37" Монитор 4К ViewFinity S8 S80D
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Прошири го својот креативен свет
Зголемена продуктивност со дополнителни 5 инчи
37-инчен ергономски работен екран
Револуционизирај го својот работен простор со првиот 37-инчен UHD монитор во светот. Дополнителните 5 инчи во споредба со екранот од 32 инчи овозможуваат 100 % UHD искуство без потреба од намалување на големината за подобра читливост. Со проширениот работен простор, можеш лесно да се справуваш со сложени задачи и да ја зголемиш својата продуктивност. Покрај тоа, екранoт од 37 инчи е TUV-сертифициран за лесно гледање и е дизајниран за намалување на визуелниот замор, помагајќи ти да останеш фокусиран за време на долгите работни сесии.
* Сликите на екранот се симулирани за илустрација.
Кристално јасни слики за професионалци
UHD резолуција
Визуелна извонредност каква што очекуваат професионалците. Резолуцијата UHD (3840 x 2160) открива повисоки нивоа на детали со поголема густина на пиксели. Професионалците можат да навлезат подетално во боите и да уживаат во повеќе простор на екранот за да креираат прецизни дизајни, комплексни дијаграми и динамични видеосодржини – сè тоа со понепречен работен процес.
* Сликите се симулирани за илустрација.
Повеќе бои. Пореалистично
1,07 милијарда бои со HDR10Гледај поголем спектар на бои за неверојатни прецизност и детали. HDR10 нуди речиси неограничени нијанси и бои веродостојни на реалните, со потемни темни тонови и посветли светли тонови. Секоја содржина станува рај за очи и може да се искуси токму онака како што замислил креаторот.
* Сликите се симулирани за илустрација.Поврзи повеќе уреди
Повеќе порти
Со HDMI, DP, и USB-A и USB-B порти, поврзувањето на периферните уреди е наједноставно досега. Ваквата извонредна практичност не само што го прави едноставно уредувањето туку и ја подобрува продуктивноста обезбедувајќи непречен тек на работата.
Приказ со подобрена разновидност
Ергономски дизајн
Уживај во идеална ергономија во која било средина. Екранот со приспособлива висина којшто се накосува и врти ти ги овозможува најдобрите агол, практичност и приспособена удобност.
Дизајниран и изграден одговорно
Рециклирани материјали
Сертифициран од TCO, ENERGY STAR и EPEAT Gold, со TUV-сертифициран јаглероден отпечаток на производ, Samsung ViewFinity мониторот содржи над 50 % рециклирана пластика. На пластиката на мониторот не се користат хемиски спрејови, па затоа лесно може да се рециклира. Покрај тоа, споевите на пакувањето се залепени, а не прицврстени со спојки, елиминирајќи ја потребата од отстранување на спојките при расклопување.
* Процентот на рециклиран материјал, што може да се разликува од дел до дел, се пресметува врз основа на вкупната тежина на употребената пластика во производот (тежина на рециклиран материјал/вкупна тежина на пластика).
** Статусот за EPEAT регистрација се разликува во зависност од земјата. Проверете го статусот на регистрација за вашата земја на www.epeat.net.