Совети

Домот е онаму каде што се триковите за полесен живот

Најдобри трикови за домот.

Жена на кауч со мало куче Жена на кауч со мало куче

Понекогаш животот може да биде мистериозен, секој ден откривајќи нови, поефикасни начини на извршување дури и на наједноставните задачи. Тие станаа толкав тренд што дури и создадовме нова фраза за нив: животни трикови.
Триковите се за подобрување на продуктивноста и ефикасноста во сѐ што правиш. А најдоброто нешто во врска со Galaxy Note10 е тоа што е дизајниран конкретно за да ги подобри тие области во твојот живот, и дома и на работното место.
Сметај го за сопствен личен асистент за животни трикови.
Па, подолу наведовме само неколку од триковите за заштеда на време кои можеш да ги изведеш со Note10 за брзо да навлезеш во светот на триковите .

Маж на велосипед фотографира со Note 10 Маж на велосипед фотографира со Note 10

Користи го пенкалото S Pen на Note10 како далечински управувач за блендата на камерата

Сега веќе не мора да изведуваш акробации за да направиш совршена „селфи“ фотографија, само треба да го кликнеш пенкалото S Pen. Бидејќи пенкалото е поврзано преку Bluetooth со твојот уред, може да функционира како далечински управувач за камерата на оддалеченост до 10 m.
Еве како:

1. Постави го телефонот на одредено растојание.

2. Намести се во кадар.

3. За да снимиш фотографија, притисни го копчето на пенкалото S Pen еднаш.

4. За да преминеш од предната на задната камера или обратно, притисни го копчето на пенкалото S Pen двапати.

Стани егзибиционист со телевизорот Frame Стани егзибиционист со телевизорот Frame

Стани егзибиционист со телевизорот Frame

Со телевизорот Frame и апликацијата Art Store, сега екранот на телевизорот се претвора во уметничка изложба, прикажувајќи ги најдобрите уметнички дела и фотографии од светот, од класични до современи.
Колекциите се избрани од професионалци од „V&A“ и „Tate Modern“, така што твојата дневна просторија сега ќе стане ремек-дело.

Note10  поставен до десктоп екран Note10  поставен до десктоп екран

Претвори го Note10 во домашна канцеларија

Да, Note10 исто така може да служи и како домашен компјутер. Кога лаптопот од работа ќе престане да работи за време на некој состанок или додека се движиш некаде, едноставно поврзи го телефонот со монитор користејќи го HDMI адаптерот на Samsung за да дојдеш до карактеристиката DeX и магично создај десктоп за да можеш директно да разговараш и да бидеш главен/а.

Имај подобар сон со 90-минутното правило Имај подобар сон со 90-минутното правило

Имај подобар сон со 90-минутното правило

Кога спиеш, твојот мозок минува низ различни фази од кои секоја трае 90 минути, а мозокот е најосвежен по крајот на 90-минутниот циклус.
Па, почнувајќи од моментот кога сакаш да се разбудиш, број наназад во 90-минутни интервали за да откриеш кога би требало да заспиеш. На пример, ако сакаш да се разбудиш во 8 часот наутро, обиди се да заспиеш во 22:30 или 23:00 часот.

Олесни си го животот со помош на овие алатки за заштеда на времето

Прочитај ги следно овие приказни