Samsung Cloud

Безбедно место за твоите податоци

Твоите уреди се полни со спомени што не сакаш да ги изгубиш. Чувај ги в=твоите фотографии од одмор, снимки од концерти, сите важни работни датотеки и друго на безбедно место. Samsung Cloud безбедно ги складира твоите податоци и ти овозможува пристап до нив кога и каде и да ти се потребни.

Лесен начин да се вратиш на твојот пат

Чувај ги работите токму онака како што сакаш. Дури и ако го надградиш или ресетираш телефонот, можеш веднаш да се вратитиш во удобноста на твојот дом. Samsung Cloud ги чува твоите поставки, распореди и апликации онака како што си ги запомнил и беспрекорно ги враќа твоите податоци на сите Samsung уреди.1

Лесен пристап до податоци. Безпрекорен работен тек

Можеш да ги прегледаш Samsung Notes на кои си работел или табовите од прелистувачот што си ги отворил на кој било уред. Со синхронизацијата на Samsung Cloud, можеш да пристапуваш до твоите датотеки и континуирано да работиш од кој било уред, беспрекорно. Добиј моментален пристап до твоите податоци секогаш кога ти се потребни.1 Прикажани се три уреди: Galaxy Book, Galaxy паметен телефон и Galaxy Tab. Сите три уреди ја прикажуваат истата белешка во Samsung Notes, истакнувајќи го синхронизирањето на Samsung Cloud.

Сеопфатен пренос на податоци

Кога купуваш, ресетираш или поправаш твојот паметен телефон, чувај ги твоите податоци безбедни 30 дена без ограничувања за складирање. Можеш лесно да ги префрлиш твоите работи кога се префрлаш на друг уред, дури и ако не ги имаш двата уреди со тебе. Од фотографии, видеа и белешки до контакти, настани во календарот и поставки на уредот, плус дури и приватни датотеки во твојата безбедна папка, можеш да ги преместиш сите податоци со привремена резервна копија во облакот.1

Уживај во душевниот мир со робусна безбедност на податоците

Со технологијата за енкрипција од крај до крај, твоите податоци се енкриптирани и складирани во Samsung Cloud, што ги прави недостапни за никого освен за тебе. Samsung Cloud ти овозможува силно да ги заштитите сите твои важни податоци.

Често поставувани прашања

  • Што е Samsung Cloud?

    Samsung Cloud е услуга што помага безбедно да ги складираш твоите податоци од Samsung Galaxy во облакот, овозможувајќи ти пристап и синхронизација на истите информации на сите твои поддржани Galaxy уреди. Дури и ако го изгубиш телефонот или го ресетираш уредот, твоите правилно складирани податоци можат да останат безбедни во облакот и лесно може да се вратат на нов.
  • Можеш да пристапиш до Samsung Cloud на твојот Samsung Galaxy уред на следниов начин:

    • • Оди во Поставки > Samsung сметка > Samsung Cloud
    • • Вклучи синхронизација или резервна копија по потреба во апликацијата Samsung Cloud.

    * Патеката може да варира во зависност од уредот или верзијата на апликацијата.

  • Од следните ставки генерално може да се направи резервна копија и да се обноват од Samsung Cloud:

    (Можете исто така да го видите менито „Резервна копија/Врати“ на вашиот уред за да ги проверите овие ставки.)

    • • Телефон: Историја на повици и пораки
    • • Пораки: Подобрени пораки, мултимедијални пораки и текстуални пораки (Можеби нема да се направи резервна копија од некои големи пораки.)
    • • Контакти (зачувани на телефонот): Информации за контакт како што се листи со контакти, е-адреси и визитки
    • • Календар (зачуван на телефонот): Настани и задачи
    • • Часовник: Аларми, светски часовници и тајмери
    • • Поставки: Поставки за пристапност, мелодии за ѕвонење (со исклучок на стандардните мелодии за ѕвонење), опции за тастатура Samsung, поставки за Wi-Fi, регистрирани Bluetooth уреди, поставки за препознавање лице, поставки за отпечатоци од прсти и поставки за „Секогаш на екранот“
    • • Почетен екран: Распоред на апликации и виџети, позадини и поставки за Samsung DeX (со исклучок на стандардните позадини)
    • • Апликации: Датотеки за инсталација на апликации и поставки за апликации
    • • Снимач на глас: Гласовни снимки

    * Достапноста на Samsung Cloud може да варира во зависност од земјата и мрежниот оператор. Функциите за резервна копија и враќање може да варираат во зависност од земјата и моделот на уредот. Проверете ја апликацијата Samsung Cloud за точните ставки поддржани на вашиот уред.

