Welcome to the
!
Please enjoy our special offers for you

Долната половина на бронзеното S Pen пенкало се појавува од црна заднина и се свртува додека истовремено се појавува Galaxy Note20 Ultra во мистично бронзена боја. И двата предмети продолжуваат да се вртат додека Galaxy Note20 Ultra не се сврти со задната страна под три-четвртински агол, а бронзеното S Pen пенкало се наклонува кон задниот дел.

Note е првиот телефон кој успеа да спои пенкало со телефон и да ти овозможи еден целосно нов свет. Како што почнуваме да живееме во нова нормалност, се јавува потреба од нови уреди. Ова не е паметен телефон како другите. Ова е компјутер кој го собира во твојот џеб. Гејминг од повисоко ниво на мобилен телефон. Комплет од професионална 8К камера и опции за уредување.

Ова е моќниот телефон кој засекогаш ќе го смени начинот на кој работиш и играш.

Ова е Galaxy Note20 | 20 Ultra
  • Официјално претставување
  • Официјална телевизиска реклама
ДИЗАЈН

Убав исто колку што е моќен

Ја претставуваме новата препознатлива боја за Galaxy: мистично бронзена. Првокласен неутрален тон со сатенска текстура, која истовремено е и безвременска и во тренд.

Екстремно крупен кадар на копчето за вклучување на Galaxy Note20 Ultra во мистично бронзена боја, кое се гледа во сенките. Сенките почнуваат да се осветлуваат како што се движи телефонот, свртувајќи се кон задната страна на телефонот додека екранот не биде покриен со мистично бронзена боја.

Крупен кадар на задната камера на Galaxy Note20 Ultra во мистично бронзена боја.
Крупен кадар на задната камера на Galaxy Note20 Ultra во мистично бела боја.
Крупен кадар на задната камера на Galaxy Note20 Ultra во мистично црна боја.
Крупен кадар на задната камера на Galaxy Note20 во мистично бронзена боја.
Крупен кадар на задната камера на Galaxy Note20 во мистично зелена боја.
Крупен кадар на задната камера на Galaxy Note20 во мистично сива боја.

ДИСПЛЕЈ

Избери го големиот или поголемиот

Двата модели се изработени со префинетост за да бидат неверојатно удобни во твојата рака. Избери го 6,7-инчниот дисплеј на Galaxy Note20 или 6,9-инчниот дисплеј на Galaxy Note20 Ultra.3 И со двата добиваш огромен простор за работа и игри.

Galaxy Note20 Ultra во мистично бронзена боја, гледано од предната страна со графичка позадина на екранот.
Galaxy Note20 Ultra 6,9”

edge Infinity-O Display, 208 g

Galaxy Note20 во мистично бронзена боја, гледано од предната страна со графичка позадина на екранот.
Galaxy Note20 6,7”

flat Infinity-O Display, 192 g

*Моделот Galaxy Note20 mmWave тежи 194 g.

  • Dynamic AMOLED 2X на Galaxy Note20 Ultra

    Најживописниот и најсветол екран кој може да го има еден паметен телефон работи со 1500 нити за да овозможи реалистични бои дури и на силна сончева светлина и не е заморен за очите.4

  • 120 Hz брзина на освежување5

    Се освежува двапати почесто за непречена работа и неверојатно брза реакција на допир.

Работа

Компјутер во твојот џеб

НАДГРАДЕНО S PEN ПЕНКАЛО

Чувство на вистинско пенкало. Колку повеќе, толку помоќно

Иновативното S Pen пенкало има неверојатно мало доцнење за да овозможи реалистично искуство, како со вистинско пенкало.6 Збогатено со разновидните опции на Bluetooth, контролата на гестови и многу повеќе, тоа е најмоќното пенкало на Galaxy досега.7

*Сликата е симулирана за илустрација.

Екстремно крупен кадар на долниот дел на бронзено S Pen пенкало, кој го покажува неговиот прецизен врв. Од врвот останува бронзена трага.

Ги претвора белешките во текст, а потоа текстот во PowerPoint со неверојатна леснотија

ПИШУВАЊЕ SAMSUNG NOTES

Од несредени чкртаници до праволиниски ракопис, само со еден допир

Со допир на S Pen пенкалото, твојот ракопис се коригира самиот ако пишуваш под агол, со што белешките ги прави читливи и организирани. Може да се претвори дури и во текст кој можеш да го копираш и залепиш. Потоа, може да ги извезеш белешките како PPT или Word документ за полесно да ги споделуваш.

