Совети

5 Карактеристики за пристапност за кои не
сте знаеле дека ви се на дофат

Дури и ако не се справувате активно со попреченост, овие одлични 4 функции¹ на One UI може да ви помогнат да го збогатите телефонот

Во 21 век, технологијата ни помага да се зближиме. Затоа функциите за пристапност се толку важни. Тие се алатка број еден што ја имаме за да се увериме дека нашите телефони може да ги користи секој, без разлика на нивната трајна, привремена или ситуациска попреченост.

Пристапноста не е само одлична затоа што тоа е вистинската работа што треба да се направи. Поставувањата за пристапност се, исто така, таму каде што ќе најдете некои од најиновативните карактеристики на вашиот мобилен телефон Galaxy. Овие опции не само што ќе ви помогнат да го збогатите телефонот ако се справувате со попреченост, туку и ќе ги направат уредите како вашот Galaxy S21 Ultra 5G помоќни и позабавни за користење без разлика кој сте.

Подобрувања на видливоста

Видливоста е спектар. Она што е читливо за еден човек честопати е нечитливо за друг. Покрај тоа, нашата способност да гледаме што има на екранот на нашиот мобилен телефон може да се менува во текот на денот. Но, без разлика какви се вашите способности, поставувањата за подобрување на видливоста на One UIви помагаат. Ако ви е тешко да читате на вашиот телефон, можете да вклучите фонтови, тастатури и теми со висок контраст. Слично на тоа, ако имате потешкотии да гледате во телефонот во мрак, можете дополнително да го затемните екранот. И ако доживеете делумно слепило за бои, можете дури и да ги приспособите боите на вашиот екран или целосно да ги превртите, во зависност од вашата желба.

Прилагодете ги вашите копчиња

Со One UI, менувањето на вашите функции за пристапност за момент е полесно од кога било. Вклучете го копчето за пристапност и можете да изберете помеѓу ново лебдечко копче или фиксно копче за навигација што ќе ви овозможи да ги активирате функциите за пристапност без разлика која апликација ја користите. Со брзо допирање, може да ги вклучите функциите за пристапност како што е TalkBack (која гласно чита што е на вашиот екран) или Зголемување (што го зголемува она што е на вашиот екран за полесно гледање). Претпочитате вашите копчиња да се тврди и да кликнуваат? Можете да користите и Напредни поставувања за да ги програмирате вашите мобилни телефони Galaxy да ги активираат функциите за пристапност со држење на копчињата за јачина на звук.

Транскрипција во живо

Дури и ако само се обидуваме да слушнеме пријател во гласен ресторан, сите ние би можеле да користиме објаснувања одвреме-навреме. Затоа Транскрипција во живо е толку неверојатна. Само вклучете ја во Засилувања на слушањето во поставувањата за пристапност на вашиот мобилен телефон Galaxy и звуците околу вас ќе бидат опишани на екранот како видео, дури и ќе ви зујат кога ќе се спомне вашето име. Спојте ја таа функционалност со Galaxy Z Flip3 5G кој е позициониран така што само вие можете да го видите и никогаш нема да бидете изненадени додека сте ментално исклучени за време на тимски состанок.

Звучни известувања

Дали некогаш со нетрпение сте чекале пакет, и сте го пропуштиле звукот на доставувачот кој ѕвони на вратата? Или, пак, сте изнемоштен родител на новороденче, загрижени случајно да не го преспиете звукот на плачот на вашето бебе? Проверете ги Звучните известувањата во поставувањето за пристапност на Засилувања на слушањето на One UIили вклучете ги Звучните известувањата во апликацијата Транскрипција во живо и вашиот Galaxy може да ве предупреди со трепкачко светло или вибрации ако слушне нешто што не сакате да го пропуштите, без разлика дали тоа е звучен сигнал од вашата микробранова печка или пожар со три аларми. Тоа е очигледно корисна функционалност ако доживеете губење на слухот, но дури и ако немате губење на слухот, Звучни известувања ви нуди сигурност дека нема случајно да пропуштите нешто важно во светот преполн со звуци.

Види со Bixby Vision²

Дали некогаш сте сакале да го видите светот онака како што го гледа компјутерот? Вклучете го Bixby Vision и моќниот виртуелен асистент и вештачката интелигенција на Galaxy ќе ја користат вашата камера како свои очи. Ако не сте со попреченост, може да прави работи како на пример, да ви дава белешки за дегустација на шише вино што го пиете.³ (Кога последен пат вештачката интелигенција била ваш сомелиер?) И ако сте со оштетен вид, Bixby Vision ќе го раскаже светот околу вас опишувајќи зајдисонце, идентификувајќи дали држите лимон или лимета, кажувајќи ви ја бојата на фустанот што го носите, па дури и читајќи ви знак.

Подготвени да го издигнете вашиот Galaxy на повисоко ниво?

Еве некои други одлични функции за пристапност што ќе ги најдете во One UI.

  • ¹Распоредот за ажурирање на One UI 4 може да се разликува во зависност од уредот, земјата или операторот. Најдете го распоредот за надградувања на One UI од Известувања на апликацијата Samsung Members. Апликацијата Samsung Members е достапна на Galaxy Store. Потребно е најавување на Samsung Account и мрежна податочна врска (Wi-Fi или податочна мрежа).
  • ²Моментално достапно со Galaxy S21/S21+/S21 Ultra/S20 FE/Note20/Note20 Ultra/Note10/Note10+/Note10 Lite/Note9/S9/S9+/Note8/Z Fold3/Z Fold2/Fold/Z Flip 3/Z Flip/S20/S20+/S20 Ultra/S10/S10+/S10e/S10 Lite/S8/S8+/S8 Active/S8 Lite/Note FE/A71/A42/A41/A31/M51/M31S/M31/M21S/M21/F41/Tab S6 Lite/Tab Active 3/Tab A 2018/A90/A80/A71/A70s/A70/A60/A51/A50s/A50/A9 Star/A8s/A8 2018/A8+ 2018/A7 2018/A6/A6+/C8/J7+/J7 Top/Tab S7/Tab S7+/Tab S6/Tab Active Pro/Tab S5e/Tab S4/Tab A2/XCover Pro. Потребно е најавување на Samsung Account и мрежна податочна врска (Wi-Fi или податочна мрежа).
  • ³Потребно е најавување на Samsung Account и податочна мрежна врска (Wi-Fi или податочна мрежа).
  • ⁴Од ноември 2021 година, достапно само на англиски, француски, италијански, германски и шпански јазик.

Следно, прочитајте ги овие приказни