Music Studio 5 LS51H WiFi-Bluetooth безжичен звучник (2026)
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Музика што ја доживуваш со сите сетила1
Брз преглед на клучните карактеристики
Дизајн што ја обликува уметноста на звукот
Dot дизајн од Бурулек
Делото на Ерван Бурулек, The Dot, претставува повеќе од дизајн. Сместен во срцето на звучникот, тој станува центарот низ кој музиката оживува, спојувајќи безвременска елеганција и врвна технологија.
Софистицираност во својата најчиста форма
Уникатен дизајнМинималистичкиот дизајн на Бурулек му дава мирна и софистицирана естетика на Music Studio 5. Со чисти форми и мазни линии, лесно се вклопува во твојот простор со префинет баланс.
Искуси ја длабочината на деталите
Звук со висока резолуцијаПоддржан од звук со висока резолуција, Music Studio 5 ги доловува длабочината и деталите на твоите омилени песни со префинета прецизност. Со подобрено декодирање, обработка на сигналот и репродукција на содржини до 24-bit/96 kHz, нежните призвуци и богатите хармонии се пренесуваат со извонредна јасност.
Искуси распространет звук на повисоко ниво
Eclipsa AudioИскуси ја технологијата Eclipsa Audio за 3D просторен звук што испорачува реалистични и моќни звучни сцени како никогаш досега.
AI звук
Веродостоен звук со минимална дисторзија
Динамична контрола на басот со AIСлушај појасен, почист бас благодарение на динамичната контрола на басот со AI. Со помош на претходно обучено машинско учење, Music Studio 5 ја анализира дисторзијата предизвикана од вибрациите на нискотонецот и ја коригира – за да можеш да уживаш во звук што останува верен на оригиналната содржина.
Квалитет на звук
Стабилен и избалансиран звук
Автоматско приспособување на јачината на звукотАвтоматското приспособување на јачината на звукот автоматски ја одржува јачината на звукот стабилна и избалансирана кај различни извори, со анализа на аудиосигналите во заднината. Заборави на наглите промени и уживај во непречено и пријатно слушање при секое префрлање од серија, на игра или на TV во живо.
Звук што е дотеран за твојот простор до совршенство
SpaceFit Sound ProУживај во сензационален звук којшто се приспособува на просторијата со SpaceFit Sound Pro. Карактеристиката го анализира просторот и соодветно го приспособува аудиото – дури и го оптимизира басот – за максимално чист и реалистичен звук. Сега можеш да уживаш во совршен звук во секој простор и околина.
Уживај во постојан и избалансиран звук каде и да си
Место каде нема чувство на застојБлагодарение на вградениот брановод, Music Studio 5 рамномерно го распрснува звукот, обезбедувајќи конзистентна јасност и јачина низ поголем простор – така што звукот звучи природно и балансирано од секој агол.
Слушни го секој збор, без пречки
Active Voice Amplifier (AVA) ProИскуси беспрекорен дијалог со помош на Active Voice Amplifier (AVA) Pro. Ја детектира заднинската бучава во просторот и на екранот, и ги засилува гласовите за говорот да остане јасен и разбирлив.
Осмислено од експерти за иновации во звукот
Samsung Audio LabОсмислено за извонреден звук, Immersive е тестирано и приспособено во California Audio Lab. Каде што најдобрите аудиоинженери ги применуваат најнапредните акустични технологии за да испорачаат избалансиран реалистичен звук што ја исполнува просторијата.
Лесно користење и поврзување
Лесно поврзи го и контролирај го звукот
Апликација Samsung Sound
Уживај во лесно поставување и откривање, целосна контрола и персонализирано искуство што го поврзува твојот Samsung звучен екосистем – апликацијата ја врши целата работа, а ти уживаш без напор.
Поврзи повеќе уреди за засилено звучно искуство
Group Play
Поврзи го звукот за посилно и поцелосно искуство. Group Play безжично го поврзува Music Studio 5 со други звучници во еден синхронизиран систем. Поврзи до 10 компатибилни звучници вкупно и уживај во моќен, заеднички звук за моменти поминати заедно.5
Компатибилно со апликацијата SmartThings
Апликација SmartThings
Апликацијата SmartThings беспрекорно ги поврзува твоите уреди, создавајќи унифициран екосистем што го подобрува секојдневниот живот. Таа овозможува твоите секојдневни моменти да течат природно како едно поврзано искуство. 6
Со двоен допир веднаш пристапи до Spotify и уживај во музиката
Spotify Tap
Пушти музика веднаш со првиот уред во светот што нуди Spotify Tap преку Wi-Fi. Со двоен допир стартуваш плејлиста со препорачани песни, приспособени на твојот вкус. Сакаш нешто поинакво? Освежи ја плејлистата со уште еден двоен допир – без телефон. 7
Повеќе начини на репродукција на омилениот звук
Гласовен асистент и услуги за стримингКонтролирај го твојот Wi-Fi звучник со гласовни команди. Само прашај го Google Assistant. Можеш да користиш и Google Cast™ или Spotify Connect за стриминг на аудиосодржини, вклучувајќи ги песните што ги сакаш. Или, можеш да ја користиш апликацијата AirPlay за да уживаш во омилената музика или поткасти преку својот iPhone или iPad. 8
Повеќе начини на репродукција на омилениот звук
Гласовен асистент и услуги за стримингКонтролирај го твојот Wi-Fi звучник со гласовни команди. Само прашај го Google Assistant. Можеш да користиш и Google Cast™ или Spotify Connect за стриминг на аудиосодржини, вклучувајќи ги песните што ги сакаш. Или, можеш да ја користиш апликацијата AirPlay за да уживаш во омилената музика или поткасти преку својот iPhone или iPad.9
Пренесувај ја музиката што ја сакаш
Гласовен асистент и услуги за стримингСо апликацијата Apple AirPlay можеш да уживаш во омилената музика или поткасти преку својот iPhone или iPad. Само допри ја иконата AirPlay од твојот Apple уред за да го поврзеш со Wi-Fi звучникот. 10
Повеќе начини на репродукција на омилениот звук
Гласовен асистент и услуги за стримингКонтролирај го твојот Wi-Fi звучник со гласовни команди. Само прашај го Google Assistant. Можеш да користиш и Google Cast™ или Spotify Connect за стриминг на аудиосодржини, вклучувајќи ги песните што ги сакаш. Или, можеш да ја користиш апликацијата AirPlay за да уживаш во омилената музика или поткасти преку својот iPhone или iPad.11