Life Hacks

5 едноставни
совети за заштеда на време

Работете попаметно, а не понапорно, за слободното време што го заслужувате.

Слика со двојна експозиција на маж кој седи на биро со својот лаптоп, во позадината има полица со книги Слика со двојна експозиција на маж кој седи на биро со својот лаптоп, во позадината има полица со книги

Со само 24 часа во денот и список со обврски што постојано расте, ефикасното управување со времето може да биде она што ќе ве спаси. Но, како да стигнете да направите сѐ, без да го изгубите паметот? Еве неколку едноставни совети за тоа како да работите паметно и да уживате во малку време за себе.

Жена седи на кауч во соба полна со растенија, таа е на телефонот Жена седи на кауч во соба полна со растенија, таа е на телефонот
1

Хакирајте ги малите нешта

Секогаш барајте начин како да ги поедноставите своите задачи. Од зачувување на страниците кои редовно ги посетувате до поставување правила во вашето поштенско сандаче до овозможувањето AI да ги активира вашите омилени апликации веднаш на вашиот Galaxy S20, можете да ги спречите нештата кои ви го крадат времето ако одиграте паметно.

Жена држи S Pen до усните додека гледа во нејзиниот телефон Galaxy Note10 Жена држи S Pen до усните додека гледа во нејзиниот телефон Galaxy Note10
СОВЕТ
Прво запишете сѐ што треба да направите, а потоа заокружете ги најитните задачи и започнете оттаму.
2

Одредете приоритетни обврски во списокот со задачи

Ако чувствувате дека вашиот список со задачи е бескраен, мала стратегија може да има долготрајно влијание. Дали некои од задачите се синхронизираат едни со други? Дали може некои да се извршат во исто време? Што мора да се направи денес, а што може да се остави за утре? Давањето приоритет на вашите задачи ќе ви помогне поефикасно да ги завршите. Забележете потсетници за себе со S Pen на Galaxy Note10. Опцијата за извезување текст моментално го претвора вашиот ракопис во текст - што значи повеќе минути во вашиот ден.

Жена седи на биро и пишува нешто, предниот дел од сликата е замаглен Жена седи на биро и пишува нешто, предниот дел од сликата е замаглен
3

Поставете тајмери за полесно следење

Некои задачи немаат конечен крај, па затоа за поапстрактните обврски, како што е „средување на дневната соба“, обидете се да поставите тајмер користејќи го вашиот Galaxy S20. Треба да учите за квизот или презентацијата? Поставете тајмер за онолку време колку што сакате да ѝ посветите на таа задача. Откако времето ќе истече, одете на следната задача. Ова е истовремено и одличен ментален трик што ќе ви помогне да бидете чесни и вредни.

Жена гледа во огледало, нанесува нешто на лицето Жена гледа во огледало, нанесува нешто на лицето
4

Почитувајте го времето за себе

Треба да одвоиш малку време и за најважното, за себе. Закажување на времето за себе (и придржувањето до него) е неопходен чекор кај грижа за себе и помага да ги избегнеш можните оптоварувања. Започни со едноставно блокирање време во твојот календар за мали лични работи, како на пример, масажа на лицето дома или започнување со читање на книгата која ја одложуваш. Посвети си го себеси истото внимание што го применуваш на работата, обврските и на семејството.

Клекната жена наводнува растение Клекната жена наводнува растение
5

Држи се до рутината за да си го зачуваш разумот

Рутините му даваат повеќе значење и урамнотеженост на животот. Без разлика колку си креативен, твојот мозок има потреба од некаква структура. Затоа, верувај во процесот и придржувај се на методите што ќе ти помогнат да ја завршиш работата и истовремено да заштедиш малку време за себе.

Справи се со сите твои задачи

Земи ги алатките кои ти требаат за да работиш попаметно, а не понапорно, и чувствувај се добро кога ќе ги пречкрташ завршените задачи.

Прочитај ги и овие приказни