Новогодишните празници се ближат! Не чекајте ги последните денови за избор, избегнете ја гужвата и на време изберете подароци за тие на кои сакате посебно да им се заблагодарите за сета љубов и внимание што ви го дале во една од најпредизвикувачките години што ги паметиме. Samsung се потруди да создаде посебни понуди на паметни уреди што ќе ги израдуваат вашите блиски: Galaxy S20 FE, Watch3, Tab S7+, Buds Live и Note20.

Galaxy S20 е вистинскиот избор за тие кои сакаат сѐ во едно пакување, независно дали се љубители на фотографии, играње или објавување инспиративна содржина на социјалните мрежи. Се одликува со подобрен приказ со 6,5-инчен Full HD+ Infinity-O дисплеј со едвај видлива рамка, како и мал отвор за камера. Тоа значи дека играњето, стримингот и видеоповиците на ваков прекрасен екран се уште позабавни. Трите задни камери овозможуваат снимање врвни фотографии со леснотија и без употреба на какви било филтри. Опфатете ја сцената со помош на широкоаголната камера, а потоа опфатете ја уште повеќе сцената со помош на ултрашироката камера или зумирајте со помош на 3x оптичкиот зум на телефото камерата.

Galaxy Watch3 може да биде совршен подарок за тие кои секогаш се во движење и сакаат дополнителна поврзаност. Покрај тоа, овој часовник ќе внимава на вашите најблиски и ќе се грижи за нивното здравје, затоа што овој часовник овозможува да го организирате животот и да го контролирате здравјето на наједноставен начин. На поголемиот екран на овој часовник, врамен со дискретен ротирачки прстен, многу е полесно да се види и да се фокусира на тоа што е навистина важно.

Потоа, тука е Galaxy Tab S7+, таблет што го менува начинот на кој работите и се забавувате. Врвен екран од 120 Hz кој придвижува збир на најмоќни чипови. Тастатурата дава можност да работите како на вистински персонален компјутер, а S Pen пенкалото со брз одѕив е секогаш тука, на дофат на рака. Покрај тоа, звукот што минува низ Quad звучникот во AKG и Dolby Atmos квалитет ќе ви овозможи да се чувствувате како во кино. Но, за разлика од кино, овде можете да гледате 14 часа без престан, затоа што овој таблет е опремен со технологија што го чува здравјето на очите емитувајќи најмала можна количина на сина светлина.

За добар ритам на празникот, тука се Galaxy Buds Live слушалките, дизајнирани да го направат секој момент посебен. Карактеристичен ергономичен дизајн и форма што совршено одговараат на опкружувањето и звучник што овозможува далеку подобро доживување на слушањето. Додајте малку сјај на претстојните празници и уживајте во една од најубавите мистични бои во кои доаѓаат слушалките.

И на крајот, за љубителите на S Pen пенкалото, тука е Galaxy Note20. Ова не е паметен телефон на кој сме навикнати. Тоа е компјутер што го собира во џеб. Тоа е натпросечен гејминг на мобилен уред. Тоа е професионална 8К камера и пакет за уредување. Тоа е моќен телефон што засекогаш го менува начинот на кој работиме и се забавуваме. Изберете екран од 6,7 инчи на Galaxy Note20 или оној од 6,9 инчи на Galaxy Note20 уредот. И едниот и другиот пред вас ќе отвори широко поле за работа и масивен екран за поголема забава.

Многубројни се причините поради кои е важно да им се заблагодарите на оние што ги сакате за сѐ што ви овозможиле во годината зад нас. Направете го тоа на вистински начин, со инспиративните и одлични Samsung Galaxy уреди. И не заборавајте, на крајот на краиштата, треба да се наградите и себеси. Заслуживте!

Galaxy S20 FE

Ви нуди сѐ што посакувате и ви овозможува да правите сѐ што сакате

Телефонот речиси постојано го држите во рака и затоа тој треба да биде природен додаток на вашиот стил. Изберете некоја од нијансите од широкиот спектар модерни бои со елегантна матирана површина, од ведри и смели до суптилни и класични бои.

Galaxy Watch3

Хармонија од убавина и памет

Galaxy Watch3 е часовник со карактеристичен изглед со избор на голем број варијанти. Неговото тенко куќиште ќе одговара на кој и изглед да го одберете. Составете една од 40 можни комбинации и ќе видите многу потребни информации што ви се достапни штом пристапите кон вашата омилена апликација.

Galaxy Tab S7+

Сѐ што сакате е на таблетот сега

Започнете дизајнерска кариера бесплатно со помош на илјадниците достапни шаблони или направете свој сопствен шаблон користејќи ги сите можности на интуитивниот уредувач. Дизајнирајте го тоа што го сакате, од рекламен материјал до креирање објави на социјалните мрежи, секогаш на исто место.

Galaxy Buds Live

Звук што придвижува

Galaxy Buds Live слушалките нежно се вклопуваат во ушите и не заморуваат ниту по целодневно носење. Иако сосема цврсто се држат, благодарение на ергономскиот дизајн не ги притискаат ушите поради врвот што е достапен во две големини. Дружете се во канцеларија и со пријателите, правете што сакате, а слушалките нека останат во ушите.

Galaxy Note20

Моќен колку што е и убав

8к видео овозможува остри, неверојатно детални записи, а професионалните можности го ослободуваат вашиот креативен потенцијал, па записите може да ги уредувате директно во камерата. Снимајте супериорни акции со брзина од 120 fps или направете ги гласовите појасни со Bluetooth микрофонот.