Бренд

Дарување Galaxy

Совршен новогодишен подарок за секого на списокот за дарување

Празничната сезона и официјално започна. Од новогодишните песни што се пуштаат постојано на радио, до новогодишните елки и светилки што се појавуваат низ маалото – нашите тивки домови одеднаш се исполнуваат со празнична врева и гости од блиску и далеку. Ова магично време од годината е уште помагично благодарение на подароците што си ги даваме во духот на Нова Година, особено кога ќе го најдеме вистинскиот подарок за вистинскиот човек. Секако дека ова второво понекогаш е полесно да се каже отколку да се направи.

За среќа, Црниот Петок се ближи и сега е вистинското време да започнете со бирање подароци за годинешното новогодишно дарување. Всушност, тука имаме од сè по малку за секого.

Музичкиот љубител

2022 ќе биде година на многубројни музички изданија бидејќи најголемите светски изведувачи продолжуваат да откриваат што работеле во последниве две години. Па зошто да не му дадете на музичкиот љубител во семејството подарок којшто ќе направи секоја песна да звучи уште подобро благодарение на беспрекорното задлабочување со Galaxy Buds2. Со помош на кристално чистиот звук и опцијата за активно поништување на бучавата, Buds2 ви овозможуваат да се задлабочите во омилените песни без разлика каде сте, а нивниот супер удобен дизајн ви овозможува да ги носите цел ден, секој ден без да си ги изморите ушите. А со времето на репродукција од 5 часа и уште 15 со целосно наполнета кутија, тие навистина се вистинскиот подарок.1,2

Спортистот во семејството

Од празнично зготвена храна, до богата новогодишна трпеза– повеќето од нас гледаат на празничната сезона како на своја сопствена шведска маса – на крајот на краиштата, секогаш може да се вратиме во форма во новата година. Сепак, и покрај искушението да се опуштиме, сите познаваме некого којшто не пропушта ниту еден тренинг – кој трча секое утро, на дожд, мраз и снег и којшто успева да појде во вежбална помеѓу Нова Година и Божиќ додека другите се одмараат. А што да му купите на некого којшто обожава да си го проверува пулсот на крајот од напорното вежбање? Па, со Galaxy Watch4 може да се проверуваат и многу други работи освен пулсот. Благодарение на нашиот најбрз чип и сензорот Samsung BioActive, корисниците може да ги проверуваат процентот на телесни маснотии, скелетните мускули, телесната вода и друго за да водат евиденција за остварување на своите соништа за добра физичка форма.3,4,5,6,7,8,9,10,11

Празничниот моден фанатик

Сакате да изберете нешто со стил за малиот брат којшто сака да биде модерен? Или нешто елегантно за службената облека на мајка ви? Или си купувате подарок за себе? За да си се заблагодарите за напорната работа минатата година. За кого и да купувате, не може да згрешите со препознатливиот дизајн на Galaxy Z Flip 5G. Z Flip, паметниот телефон на преклопување којшто беше направен за да привлекува внимание, е врвен спој на исклучителност и убавина – а со помош на новото издание Bespoke, може да го приспособувате за да ви одговара на уникатниот стил со избор на бои за секоја естетика, без разлика дали е светла и смела или префинета и безвременска.

Критичарот на новогодишни филмови

Отсекогаш сме мислеле дека за да имаме домашно кино потребни се многу кабли и поврзувања, но со помош на денешната најнова технологија за забава во домашни улови, љубителите на филмови во семејството ќе доживеат вистинско кинематографско искуство од каучот во дневната соба полесно од кога и да било. Не е секогаш до екранот. Квалитетот на звукот е подеднакво важен како и визуелниот квалитет за да се задлабочиме во забавата. Па, зошто да не му подарите звучна лента на филмофилот во семејството за да му помогнете да си го подигне искуството на едно сосема ново ниво. Со помош на звучната лента S60 сè во едно, ќе ја добијат целосната потребна гласност и длабочина во еден поволен пакет за да може веднаш да започнат со гледање на новогодишните филмови, без да мора да ги поставуваат надворешните звучници и жици.

Амбициозниот уметник

Да се најде вистински подарок за уметникот во семејството знае да биде мачно, особено ако не сте уметнички тип. Но, што ако му подарите неограничено платно што не троши хартија? Со сите бои под сонцето и сите неопходни четки? Со пенкало што може да црта, пишува, бои и сенчи – и дури сè да може да се избрише, без да ви треба замена? Со Galaxy Tab S7 FE, ќе го снабдите уметникот во семејството со неограничена залиха на материјали и инспирација за да ја однесе својата вештина во една нова димензија. Со неверојатен екран со AMOLED и со најчувствителното S Pen досега, Tab S7 FE е исто како да имате неограничено уметничко студио што ви го собира во ранецот (или во новогодишниот чорап).

1 Слушалките и кутијата овозможуваат времетраење на батеријата од 20 часа кога се наполнети на 100%. Врз основа на внатрешно тестирање. Тестирано време на звучна репродукција со спарување на претпроизведени Galaxy Buds2 со неодамна издаден паметен телефон на Galaxy со стандардни поставки и вклучен ANC. Вистинското времетраење на батеријата може да се разликува и да зависи од условите на користење, поставките, бројот на полнења, јачината на Bluetooth-сигналот и други фактори.
2 Времето на репродукција може да се разликува во зависност од поставките.
3 НЕ мерете си го телесниот состав ако имате вграден пејсмејкер или други вградени медицински уреди.
4 НЕ мерете си го телесниот состав ако сте бремени.
5 Резултатите од мерењето може да не бидат точни ако сте помлади од 20 години.
6 Наменето е само за целите на општа благосостојба и добра физичка форма. Не е наменето да се користи при откривање, дијагноза или лекување на која било медицинска состојба или болест. Мерките се само за ваша лична употреба. Побарајте совет од медицинско лице. 7 Достапноста на BIA може да зависи од земјата/регионот.
8 Сите карактеристики и UI-елементи се предмет на измена.
9 Компатибилно е со Android 6.0 или понов и RAM 1,5 GB и повеќе.
10 Уредот може да се активира само откако ќе го поврзете со паметен телефон што поддржува Мобилни услуги на Google (GMS). Консултирајте се со производителот на уредот за да дознаете дали вашиот паметен телефон поддржува Мобилни услуги на Google (GMS).
11 Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да зависат од регионот, операторот и уредот.

Подарете со Galaxy

Најдете го совршениот подарок за вашите најсакани, без разлика дали е мал или голем, и направете никогаш да не ја заборават оваа Нова Година.

Следно, прочитајте ги овие приказни