Galaxy store
Содржина и поволности
за твојот Galaxy
Направи го Galaxy свој. Сѐ што ти треба е тука.
Истражи ги разните игри, апликации, теми и специјални поволности од Galaxy Store.
Збогати го своето искуство со Galaxy
Игри
Подигни ја играта на следно ниво
Откриј сосема нова димензија на твоите омилени игри. Уживај во ексклузивни Galaxy понуди, промоции и попусти што ќе го одведат твоето искуство на следното ниво. Твојата гејминг авантура започнува тука.
Твоите омилени игри те чекаат
Апликации
Истражи, инсталирај и разубави си го секојдневието
Galaxy Store нуди внимателно избрани апликации за забава, видео и музика, продуктивност, здравје и многу повеќе. Откриј рачно избрани апликации за да се инспирираш, охрабриш и да си го оптимизираш животот.
Главни елементи
Одржувај ги оригиналните Galaxy апликации во најдобра состојба
Уживај во бескрајните можности. Од Samsung Wallet до Samsung Health, SmartThings, Bixby, Samsung Internet, Gaming Hub и повеќе. Осигури се дека никогаш нема да ги пропуштиш најновите функции и подобрувања на Samsung Galaxy апликациите и услугите.
Теми
Приспособи го Galaxy на твојот стил и вкус
Приспособи го секој детаљ на твојот телефон со теми, заднини и фонтови што одговараат на твојот стил и чувства. Пронајди теми на Galaxy Store што ќе ти го разубавуваат екранот секој ден.
Истакнати теми
Придобивки
Уживај во ексклузивни понуди и добиј повеќе
Откриј промоции само за корисници на Galaxy. Од гејминг до апликации што се користат секој ден, со ваучери, попусти и повеќе.
Твојот Galaxy оживува
Лесно подобри го твојот Galaxy со врвни игри, апликации и многу повеќе.
Galaxy Store е патот до комплетно искуство со Galaxy.
Откриј богата збирка на игри и апликации со ексклузивни поволности на Galaxy Store.
Често поставувани прашања
-
Каков вид содржини може да се најдат во Galaxy Store?Во Galaxy Store може да се најдат апликации, игри, теми, фонтови, налепници.
-
Како да искористам купон за предмети во играта?Купоните од Galaxy Store може да се применат само за игри што се преземени од Galaxy Store. Откако ќе допреш на дигиталниот предмет, се појавува скок-прозорец со Samsung Checkout. Притисни на „Искористи попуст“ и ќе се прикажат применливите купони.
-
Каде да ги најдам моите купони?Може да ги најдеш купоните во Galaxy Store на твојот Samsung уред. Во горниот лев дел на Galaxy Store, притисни ја кутијата за подароци → Настани → Купони. Или притисни на Мени → Купони и промотивни кредити.
-
Како да ја додадам кредитната картична или друг начин на плаќање?За да додадеш начин на плаќање, отвори ја Galaxy Store на твојот Samsung уред. Во долниот десен дел на Galaxy Store, притисни на Мени → Начини на плаќање.
-
Дали може да добијам поврат на средства за предмет што е купен во играта преземена од Galaxy Store? Не го добив предметот.Купените предмети во играта обично не подлежат на поврат на средства. Ако предметот не ти е доделен во апликацијата/играта, стапи во контакт со издавачот на апликацијата/играта.
-
Се обидувам да купам апликација во Galaxy Store, но ми се прикажува грешка B7002/P. Што значи тоа?Грешката B7002/P е систем за детекција на измами (FDS) што ја блокира трансакцијата поради тоа што е сомнителна. Пријави ја грешката кај тимот за корисничка поддршка за да се прегледа твојата сметка. Во долниот десен дел на Galaxy Store притисни на Мени → Поставки (икона во форма на запченик во горниот десен дел) → Контактирајте нѐ.
-
Како да контактирам со корисничката поддршка?Од телефонот/таблетот, отвори ја Galaxy Store. Во долниот десен дел притисни на Мени → Поставки (икона во форма на запченик во горниот десен дел) → Контактирајте нѐ.
-
Како да се најавам на мојата Samsung Account на Galaxy Store преку мојот Samsung уред?Ако си нов корисник на Galaxy Store, ќе се појави упатство за најава на твојата Samsung Account кога ќе ја отвориш Galaxy Store на мобилниот уред. За да се најавиш или да се регистрираш, може да одиш и во поставките на уредот и да притиснеш на Samsung Account.
- Сите услуги, функции, функционалности, содржини, кориснички интерфејси и придобивки опишани овде може да се променат без претходна најава, а нивната достапност може да варира во зависност од земја/регион, модел на уред и верзија на ОС. Платените услуги се достапни по купувањето.
- Сликите на уредот и екранот симулирани за илустративни цели