамичното движење на облеката, а Eco Bubble™ обезбедува моќно чистење. Траењето на плакнењето, исто така, е скратено благодарејќи на Брзите прскалки и Swirl+ шемата*, како и забрзувањето на центрифугата.

Перење за 39 минути

*Тестирано на "Swirl + шема" во споредба со Samsung Swirl шема со ротирачки барабан врз основа на внатрешно тестирање.

Ја одржува машината свежа

Чистењето Есо на барабанот + ја чисти внатрешноста на твојата машина за перење и елиминира 99,9% од бактериите што предизвикуваат непријатни мириси* без употреба на јаки хемикалии. Силата на триење на моќниот млаз вода и брзото вртење, исто така, отстрануваат 99% од нечистотиите* од гумената затка на вратата. Може дури и да те извести кога е потребно чистење.**

"* Елиминира 99,9% од бактериите од внатрешноста на машината за перење и отстранува 99% од нечистотиите од гумената затка. Врз основа на тестирањето извршено од Intertek со употреба на циклусот Eco за чистење на барабанот + на моделот WW8800M. ** Прикажува известување на секои 40 циклуси."

Ја одржува машината свежа

"* Елиминира 99,9% од бактериите од внатрешноста на машината за перење и отстранува 99% од нечистотиите од гумената затка. Врз основа на тестирањето извршено од Intertek со употреба на циклусот Eco за чистење на барабанот + на моделот WW8800M. ** Прикажува известување на секои 40 циклуси."

Интензивно отстранување дамки

Со допирот на копчето функцијата Bubble Soak помага при отстранувањето на најразлични тврдокорни дамки. Облеката темелно се потопува во активни меурчиња, што ги омекнуваат дамките што потоа ефикасно се отстрануваат.*

Интензивно отстранување дамки

Исчисти ја својата облека длабински и хигиенски со пареа. Можен циклус што користи хигиенска пареа што навлегува од дното на барабанот. Така секое парче облека е добро натопено. На овој начин се отстрануваат тврдокорните нечистотии и 99,9% од бактериите и се деактивираат алергените.

Хигиенска чистота

Исчисти ја својата облека длабински и хигиенски со пареа. Можен циклус што користи хигиенска пареа што навлегува од дното на барабанот. Така секое парче облека е добро натопено. На овој начин се отстрануваат тврдокорните нечистотии и 99,9% од бактериите и се деактивираат алергените.

Хигиенска чистота

* Врз основа на тестирањето што го направил Intertek на 3 kg алишта / циклус со хигиенска пареа (WW10M864QOA).

Издржливи перформанси

Технологијата на дигитален инвертор користи силни магнети за потивко и помоќно работење, но троши и помалку енергија од универзалниот мотор. Со елиминацијата на употребата на четки се обезбедува извонреден век на траење* - потврдено со 10-годишната гаранција.

* Сертификатот за долготрајност од 20 години е доделен од Здружението за електрични, електронски и информациски технологии во Германија (Verband Deutscher Elektrotechniker – VDE).

Издржливи перформанси

* Сертификатот за долготрајност од 20 години е доделен од Здружението за електрични, електронски и информациски технологии во Германија (Verband Deutscher Elektrotechniker – VDE).

Мирно перење

Иновативната технологија VRT Plus™ го намалува нивото на бучава и вибрации при перењето.* Прстен на лагери што се вртат го одржуваат барабанот рамномерно балансиран. Така се намалуваат вибрациите дури и при високи вртежи, без оглед на количината алишта.

Мирно перење

* Тестирано на моделот WF50K7500AW. Во споредба со конвенционалниот модел WF405 на Samsung врз основа на интерно тестирање.

Трајни перформанси

Керамичкиот грејач + има нов вид премачкување против адхезијата што го намалува натрупувањето на талог во споредба со конвенционалните керамички грејачи.* Неговиот патентиран дизајн** обезбедува помалку натрупување на талог што спречува топлотна спроводливост, со што грејачот подолго ги задржува своите перформанси и има подолг век на траење.

Трајни перформанси

"* Тестирано на Керамичкиот грејач + во споредба со конвенционалниот грејач Samsung на моделот WF60F4E0N0W/ET, врз основа на независно тестирање за отстапување во тежината во тврда вода. * Број на пријава на патентот: 10-2012-0029920 во Кореја, Кина, Европа, САД."

Погодно осветлување

Светилките во внатрешноста на барабанот овозможуваат јасно да видиш што има во барабанот - и да бидеш сигурна дека се си извадила од машината. Светилката ги осветлува алиштата и остатокот од барабанот, па можеш брзо и безбедно да ја провериш содржината на барабанот.

Погодно осветлување

Отстранува траги од детергент

Фиоката StayClean се грижи да се исплакне колку што е можно повеќе детергент благодарејќи на дизајнираниот систем за плакнење со вода. Со тоа се обезбедува преградите да бидат почисти и во поголема мера хигиенски, со помалку невидливи траги од сапун.

Отстранува траги од детергент
  • 9 kg Капацитет на перење (kg)
  • A+++ Класа на енергетска ефикасност
  • Да Bubble технологија
  • 600x850x600 mm Нето димензии (ШxВxД)

Прирачник за корисниците и содржина за преземање

Како се совпаѓа едно со друго

Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промена.