Функцијата Auto straighten го исправува закривеното пишување.

СИНХРОНИЗАЦИЈА НА SAMSUNG NOTES

Автоматско зачувување на сите твои белешки на мобилниот телефон, таблетот и PC8, 9
Galaxy Note20 Ultra со апликацијата Samsung Notes на екранот и цртеж од чевел.
Започни тука...
Таблет со апликацијата Samsung Notes на екранот и истиот цртеж од чевел кој се гледа и на Galaxy Note20 Ultra.
Повлечи го тука...
Лаптоп со апликацијата Samsung Notes на екранот и истиот цртеж од чевел кој се гледа и на Galaxy Note20 Ultra и таблетот.
Заврши тука.
Galaxy Tab S7 | S7+

Ја вклучува апликацијата Samsung Notes за олеснување на синхронизацијата.

Оди во Galaxy Tab S7 and S7+

Твојот телефон и твојот PC заедно работат непречено

Wi-Fi Optimizer за нови доживувања во играњето

Wi-Fi

Брзо поврзување, со исто толку брзи перформанси за да си одговараат

Моќниот интелигентен процесор на Note20 овозможува брзо преземање и стриминг. Кога си во близина на AP, Wi-Fi 6 те поврзува брзо и безбедно, додека Wi-Fi Optimizer овозможува мало доцнење за непрекинато играње и видео-повици.

Долната половина на Galaxy Note20 Ultra, гледано под екстремен агол за да се прикаже влезот за полнач, звучникот и држач за S Pen пенкалото. Врз екранот лебдат делови од хардверот со бронзен чип на кој најгоре стои логото Wi-Fi.

Со најдобрите алатки од професионалните фотографи, камермани и уредници

Екстремно крупен кадар од тројната задна камера на Galaxy Note20 Ultra, дадена без телефонот.
  • Galaxy Note20
    • 3 пати
      Хибриден оптички зум11
    • 30 пати
      Зум со супер резолуција12
  • Galaxy Note20 Ultra
    • 5 пати
      Оптички зум
    • 50 пати
      Зум со супер резолуција12

ПРОФЕСИОНАЛЕН ВИДЕОЗАПИС

Видеозаписи кои сè уште го имаат приматот на видеозаписи со највисока резолуција досега на паметен телефон

Видео направено со 8К резолуција има чиста слика со неверојатни детали и професионални контроли со кои имаш моќ во реално време да го уредуваш видеото и да ја изразиш својата креативност. Сними супер непречена акција во 120 fps или изолирај ги гласовите со Bluetooth микрофон. Потоа, додај завршни детали со уредување директно од телефонот.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Galaxy Buds Live

Делува како Bluetooth-микрофон за професионална аудиоконтрола.

Оди во Galaxy Buds Live

Сцена на Galaxy Note20 Ultra со 120 fps од автомобили кои возат по патишта покриени со вода. Покажано е со интерфејсот на Pro Video за да се покажат разните карактеристики кои може да се приспособуваат при снимањето за да се добие попрофесионален видеозапис. Опција за аудиозапис, ISO опција, опција за брзина на бленда, опција за апертура, автоматски фокус и опција за баланс на белата боја.

SAMSUNG DEX

Гледај тука, играј таму, сè одеднаш

Го надградивме Samsung DeX со нов начин на безжично поставување нов екран кој ги зголемува можностите за работа на уште поголем екран. Може да се поврзеш на монитор или ТВ да гледаш видеа и да пристапиш до апликацијата Gallery на телефонот преку доделениот DeX UI — a сепак можеш да го користиш телефонот.13, 14

Телефон кој држи Galaxy Note20 Ultra пред телевизор, поврзан безжично преку Samsung DeX. На телевизорот има видео-плеер на кој е пуштен филм со автомобили кои возат по патишта покриени со вода. Отворена е и апликацијата Mail со наслов: FINAL video. На екранот на телефонот се гледа апликацијата Gallery, која покажува сликички од видеото кое се гледа на телевизорот, а неговиот екран е поделен со апликацијата Messages. Има текстуална порака од Бет Смит, која гласи „Ќе го пратиш ли видеото?“ И одговор: „Само што завршив. Провери си ја електронската пошта за минута.“
Крупен кадар од иконата за батерија која од 20 % се менува во 100 % со помош на Super Fast Charging 2.0.
Перформанси

Најмногу енергија досега на Galaxy Note

ИНТЕЛИГЕНТНА БАТЕРИЈА КОЈА ТРАЕ ЦЕЛ ДЕН

Целосно наполни ја батеријата наутро и слободно дочекај ја ноќта

Galaxy Note20 и Note20 Ultra доаѓаат со интелигентни батерии од 4300 mAh (типична) и 4500 mAh (типична) кои ефикасно ја користат енергијата и траат цел ден и цела ноќ.15, 16 Сега, немаш само првокласна технологија на дланка — имаш и моќ да направиш да трае.

