Откриј како светски познатиот готвач Џејми Оливер ужива во поедноставен дом благодарение на Bespoke AI.
Кога нешто е вистинското за тебе, знаеш веднаш; вистинската технологија пристигнува во твојот дом и одеднаш сè почнува да тече полесно. Сѐ изгледа едноставно. Како што откри и самиот Џејми Оливер, апаратите Bespoke AI се дизајнирани токму за тоа. Погледни како најновите производи Bespoke AI му го олеснија животот дома.
Животот е поедноставен со Bespoke AI
Како пионери за паметни апарати Bespoke AI, мисијата на Samsung е да те поштеди од стресот и мислите поврзани со грижата за домот. Акцентот е на користењето вештачка интелигенција (AI) што ти помага да направиш паметни промени таму каде што е важно и да се запрашаш „како ли живеев без ова досега“?
Кул фрижидери, како никогаш досега
За да можеш ти (или твоите деца) за еден фрижидер да кажеш „леле, ова е кул!“, мора да биде нешто повеќе од обично место за ладење храна и пијалаци. Покрај тоа што добиваш многу простор за свежите состојки, фрижидерот Samsung Bespoke AI со AI Home е сериозно одлична технологија во вашата кујна.
Користи го екранот AI Home за да го видиш планот за денот или точно што имаш во фрижидерот, со персонализирани препораки за рецепти со кои ќе го намалиш фрлањето храна. Исто така, може да се контролира со гласовни команди – само прашај го Bixby за идеи за рецепти, кажи му да пушти музика или да ти даде преглед на вестите за денот. Ако готвиш или рацете ти се полни, Bixby може и да ја отвори вратата за тебе!
Апаратите Bespoke AI доаѓаат подготвени да се поврзат со твојот телефон преку SmartThings, отворајќи супер кул функции за следење на енергијата, контролирање на другите уреди низ домот, па дури вршат и примаат телефонски повици.
Време е да се надградиш на
фрижидер Bespoke AI?
Запознај ги најновите производи и најди го совршениот за твојот дом
Технологија SpaceMax™
Family Hub™
Со SmartThings е многу едноставно
Не треба ти да бидеш посредникот меѓу твоите уреди. Производите Bespoke AI се дизајнирани да работат со апликацијата SmartThings, нудејќи супер практични функции со поврзување на телефонот, телевизорот, таблетот и другите паметни апарати.
Најде совршен рецепт? Твојот фрижидер Bespoke AI може да ти каже кои состојки веќе ги имаш и што фали за да додадеш на списокот за пазарење.
Или пробај да ја користиш апликацијата SmartThings за да поставиш циклус за перење на машината за перење Bespoke AI додека си во движење, да ја поставиш правосмукалката Bespoke AI Jet Bot Combo да ги исчисти подовите – само испрати ја командата со еден допир, дури и ако не си дома.
Започни револуција во готвењето
Функциите Bespoke AI пристигнаа за да го променат начинот на кој готвиш за семејството, правејќи го процесот поедноставен и побрз и додавајќи екстра забава.
Сите дома имаат различни вкусови? Користи ја уникатната технологија на Samsung, Dual Cook, за да зготвиш две посебни јадења на различни температури и за различно време, без да се мешаат вкусовите. Или, пак, само опушти се, и преку вградената камера на AI Pro Cooking провери го јадењето во живо директно на телефонот, телевизорот или фрижидерот Bespoke AI со Family Hub. Дури можеш тоа да го претвориш во забрзана снимка што ќе ја споделиш со пријателите или на друштвените мрежи.
Избери ja совршената
рерна Bespoke AI
Разгледај го асортиманот за да ја најдеш совршената рерна за твојот дом
Dual Cook Flex™
Flex Zone Plus
⁴Џејми Оливер користи рерна Bespoke AI
Мисли помалку, чисти потемелно
Кога е време да се расчисти, функциите за чистење Bespoke AI се осмислени да ти помогнат да останеш со ладна глава и да не се нервираш.
Движи ја стик-правосмукалката Bespoke AI Jet Ultra од една на друга површина во домот и гледај како режимот за чистење AI Cleaning автоматски ги менува поставките како што се движи од тепих на дрвен под, па на плочки. Или, слободно потпри се на Bespoke AI Jet Bot Combo што детектира препреки и предмети на својот пат за да се осигуриш дека ништо нема да се собере по грешка. Лесно како песна.
Освен тоа, препушти ѝ на машината за перење Bespoke AI да ги избере правилните поставки за перење, па види сѐ што треба да знаеш за циклусот на екранот AI Home, со функции за следење на потрошувачката на енергија и префрлување во режим на заштеда на енергија со еден допир.
Верувај ѝ и на машината за садови – самата ќе се отвори по циклусот и ќе ги одржи садовите свежи. Ова се мали нешта, но значат многу за спокоен ум.
Бистра глава, чист дом
Започни револуција во чистењето и поедностави го живеењето со бирање производи од асортиманот Bespoke AI.
Производи за алишта
Правосмукалка
Џејми живее поедноставно – а можеш и ти!
Најновите апарати Bespoke AI го претворија домот на Џејми во место каде што се живее едноставно. Сега е твој ред.
