Samsung Notes

Подигнете ги белешките на ново ниво со Samsung Notes.


Фаќајте белешки за сè со Samsung Notes. Пишувајте, цртајте и обележувајте во мноштво стилови и бои со S Pen. Додавајте фотографии и гласовни потсетници и зачувувајте ги вашите белешки со ознаки што може да се пребаруваат. А секогаш кога ќе ви дојде инспирација, едноставно извадете го S Pen за брзо да ги запишете белешките на заклучениот екран.

* Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од регионот, операторот, моделот на уредот и верзијата на оперативниот систем.

Подгответе се за моментот кога ќе ви дојде инспирацијата

Фаќајте белешки брзо - во секое време, на секое место. Нема потреба да го вклучувате екранот или да ја паузирате видеосодржината - едноставно извадете го S Pen за да започнете. Тоа е толку лесно.

Едноставно почнете да пишувате


Потсетникот за исклучен екран е спремен кога ќе бидете спремни и вие. Едноставно земете го S Pen и почнете да пишувате - дури и кога екранот е исклучен. Набрзина составете список за купување од супермаркетот или запишете идеа за вашиот следен одличен роман. Кога ќе завршите, можете да ги зачувате во Samsung Notes, или да ги закачите на Always On Display.

Гледајте, фаќајте белешки и учете


Гледајте видео или предавање на интернет и фаќајте белешки во исто време - сè на еден практичен екран. Едноставно притиснете го копчето S Pen и допрете на екранот двапати за да му пристапите на скокачкиот прозорец за нотесот. Прилагодете ја големината и проѕирноста како што сакате, и донесете ја предавалната во вашиот дом.

Коригирајте PDF документи со леснотија


Бележете документи за работа или учење во движење. Увезувајте документи PDF - големи и мали - и пишувајте директно на нив со S Pen. Додавајте свои белешки и дијаграми, означувајте, прецртувајте и подвлекувајте - слободно правете што сакате. А кога ќе завршите, едноставно зачувајте и споделете.

Синхронизирајте ги вашите белешки и аудиозаписи

Никогаш повторно не пребарувајте низ видеозапис за да најдете одреден момент. Кога фаќате белешки додека снимате аудио. Вашите белешки ќе имаат временски печат за да одговараат на видеозаписот. Аудиобележникот е совршена алатка за оние важни состаноци, интервјуа или предавања.

Од ракопис до текст и повеќе од тоа


Прво пишувајте, а подоцна уредувајте со S Pen. Фаќајте белешки во движење, а потоа средете ги работите со едноставен допир. Означете ги важните работи со промена на бојата и дебелината на текстот. Или брзо трансформирајте ги најнеуредните замисли на S Pen во читлив дигитален текст.

Синхронизирајте ги вашите белешки на сите ваши уреди


Сега можете беспрекорно да ги синхронизирате вашите белешки преку Samsung Cloud, за да можете да продолжите токму таму кадешто сте застанале - на вашиот телефон, таблет или компјутер. Уживајте во пристапот до сите ваши белешки, каде било и секаде.

* Секој уред треба да биде регистриран со една Samsung Account.

Ослободете ја вашата креативност со S Pen

Без разлика дали фаќате белешка или создавате уметничко дело, S Pen е вашата супер алатка сè во едно. А со неговата ниска латентност и високата чувствителност на притисок, ќе добиете порамномерно искуство во пишувањето и цртањето со подобра реакција. Фаќањето белешки никогаш не било пофлексибилно - или позабавно.

Слика на пет различни услуги што работат на екранот. Слика на пет различни услуги што работат на екранот.

Апликации и услуги

* Сликите на уредот и екранот се симулирани за илустративни цели.