Како се издвојува слика од кадар во видео

Можете брзо и лесно да издвоите една слика од некој кадар во видеото со помош на својот Galaxy уред, така што никогаш нема да пропуштите ниеден миг.

Приказ на Galaxy уреди со видеа и икони за уредување.

За да извадите слика од некое видео на Galaxy уред, следете ги овие чекори:

Приказ од иконата Галерија на почетниот екран. Приказ од иконата Галерија на почетниот екран.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Галерија.

Приказ на галеријата со избрано видео. Приказ на галеријата со избрано видео.

Чекор 2. Допрете за да изберете видео.

Приказ од видео каде што се гледа кадарот. Приказ од видео каде што се гледа кадарот.

Чекор 3. Лизгајте низ кадрите во видеото за да ја најдете сликата што сакате да ја издвоите.

Приказ од видео, каде што е истакната иконата за издвојување кадар. Приказ од видео, каде што е истакната иконата за издвојување кадар.

Чекор 4. Откако ќе изберете кадар, допрете на иконата за издвојување. Автоматски ќе се зачува во Галерија.

Приказ од видео каде што е истакнат избраниот кадар. Приказ од видео каде што е истакнат избраниот кадар.

Чекор 5. Во долниот лев дел од екранот ќе се појави опција за да го видите избраниот кадар. Допрете за да ја видите сликата.

Како да ги видите сите издвоени кадри?

За да ги видите сите издвоени кадри, одете во Галерија и следете ги овие чекори.

Прикажана е галеријата, каде што е истакнат делот Албуми. Прикажана е галеријата, каде што е истакнат делот Албуми.

Чекор 1. Допрете на „Албуми“.

Прикажани се албумите, каде што е истакнат делот Види ги сите. Прикажани се албумите, каде што е истакнат делот Види ги сите.

Чекор 2. Допрете на „Види ги сите“.

Прикажани се сите албуми, вклучувајќи ги и издвоените кадри од видеата Прикажани се сите албуми, вклучувајќи ги и издвоените кадри од видеата

Чекор 3. Ќе се прикажат сите албуми, а издвоените кадри ќе бидат во папката „Издвоени кадри од видео“.

Не го најдовте тоа што ви треба?

Благодариме за повратните информации