  • Следните податоци генерално може да се синхронизираат за апликациите подолу:

    • • Календар (зачуван во сметката на Samsung): Настани и задачи
    • • Контакти (зачувани во сметката на Samsung): Листи со контакти, е-адреси, поштенски адреси и визитки
    • • Bluetooth: Galaxy Home звучник и Galaxy Buds
    • • Потсетник: Потсетници
    • • Samsung Browser: Историја, обележувачи, зачувани страници, отворени јазичиња и кратенки за брзо стартување
    • • Samsung Notes: Белешки и други податоци
    • • Samsung Health: Здравствени податоци како што се записи за вежбање, податоци за спиење и записи за состав на телото
    • • Samsung Pass: Информации за најавување
    • • Wi-Fi: Зачувани Wi-Fi профили
    • • Galaxy Avatar: Аватари и прилагодено дизајнирани ставки

    * Достапноста на функциите за синхронизација на Samsung Cloud може да варира во зависност од земјата, мрежниот оператор и моделот на уредот. Проверете ги поставките на Samsung Cloud за точните ставки поддржани на вашиот уред.

  • Привремената резервна копија во облак е услуга што ти овозможува безбедно складирање на твоите податоци, како што се фотографии, видеа и датотеки, без ограничување на складирање до 30 дена.

    Привремената резервна копија во облак и традиционалната резервна копија во облакот поддржуваат различни ставки за резервна копија и не се мешаат едни со други.

    Привремената резервна копија во облакот ги поддржува следниве ставки покрај постојните ставки за резервна копија поддржани од Samsung Cloud:

    • • Апликации (Samsung апликации + апликации од трети страни)
    • • Фотографии
    • • Видеа
    • • Аудио
    • • Документи и датотеки

    * Привремената резервна копија е достапна само за податоци складирани на уредот. Не може да се прави резервна копија на податоци складирани на надворешен складишен простор, како што се SD картичка, USB итн.

    * Достапноста на Samsung Cloud и поддржаните ставки може да варира во зависност од земјата, мрежниот оператор и моделот на уредот.

    * Функцијата за привремена резервна копија во облакот е достапна само на уреди со T OS или понова верзија.

  • Подобрената заштита на податоци е функција која има за цел да обезбеди посилна, побезбедна заштита за твоите податоци од Samsung Cloud.

    Оваа функција користи енкрипција од крај до крај за да ги заштити твоите податоци и безбедно да ги складира во Samsung Cloud. Ова значи дека твоите енкриптирани податоци се дизајнирани да бидат достапни само на уреди кои поддржуваат Подобрена заштита на податоци.

    За да овозможиш Подобрена заштита на податоци, следи ги чекорите подолу на твојот уред:

    • • Оди во Поставки > Сметка на Samsung > Samsung Cloud > Повеќе > Поставки > Подобрена заштита на податоци
    • • Оди во Поставки > Безбедност и приватност > Повеќе безбедносни поставки > Подобрена заштита на податоци

    * Подобрената заштита на податоци е достапна само на уреди со One UI 5.1.1 или понова верзија, Q OS или понова верзија кои поддржуваат резервна копија и синхронизација на Samsung Cloud. Можете да ја проверите листата на доверливи уреди во деталните поставки за Шифрирај резервни податоци или Шифрирај синхронизирани податоци. Поддршката ќе продолжи да се проширува на повеќе уреди и функции со текот на времето.

    * Патеката и достапноста може да варираат во зависност од моделот на уредот, оперативниот систем или земјата.

Дали имате повеќе прашања за Samsung Cloud?

  • Слики од уредот и екранот се симулирани за илустративни цели.
  1. Достапноста на оваа функција може да варира во зависност од земјата/регионот, мрежниот оператор, верзијата на оперативниот систем и моделот на уредот.