Ова е телефон за луѓето кои сакаат сѐ. Ве слушнавме вас, нашите обожаватели и создадовме телефон без компромиси. Ова е телефон создаден по мерка за сите видови на обожаватели. Значи, без разлика дали сте љубител на фотографирање, играње игри или пополнување на вашата активност со сѐ што ве инспирира, ние ја составивме врвната комбинација на иновации во S20. Ова е телефон којшто ви го дава она што ви треба за да правите повеќе од она што го сакате.

Ова е Galaxy S20 FE.

Бои

Боите би го направиле и виножитото љубоморно

Вашиот телефон речиси секогаш е во вашата рака, па затоа треба да биде беспрекорен додаток на вашиот стил. Изберете од широк спектар на модерни нијанси со елегантен мат-завршеток, од големи и смели до суптилни и класични.1

Членовите BTS, четворица седат на кауч и тројца стојат зад каучот. Сите држат различни бои на телефон Galaxy S20 FE.

Infinity-O дисплеј

Сите очи се на екранот Infinity-O

Надградете го вашиот поглед. Дисплејот Infinity-O од 6,5 инчи во Full HD+ има рамки кои одвај се забележуваат околу рамните рабови и мало дупче за камерата.2 Значи понеодолив екран што ги прави играњето, преносите во живо и видео повикувањето многу позабавни.

Galaxy S20 FE со фотографија на сурфери на екранот, прикажувајќи ја впечатливоста на екранот Infinity-O.

Одете подалеку, приближете се и добијте слика само со еден потег

Професионална камера

Камера од професионален степен со три објективи

Трите камери од задната страна ви овозможуваат да направите професионална снимка достојна да се објави без филтер (#nofilter-worthy). Првиот кадар направете го со широкоаголната камера, потоа раширете го со ултрашироката камера или зумирајте го со 3 пати оптичкиот зум на телефотокамерата.

Два телефони Galaxy S20 FE во Небесно сина, едниот гледан од задната страна, а другиот од предната страна. Телефонот гледан од задната страна ги прикажува локациите на ултрашироката камера од 12 MP, широкоаголната камера од 12 MP и телефотокамерата од 8 MP. Телефонот гледан од предната страна има портрет на жена на екранот и ја прикажува локацијата на предната камера од 32 MP.

Вселенски зум

Снимете ја сцената додека стоите во гужвата

Добијте ВИП-пристап со 30 пати вселенскиот зум, којшто ви овозможува да зумирате од едната страна на просторијата до другата. Комбинацијата на 3 пати оптички зум и 30 пати зум со супер резолуција ви овозможува да добиете крупен кадар од сцената без да се поместувате од местото.3, 4

Фотографија на луѓе кои седат во парк, без никаков зум.
Фотографија зумирана 3 пати, приближување до жена што седи сама на маса во заднината на фотографијата со 1 пат зум.
Фотографија зумирана 10 пати, уште поголемо приближување до жената што седи сама на маса. Повеќе детали стануваат јасни, како дека таа чита списание, а врз масата има еден куп со голем број на мали балони и портокалово шише.

3 патиоптички зум
До 30 патизум со супер резолуција

За ноќните птици

Две жени седат зад отворен прозорец и гледаат надвор. Една снимка со Galaxy S20 FE без ноќен режим, а другата снимка со ноќен режим. Снимката снимена со ноќен режим е јасна, детална и има повеќе боја од другата фотографија.

Ноќен режим

Нашиот најголем сензор Dual Pixel за живописно и јасни ноќни фотографии

Со поголеми пиксели и засилена вештачка интелигенција на камерата, задната камера на Galaxy S20 FE се приспособува за да привлече светло дури и кога е темно, па вашите снимки се детални и шарени.5 Исто така, снима повеќе кадри одеднаш, обработувајќи ги во една јасна ноќна фотографија.

Жена седи зад отворен прозорец, а во заднина свети лустер. Една снимка со Galaxy S20 FE без ноќен режим, а другата снимка со ноќен режим. Снимката снимена со ноќен режим е јасна, детална и има повеќе боја од другата фотографија.

Single Take

Снимете еднаш, а добијте повеќе опции. Сето тоа овозможено од вештачката интелигенција

„Едно сликање“ ве претвора во професионален креатор на содржини со еден допир на блендата. Снимајте до 15 секунди, а потоа дозволете му на телефонот да ја заврши работата. Откако ќе заврши, упатете се во Галеријата каде што ќе откриете разни видеа, фотографии и друго.6

Play

Galaxy S20 FE гледан од предната страна со интерфејсот на камерата на екранот, прикажувајќи го режимот „Едно снимање“. Се покажуваат неколку различни фотографии за да ги прикажат различните стилови што Galaxy S20 FE може да ги произведе кога користите „Едно снимање“.

Едно сликање

Наместо селфи, правете автопортрети

Вашите селфи и влогови ќе бидат за ниво погоре со предната камера од 32 MP. Бидете ѕвезда на снимката и уживајте во многуте детали на вашите фотографии и видеа.

Три вида на селфи, снимени со предната камера од 32 MP за детални снимки со висок квалитет. Две жени лежат во поле со допрени глави. Селфи на жена од низок агол. Селфи на маж и жена од низок агол, кои гледаат надолу кон телефонот.

