Здравје и благосостојба

Тренирај со предмети
кои ги имаш во домот

Внеси креативност во твојата рутина за вежбање

Ако немаш време да одиш во теретана или пак, сакаш да ги заштедиш парите кои треба да ги дадеш за месечна членарина, не грижи се. Сјајните тегови и модерните справи можеби се корисни, но, не се неопходни. Биди малку креативен и со леснотија може да уживаш во тренинг во домашни услови.
За да ти помогнеме да почнеш, смисливме список со вежби кои можеш да ги правиш дома, користејќи предмети кои веќе ги имаш. Но, не заборавај да го следиш тренингот со твојот часовник Galaxy Watch.

Качување по скали

Ако имаш скали во домот, тогаш почни да се качуваш по нив. Скалите се одлична кардио-вежба, доволно е само неколку пати да се искачиш и да се симнеш по нив. Докажано е дека качувањето по скали согорува повеќе калории во една минута од трчањето, плус помага во контрола на тежината и градење на мускулите. Едноставна, а сепак ефикасна вежба. Со часовникот Galaxy Watch може да го следиш бројот на чекори и искачените спратови.

Склекови на зид

Не си обожавател на склекови? Не плаши се – обиди се наместо тоа да направиш склекови на зид. Тие се одличен начин да зајакнеш и да се подготвиш за потешки вежби. Едноставно, постави ги дланките на ѕид, а рацете треба да бидат на ниво на рамениците, поставени малку пошироко од нив. Потоа, во стоечка положба направи склек.

Стомачни со помош на книга

Оваа вежба е за љубителите на книги. Ако досега не си вежбал/а многу, наместо да купуваш медицинска топка или плочка за тег, употреби ја најтешката книга што ја имаш – книгите се одлични за стомачни. Легни со грбот на земја и свиткај ги колената, потоа земи ја книгата в раце и испружи ги рацете над градите. Полека кревај ја главата, вратот и рамената од подот и почувствувај како почнуваат да работат сите стомачни мускули.

Вежба за трицепс на столче

Ти треба вежба за трицепс? Обиди се со вежби за трицепс на столче. Седни пред столчето и постави ги рацете зад себе, на ќошевите на столчето и испружи ги нозете. Потоа, свиткај ги лактите за да се спуштиш и исправи ги рацете за повторно да се кренеш. Направи повеќе повторувања за добро да се испотиш и следи ги отчукувањата на срцето со твојот Galaxy Watch.

Вежби за бицепс со конзерва

Теговите се основен предмет во теретаната, но ако немаш дома, само погледни во кујната. Конзервите со грав или супа може да ти помогнат при вежбите за бицепс. Почни со помали, полесни конзерви, а потоа постепено употребувај поголеми и потешки.

Вртења со метла

Метењето на кујнскиот под со метла го раздвижува твоето тело, но ако си малку покреативен тогаш може да го намали и обемот на половината. Едноставно држи ја метлата зад рамениците во седната положба и врти се налево-надесно за да го активираш горниот дел од телото.

Склекови со кошаркарска топка на една рака

Дали си љубител на кошарка? Откако малку ќе поиграш кошарка, направи неколку склекови со кошаркарска топка на една рака. Заземи положба како за вообичаени склекови со рацете на земја, но под едната дланка постави ја кошаркарската топка. Тоа ќе ти помогне да развиеш подобра рамнотежа и координација. Направи неколку повторувања од оваа вежба и не заборавај да го провериш часовникот Galaxy Watch за да видиш колку калории имаш согорено.

Следи ги домашните тренинзи со часовникот
Galaxy Watch

Следи ги отчукувањата на срцето, број колку скали си искачил и следи колку калории си согорел со часовникот Galaxy Watch.

Прочитајте ги и овие приказни