RS8000NC-8 Фрижидер со SpaceMax™ технологија

RS8000NC-8 Фрижидер со SpaceMax™ технологија

RS68A8840S9/EZ

Одбери боја

Боја :
  • Повеќе простор одвнатре – иста големина однадвор
    Технологија SpaceMax™
  • Smart Conversion™
    Smart Conversion™
  • Влажна свежина со независно ладење
    Twin Cooling Plus™
  • Брзо ладење и замрзнување по потреба
    Power Cool / Power Freeze

Повеќе простор и свежина

Повеќе простор одвнатре – иста големина однадвор

Технологија SpaceMax™

Благодарение на внатрешноста со капацитет од 634 литри* може да складираш повеќе храна. Уникатната технологија SpaceMax™ користи посебна високо-уретанска изолација која овозможува ѕидовите да бидат многу потенки, без да се наруши енергетската ефикасност. Така, се создава многу поголем внатрешен простор без да се зголемат надворешните димензии.

* Капацитетот е различен кај секој модел.

Избери 5 Режими за конверзија на барање

Smart Conversion™

Уживај во најдоброто од флексибилното складирање со карактеристиката Smart Conversion™. Користејќи ја Twin Cooling технологијата може да бираш помеѓу 5 режими. Лесно претвори го замрзнувачот во фрижидер за да складираш повеќе свежа храна. Исклучи го* фрижидерот или замрзнувачот за да заштедиш енергија. Или користи го замрзнувачот како мал фрижидер.

Избери 5 Режими за конверзија на барање Избери 5 Режими за конверзија на барање

* Кога функциите за ладење или замрзнување се во исклучен режим, температурата на фрижидерот или замрзнувачот останува под 15℃ за да спречи мувла и непријатна миризба, користејќи малку енергија. Фрижидерот или замрзнувачот не може независно да се исклучуваат. НЕ СКЛАДИРАЈТЕ ХРАНА ИЛИ ПИЈАЛАЦИ ВО ФРИЖИДЕРОТ КОГА ФУНКЦИИТЕ ЗА ЛАДЕЊЕ ИЛИ ЗАМРЗНУВАЊЕ СЕ ВО ИСКЛУЧЕН РЕЖИМ. 15℃ НЕ СЕ ДОВОЛНИ ЗА ДА СПРЕЧАТ РАСИПУВАЊЕ.

Влажна свежина со независно ладење

Twin Cooling Plus™

Се погрижува храната влажна и свежа двапати подолго време*. Teхнологијата Twin Cooling Plus™ ја оптимизира температурата и влажноста во фрижидерот и замрзнувачот преку независно ладење на секој дел. Подобро ја зачувува храната и го штити вкусот спречувајќи мешање на непријатни миризби.

* Врз основа на независни тестирања споредено со конвенционален систем за ладење.

Многу пофлексибилно складирање вино и храна

Rack & Shelf

Користи го попаметно просторот во фрижидерот со мултифункционалната полица за вино. Поширокиот дизајн значи дека може да се складираат шишиња, не само со стандардна големина, туку и подебели шишиња, како што е шишето за шампањ. Благодарение на порамната форма, полицата е соодветна за повеќе намени, така што на неа може да се чува и друга храна, како што е пица или табли за јајца.

Совршено хармоничен и модерен дизајн

Вграден изглед

Дај му стилски интегриран и модерен изглед на твојот дом. Вградениот изглед совршено се вклопува со твоите апарати и мебел со што се создава беспрекорен кујнски ентериер. А неговиот минималистички дизајн има рамни врати, повлечени рачки, скриен дисплеј, рамна полица за вино и садови и кутии* за храна во сива боја.

* Опционално. Достапно само кај одредени модели.

Помалку залудно искористен простор, повеќе простор за складирање храна

Тенка цевка

Добиј повеќе простор без да ги изгубиш перформансите. За разлика од конвенционалните цевки, вентилацијата во задниот дел е целосно тенка, со што се минимизира неискористениот простор и се создава повеќе простор за складирање храна. Но сепак лади и вентилира подеднакво ефективно, така што сè останува свежо и вкусно.

Непречен пристап

Контроли со лесен пристап

Уживај во модерна, но лесна контрола, дури и кога движењето е ограничено. Контролата со лесен пристап го подобрува минималистичкиот дизајн, бидејќи е дискретно скриена внатре. Контролите се на дофат на рака, дури и од инвалидска количка, и може да се користат со една рака, обезбедувајќи подобар пристап за луѓето со инвалидитет.

Помалку бучава и енергија

Дигитална инвертер технологија

Уживај во помалку бучава и поголема енергетска ефикасност. За разлика од конвенционалните компресори, дигиталниот инвертерски компресор автоматски ја приспособува својата брзина како реакција на потребата за ладење. Создава бучава од само 37 dB(B), што го прави потивок и од библиотека. Усогласен е и со новите енергетски регулативи, штедејќи ги твоите пари.

Постојана свежина

Прецизно ладење

Зачувај ги свежината, вкусот и текстурата на храната подолго време. Независните ладилници во сите делови го ладат секој агол рамномерно. Напредната изолација ги намалува варирањата, независно колку е топло или ладно надвор. Дигиталната инвертерска технологија ја чувствува и прецизно ја контролира температурата.

Ја зачувува свежината

Метално ладење

Дури и ако често ја отвораш и затвораш вратата, храната ќе остане свежа. Металната цевка за ладење во задниот дел помага да се одржи оптималната внатрешна температура. Го задржува студенилото и спречува загуба на ладен воздух кога е отворена вратата. А кога ќе се затвори вратата, брзо ја надоместува загубата.

Повеќе мраз, повеќе простор

Внатрешен ледомат

Креирај повеќе простор за да складираш повеќе храна, но сепак имај доволно мраз со внатрешниот ледомат. Вграден е во вратата, така што ти дава дополнителен простор за складирање, ослободувајќи го просторот на полицата за замрзнување, но може да направи и складира многу мраз. А неговиот проѕирен пластичен капак значи дека лесно може да видиш уште колку има преостанато.

Брзо ладење и замрзнување по потреба

Power Cool/Power Freeze

Уживај во брзо ладење. Со само еден допир на копчето, Power Cool интензивно дува ладен воздух во фрижидерот за брзо да ги излади намирниците или омилените пијалаци. Power Freeze овозможува брз бран ладен воздух во замрзнувачот. Одличен е за замрзнување или чување замрзната храна и создавање мраз.

Спецификации

  • Нето вкупно (литри) 609 ℓ
  • Бруто Вкупно (литри) 652 ℓ
  • Тип на ладење Twin Cooling Plus
  • Број на полици (Вкупно) 4 EA
  • Нето ширина (cm) 912 mm
  • Нето длабочина со рачка на вратата (cm) 716 mm

Поддршка

Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот

Прирачник за корисниците и содржина за преземање
  • Упатство за корисниците (SEAD)
    ХРВАТСКИ, МАКЕДОНСКИ, СЛОВЕНЕЧКИ
  • Упатство за корисниците (sead)
    АНГЛИСКИ, ХРВАТСКИ, СРПСКИ, СЛОВЕНЕЧКИ
Погледни ги дополнителните содржини

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО

Карактеристиките, спецификациите и визуелните прикази се предмет на промена