Galaxy A55 5G
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Карактеристики
Феноменална комбинација од метал и стакло
Запознај го Galaxy A55 5G. Едноставнaтa, но подобрена серија на уреди Galaxy А доаѓа во феноменален дизајн со три камери во рамна метална рамка за полесно и интуитивно држење. Исто така, изградени се од стакло Corning® Gorilla® Glass Victus®+, што ги прави поцврсти и поотпорни на штети.1
Сликај подобри слики и снимај подобри видеа
Феноменални фотографии дури и во мрак
Камерата со големи пиксели апсорбира повеќе светлина за светли, изострени и прецизни бои со мала бучава навечер за да ти овозможи феноменално ноќно фотографирање.3
50 MP од живописни бои и детали
Фотографирај изострени, детални фотографии со широкоаголната камера со висока резолуција од 50 MP. Долови ги ситните детали и динамичните бои за ново визуелно искуство. Совршено за фотографирање на сите твои моменти вредни за споделување.
Долови ја својата најдобра страна
Предната камера од 32 MP ти дозволува да сликаш висококвалитетни селфиња, со опции да избереш топли или природни нијанси. Користи го режимот Portrait Mode за да ги подобриш твоите фотографии, заострувајќи го фокусот на предметот со прецизните ефекти bokeh and background blur.
Super HDR видеа дури и при проблематично осветлување
Долови го светот во Super HDR со одлични видеа при различно осветлување, благодарение на оптимизираната боја и контраст. Снимај прецизни и фини движења со OIS и VDIS стабилизација во 4K.4
Уредувај фотографии со еден клик
Доведи ги фотографиите на следното ниво, подобрувајќи ги со опцијата Edit Suggestion со само еден клик на копче. Мешај елементи од различни фотографии на забавен начин со Image Clipper.5
Ослободи ја моќта на Octa-core процесорот
Искористи го подобрениот Octa-core процесор за лесни мултитаскинг, гејминг и стриминг. Во комбинација со можноста за 5G и опции за внатрешна меморија од 128 GB или 256 GB, што може да се зголеми со microSD картичка до 1 ТB. Подобрените GPU, NPU и вграден систем за ладење се дизајнирани за да ти го разубават денот.6
Обземувачки и јасен екран
6,6-инчниот FHD+ Super AMOLED екран овозможува искуство што обзема. Vision Booster ја подобрува видливоста преку оптимизација на боите и контрастот на сончева светлина. Добиј живописен екран со 1.000 нити. И со приспособлива стапка на освежување од 120 Hz за подинамично искуство.7
Оснажи се со батерија што трае 2 дена
Неограничена моќ во твоите раце со батерија од 5,000mAh (типична) што се полни супербрзо. Остани поврзан/а подолго, полни побрзо и живеј според своите правила.8
Издржлив на прашина и вода
Отпорноста на IP67 на прашина и на вода не е само функција. Може да биде штитот на твојот уред против тие елементи. Остани поврзан/а, зачувај спомени и истражувај со самодоверба, знаејќи дека твојот уред е дизајниран со заштита од прашина и вода.9