Поврзување

LTE и Wi-Fi 6 ви овозможуваат брзо пренесување

LTE до 1,6 Gb/секунда ви дава моќни брзини за податоци, додека пак Wi-Fi 6 ве поврзува безбедно и со мала латентност, дури и во гужва.7 Значи, без разлика дали сте поврзани на LTE или Wi-Fi, може да играте во реално време со мало заостанување.

Galaxy S20 FE со сцена од игра на екранот покажувајќи ги деталите кои може да доживеете во вашите игри со LTE и Wi-Fi 6 брзините.

120Hz

Нашиот екран за најрамномерно лизгање за да се справи со сите ваши активности

Двојно побрз од екраните на многу паметни телефони, екранот Супер AMOLED се освежува со супер рамномерни 120 Hz за чисто дејство и брз одговор на допир. Без разлика дали само се лизгате надолу по времепловот или разгледувате низ вашата галерија, екранот се движи брзо со помалку треперење.

Споредба еден до друг на разликата во рамномерното лизгање помеѓу екран поставен на 60 Hz и екран поставен на 120 Hz.

4500mAh

Паметна батерија за цел ден

Целодневна интелигентна батерија за да играте со часови без престан

Живејте си го животот без да се грижите каде може да го приклучите телефонот. Батеријата од 4500 mAh (вообичаена) му ја дава потребната моќност на вашиот телефон за да трае подолго од вашиот денот и доволно е интелигентна за да ја заштеди својата енергија за тогаш кога навистина ќе ви треба.8, 9

Galaxy S20 FE со ноќна фотографија на екранот што покажува сенка на лице кое држи штица за сурфање над главата. Над него е полната месечина на небото. Половина од полната месечина е надвор од екранот за да се претстави целодневното времетраење на батеријата достапно на Galaxy S20 FE.

AP и RAM

Телефон што размислува најбрзо

Максимално искористете ги големите брзини за податоци и содржините од облак со нашиот иновативен чип во S20 и RAM од 6 GB.10 Сето ова плус подобрениот неврален процесор овозможува изведбата на повисоко ниво, па префрлањето од апликација на апликација е непречено, преносите во живо се јасни и имате повеќе моќ што ви овозможува да играте игри додека да победите.

Илустрација на чипот којшто обезбедува моќна изведба на Galaxy S20 FE.

Простор за складирање

Простор за илјадници фотографии и видеа11

Со вградени 128 GB и можност за складирање до уште 1 TB на картичката microSD, единственото ограничување на она што може да го зачувате е она што може да го создадете и преземете.

*MicroSD-картичката се продава одделно. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата и производителот.

Galaxy S20 FE гледан од предната страна со апликацијата „Галерија“ на екранот. Околу телефонот има сликички од фотографии направени со Galaxy S20 FE за да се прикаже колку фотографии и видеа може да се зачуваат во просторот за складирање од над 1 TB.

IP68

Заштита од прскање, капки дожд и прашина

Оценет IP68 за отпорност на вода и прашина, овој телефон издржува до 1,5 метри вода до 30 минути.12 Значи, може да продолжите да играте и снимате дури и ако телефонот малку се навлажни.

Galaxy S20 FE во Небесно сина боја гледан од задната страна со вода како прска наоколу за да се претстави оцената IP68.

Екосистем

Поврзете го вашиот свет со светот на Galaxy

*Galaxy Tab S7, Watch Active2, Buds Live и Fit 2 се продаваат одделно. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата или операторот.

Рамен приказ со Galaxy S20 FE во Небесно сина боја прикажан со предната страна нагоре, Galaxy S20 FE во Небесно сина боја прикажан со предната страна надолу, Galaxy Tab S7 во мистично црна боја, слушалки Galaxy Buds Live во мистично бронзена боја, Galaxy Fit 2 во црвена боја и Galaxy Watch Active2 во Розово златна.

Сè само не основно, омилени функции на Galaxy

  • Супер стабилност

    Тресењето во акционите снимки се измазнува преку напредна стабилизација со вештачка интелигенција.

  • Супер брзо полнење

    Како кратка дремка за повеќе енергија на вашиот телефон. Приклучете го телефонот за да добиете повеќе од 50% напојување за 30 минути со супер брзиот полнач од 25 W.13

  • Брзо безжично полнење 2.0

    Ставете го телефонот на супер брзо надополнување за миг.14

  • Wireless PowerShare

    Може да ги наполните вашите слушалки, па дури и телефонот на вашиот пријател.15

    *Слушалките и часовникот се продаваат одделно.

  • Samsung DeX

    Безжично поврзете го телефонот за да извршувате повеќе задачи одеднаш на сосема нов начин.16, 17

  • Брзо споделување

    Едноставно, повлечете ја таблата за споделување и допрете на вашите пријатели во близина за да споделите.18

  • One UI 2

    Кориснички интерфејс Оne е дизајниран за секојдневна едноставност. Го чува она што е од суштинско значење на Always On Display за да може да го добиете она што ви треба на прв поглед. И не ги оптоварува очите со темниот режим.

    Оди на корисничкиот интерфејс One 2

Why Galaxy

Навикнете се на извонредното

Време е да престанете да бирате помеѓу тоа што го сакате и тоа што ви треба. Ние ги правиме нашите уреди на таков начин што, кога еднаш ќе се соживеете со нив, ќе се прашувате како досега сте живееле без нив.

Истражувајте повеќе

На мало ритче се гледаат точки од црвени осветлени турбини на ветер во преден план, со огромно ѕвездено ноќно небо во заднината.