Време е да создадеш начин на живот со многу помалку нешта за грижа, за да имаш повеќе време да мислиш на семејството, а и време за забава и релаксација. Придобивките одат многу подалеку од секојдневната практичност – паметните функции овозможуваат полесно од кога било да ја намалиш потрошувачката на енергија.
Разгледај го асортиманот Bespoke AI веднаш за да ги најдеш апаратите што најмногу ќе ти одговараат.
Следно, прочитајте ги овие приказни
1 AI Home се однесува на 7-инчниот или на 9-инчниот LCD-екран на производот. За пристап до AI Home се потребни Wi-Fi поврзување и Samsung Account. Апаратите мора да бидат поврзани преку SmartThings. За добивање препораки за рецепти, треба да се преземе дополнителна компонента Food во рамките на SmartThings. Достапноста на услугата Bixby може да се разликува во зависност од земјата
2 За да се користи Bixby се потребни Wi-Fi поврзување и Samsung Account. Мора да ја користиш истата сметка за најава на сите уреди. Достапноста на одредени апликации може да се разликува во зависност од земјата, регионот, давателот на услугата, мрежната средина или од уредот и може да се промени без претходно известување. Поддржани јазици се англиски, француски, германски, италијански и шпански
3 Отворањето на вратите може да се разликува поради начинот на монтирање и на употребата, на пр. складирање тешки предмети во корпите на вратите. Функција за автоматско затворање не е достапна. Реалниот агол под кој се отвораат вратите може да се разликува поради условите на монтирање и на употреба, како складирање тешки предмети во корпите на вратите. Корисникот можеби ќе треба да ја промени положбата на монтирање на фрижидерот ако вратите не се отвораат соодветно. Сензорите на допир може да се вклучуваат/исклучуваат на контролната табла/екран, а стандардната поставка е да бидат исклучени. Функцијата за автоматско отворање на вратата може да се активира ненамерно при контакт со кој било дел од телото или, пак, може да го активира дете или миленик.
4 Апликацијата SmartThings е достапна на уреди со Android и iOS. Потребни се Wi-Fi поврзување и Samsung Account.
5 Компатибилно само со уреди Samsung Galaxy и потребно е Bluetooth поврзување меѓу уредот Galaxy и апаратот Bespoke AI.
6 Потребно е да се користи додатокот Food во SmartThings што ти овозможува да направиш список на храната во фрижидерот и да го следиш рокот на употреба, за да можеш лесно да провериш кои состојки ги имаш во него.
7 Потребно е да се вметне преградата Dual Cook Divider. Вметни ја преградата на ниво 3 за да ја поделиш комората за готвење на две зони. Рерната ја детектира преградата за да активира Dual Cooking. Некои функции за готвење за коишто е потребна целата празнина не се достапни со Dual Cooking. Максималната разлика во температурата е 80 ℃
8 Достапно само кај одредени модели Bespoke AI. За најдобро препознавање, садот треба да се постави во средината на рерната. Точноста на препознавањето може да се разликува во зависност од реалните услови на употреба, како што се состојките, чистотата на рерната и осветленоста во просторијата. Создадено само со видео снимено кога е затворена вратата. Откако ќе заврши процесот на готвење, потребни се околу 20 секунди за да се кодира видеото во формат на датотека MPEG.
9 За режимот за чистење AI Cleaning 2.0 потребно е правосмукалката Bespoke AI Jet Ultra да се регистрира на SmartThings. Режимот за чистење AI Cleaning 2.0 може да биде ограничен во некои ситуации ако се загуби врската со интернет. Препознавањето на видовите подови се разликува кај главните четки. Условите во опкружувањето може да влијаат врз способноста за препознавање разни средини на чистење и врз времето потребно за промена на поставките.
10 Врз основа на нашиот модел за длабинско учење што е обучен со користење однапред дефиниран збир на податоци и може да дава нецелосни или неточни информации. Одвреме навреме може да додаваме нови податоци во нашиот модел на учење за да ја подобриме неговата прецизност. Препознавањето предмети може да биде под влијание на нивните облици или условите на опкружувањето. Може да препознава само одредени видови предмети и треба да се активира преку апликацијата SmartThings.
11 Користи циклус на перење AI Wash. AI Wash се заснова на алгоритам создаден со вештачка интелигенција (AI). Реалните резултати може да се разликуваат во зависност од индивидуалната употреба. Автоматското дозирање се заснова врз непрекинати анализи на количината детергент што се користел во последните 10 циклуси. Реалните резултати може да се разликуваат во зависност од индивидуалната употреба.
12 SmartThings Energy работи со апарати што имаат поврзување со Wi-Fi и се поврзани на SmartThings, во кои моментално спаѓаат машини за перење, машини за сушење, машини за миење садови, клима-уреди, прочистувачи на воздух, правосмукалки, рерни, аспиратори, плотни, микробранови печки, телевизори и мерачи на струја. Според интерно тестирање.
13 Според интерно тестирање на моделот DW60DG790FSLU1, разликата во перформансите на сушење е околу 50 % кога се споредува употреба со функцијата за автоматско отворање на вратата и без неа