32" Монитор ViewFinity S6 S60D QHD
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Прошири го својот креативен свет
Уживај во беспрекорни слики и перформанси
QHD резолуција со стапка на освежување од 100 Hz
Визуелна извонредност каква што очекуваат професионалците. QHD(2560x1440) резолуцијата и стапката на освежување од 100 Hz работат заедно за да се прикажат скриените детали преку поголема густина на пиксели, додека се намалуваат доцнењето и заматувањето при движење. Нурни се во сложени дизајни, комплексни слики и динамични видеосодржини со беспрекорен тек на работата.
* Сликите се симулирани за илустрација.
Подобрена реалистичност преку повеќе бои
1,07 милијарда бои со HDR10Гледај поголем спектар на бои за неверојатни прецизност и детали. HDR10 нуди речиси неограничени нијанси и бои веродостојни на реалните, со потемни темни тонови и посветли светли тонови. Секоја содржина станува рај за очи и може да се искуси токму онака како што замислил креаторот.
* Сликите се симулирани за илустрација.Поврзи повеќе уреди
Повеќе порти
Со HDMI, DP, USB-A и USB-B порти, поврзувањето на периферните уреди е наједноставно досега. Ваквата извонредна практичност не само што го прави едноставно уредувањето туку и ја подобрува продуктивноста обезбедувајќи непречен тек на работата.
Приказ со подобрена разновидност
Ергономски дизајн
Екранот со приспособлива висина којшто се накосува ти ги овозможува најдобрите агол и практичност. Сега, можеш и да го вртиш екранот до 90 степени – совршено за гледање долги документи без да мора да лизгаш толку многу.
Одговорно работење
Дизајнирани со природата на ум
Мониторите Samsung Viewfinity 2024* содржат најмалку 14 %** рециклирана пластика. Покрај тоа, не користиме хемиски спрејови на пластиката на мониторот и користиме лепак наместо спојувалки на кутијата за да може да се рециклира.
* Само S60UD, S60D, S70D, S80UD, S80D.
** Процентот на рециклиран материјал, што може да се разликува од дел до дел, се пресметува врз основа на вкупната тежина на употребената пластика во производот (тежина на рециклиран материјал/вкупна тежина на пластика).