Совети

Важни совети и трикови за твојата домашна канцеларија

За ефективно да работиш од дома, многу е важно да најдеш начин да ја одржуваш концентрацијата на долги временски периоди.

1

Совет за работење од дома: дизајн на работен простор

Потребно е добро да се размисли пред да се креира соодветен работен простор. Не треба да биде премногу ограничувачки и треба да се погрижиш да има доволно дневна светлина на која ќе можеш да работиш. Најдобро е да го поставиш екранот под агол од 90° во однос на прозорот за да избегнеш одбивање на светлината и истовремено да си ги заштитиш очите. Моделите на монитори како што е Space Монитор се совршени за мали простори.

Благодарение на приспособливиот зглоб, мониторот може да го поставиш на висината која ти одговара. Ако си навикнат да работиш со два документа прикажани на два монитора, тогаш заоблениот екран со размер 32:9 би бил идеален за тебе. Овој аспект ти овозможува да имаш целосен преглед на двата документа одеднаш.

Многу е важно да имаш добар работен стол со прилагодлива височина со цел да одржуваш правилна положба на телото и да избегнеш болки во вратот и грбот.

Ако имаш висок шкаф во твојот дом, ставај го лаптопот на него одвреме - навреме и пробај да работиш стоејќи.

Украси го работниот простор со работи кои те мотивираат и кои ти влијаат позитивно. Тоа може да бидат фотографии од твоите деца, девојката/момчето или мачката/кучето.

Важно е по завршувањето на секој работен ден да го средиш работниот простор, за наредното утро да ти започне чисто и уредно.

Galaxy Buds+
Уживај во модерен, безжичен AKG звук!
2

Совет за работење од дома: сведи ги на минимум работите кои ти го одвлекуваат вниманието

Кога се работи од дома, многу лесно се наоѓа нешто што го одвлекува вниманието. Многу е важно таквите работи да ги намалиш колку што е можно повеќе. Ова значи дека мора да отстраниш сè што не припаѓа на работното биро.

А, за да не ти смета вревата од надвор додека работиш, најдобро е да си ја пуштиш омилената листа на песни. Не е важно дали повеќе сакаш да слушаш техно или светски музички плејлисти, најважно е музиката да ти помогне да останеш сконцентриран. Не ти требаат преголеми слушалки за да постигнеш оптимална концентрација. Galaxy Buds+ и Galaxy Buds слушалките создаваат јасен и моќен звук. А, и не заземаат голем дел од твојот работен простор. Благодарение на интегрираниот микрофон во малите слушалки сега не мора да го држиш телефонот за да разговараш и можеш да ги фаќаш сите важни белешки.

Galaxy Watch Active2
Партнер за здравје кој е дел од твојот животен стил и кој ти помага да ги исполниш своите цели.
3

Совет за работење од дома: работното време нека ти биде фиксно

Работењето од дома е предизвик. Некогаш имаш премногу работи кои треба да ги завршиш одеднаш, а некогаш имаш толку добар работен ритам што се забораваш и времето летнува. Многу е лесно да заборавиш на она што е важно. Времето поминато со семејството, времето за себе и времето за раздвижување е клучно за твоето психичко здравје. Така што, погрижи се постојано да правиш паузи. Одвој време за себе и точно определено време кога ќе бидеш со твоето семејство и саканите (вклучително и милениците).

Паметните часовници како што е Galaxy Watch Active или Galaxy Watch Active2 ти помагаат редовно да се движиш потсетувајќи те кога е време да се истегнеш или да вежбаш по долги периоди на неактивност.

Направи повеќе со Bixby
Со Bixby може да се фокусираш на она што е навистина важно.
4

Совет за работење од дома: соблечи ги пижамите

Испланирај го денот. Создади рутина и обиди се да ги следиш истите ритуали кои би ги правел и доколку одиш во канцеларија. Секако, многу е важно да имаш добар појадок. Но, исто така, треба да се подготвуваш исто како и кога одиш во канцеларија. Па, соблечи ги пижамите и облечи барем удобни фармерки.

Ако работиш со помош на стикери или списоци со обврски, има многу дигитални помошници кои ти помагаат да имаш јасен преглед на задачите. Апликацијата Bixby е една од нив.

5

Совет за работење од дома: редовно прави пауза

Не секој е навикнат да работи од дома. За многумина, недостатокот од друштвена комуникација со пријателите и колегите може да биде застрашувачки. Редовната комуникација е клучна, не само за да се погрижиш сите проекти да бидат навреме завршени, туку и за да одржуваш нормални контакти. Така што, погрижи се да имаш време и за ова. Разменувај идеи, споделувај искуства од работењето дома или пак направи виртуелна кафе пауза. Колегите ќе ти бидат благодарни, а ќе биде добро и за тебе.

Прочитај ги овие приказни следно