СУПЕР БРЗО ПОЛНЕЊЕ

Полнење повеќе од 50 % за 30 минути17

И како да не е доволно целодневна батерија, Galaxy Note20 и Note20 Ultra ти овозможуваат да го вклучиш и да полниш со полначот 25W Super Fast Charger кој е вклучен во пакувањето.18 Па кога ќе почнеш да снемуваш батерија, не грижи се, не е за долго.

Еден крај од кабелот Type-C USB се појавува и се вклучува во местото за приклучување на Galaxy Note20 Ultra во мистично бронзена боја. На екранот се појавува известување за полнење.

ЛЕСНО СПОДЕЛУВАЊЕ

Моќта на близината

Напредната технологија за просторна ориентација овозможува поголема прецизност за да можеш поедноставно и побрзо да споделуваш фотографии и видеа со пријателите. Со помош на Point to Share можеш едноставно да го насочиш телефонот кон пријател за да споделиш датотеки.19

*Достапноста на UWB може да се разликува во зависност од земјата.

ДОДАТОЦИ

Многу начини за повеќе работа и игра20
Слика со MOGA XP5-X Plus Bluetooth Controller, Galaxy Note20 Ultra во мистично бронзена боја и S Pen пенкало во истата боја, Smart LED View футрола во црна боја, слушалки Galaxy Buds Live во мистично бронзена боја и Galaxy Watch3 во мистично бронзена боја.

Моќно доживување збогатено со фаворитите од Galaxy

  • One UI 2.5 дизајниран за едноставност во секојдневието

    One UI е лесен за употреба и со него можеш брзо да се движиш низ која било задача за да го намалиш оптоварувањето.

  • Samsung Knox вградена безбедност

    Samsung Knox овозоможува целосна безбедност од хардверот до софтверот за заштита на твоите податоци во реално време.

  • Биометричка автентикација отклучи со лицето или со прс

    Отклучи го телефонот со помош на опциите Face Recognition или Ultrasonic Fingerprint. Исто така, може да користиш и PIN-код, шаблон или лозинка за да ги обезбедиш податоците.

  • IP68 отпорност на вода и прашин

    Го чува телефонот од распрскување, капки и во вода на длабочина до најмногу 1,5 околу 30 минути.21

Спореди ги моделите

Горната половина на Galaxy Note20 во мистично зелена боја и на Galaxy Note20 Ultra во мистично бронзена боја, и двата гледани од задната страна. До секој од нив се наоѓа S Pen пенкало во соодветната боја, а S Pen пенкалото на Galaxy Note20 Ultra е накривено преку телефонот.
Galaxy Note20 Galaxy Note20 Ultra
Бои1
  • Мистично бронзена
  • Мистично зелена
  • Мистично сива
  • Мистично бронзена
  • Мистично црна
  • Мистично бела
Големина на екран2

6,7”

6,9”

Висока резолуција

64 MP

108 MP

Вселенски зум 3

30x

50x

Батерија4

4300mAh(типична)

4500mAh(типична)

  1. Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
  2. Измерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy Note20 е 6,7 инчи како цел правоаголник и 6,6 инчи кога се сметаат заоблените агли, додека големината на екранот на Galaxy Note20 Ultra е 6,9 инчи како цел правоаголник и 6,8 инчи кога се сметаат заоблените агли; просторот за гледање е помал поради заоблените агли и дупката за камера.
  3. Вселенскиот зум вклучува дигитален зум, што може да предизвика нарушување на квалитетот на сликата.
  4. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет на Galaxy Note20 е 4170 mAh, а на Galaxy Note20 Ultra e 4370 mAh. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.

Откријте го Galaxy Note20 Ultra во AR

ПОГЛЕДНИ СЕГА

Рака која држи Galaxy Note20 Ultra со страницата AR на екранот..