Изберете ја вашата локација и јазик.
Глобални вести

Samsung Gamer Training Initiative - Покана за медиуми

10/10/2023

Samsung ве поканува да ја погледнете стручната онлајн панел дискусија во рамки на нашата нова инцијатива Gamer Training која има за цел сите видови на гејмери да ја унапредат својата игра.

 

Задоволство ни е да ве поканиме во живо да ја проследите оваа онлајн панел дискусија во понеделник, на 18 септември во 17:00 часот. Линкот за дискусијата ќе биде достапен во понеделник наутро, 18 септември.

 

На оваа панел дискусија ќе учестуваат популарната шведска Twitch стримерка за играта Overwatch® 2 и професионалка во еспорт QueenE, како и претставници на компанијата Samsung, меѓу кои се Амелија - Ив Ворден, високата менаџерка за комуникации и експертка за гејминг во компанијата Samsung, Бен Бајкер, менаџер за стратегии на ТВ производите ву Samsung Европа и Ентони Мар, менаџер за развој на работењето на комапнијата Samsung.

 

Теми на дискусијата ќе бидат:

· Новата Samsung иницијатива за обука на гејмерите (Gamer Training initiative)

· Нашата стратешка визија за гејмингот, вклучително и нашата нова бренд платформа Embrace Your Game

· Нашите најнови, иновативни гејминг производи

· Лични гејминг приказни на инфлуенсери

Samsung истата вечер ќе ја претстави новата Gamer Training initiative на Samsung КХ во Лондон од 17:00 до 22:00 часот - со ексклузивен пристап до новата гејминг технологија, еден на еден обука за гејмери и врвни совети од водечки креатори на содржини.

 

Обуката за гејмери (Gamer Training) е клучен дел од Samsung бренд платформата Embrace Your Game. Оваа платформа препознава дека не постои само еден вид на гејмери и дека се развива разнолика, живописна заедница. Samsung разви цела низа на гејминг производи која на секој играч му овозможува да ги прилагоди поставките кон себеци и својот сттил, знаејќи дека производите кои се најдобри во својата класа овозможуваат неверојатно искуство за гејмерите.

 

Обуката за гејмери е уште една потврда за посветеноста на Samsung да им овозможи на рекреативните играчи од средно и високо ниво ширум Европа да станат подобри гејмери. Исто така покажува како гејмингот може да формира фатастични заедници и пријателства за цел живот.

 

За компанијата Samsung Electronics:

 

Samsung го инспирира светот и обликува иднина со идеи и технологии кои носат трансформација. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, паметните телефони, преносливите уреди, таблетите, дигиталните уреди,

мрежните системи и меморијата, ЛСИ системите, лиените и ЛЕД решенијата. За најновите вести посетета ја Самсунг страницата: http://news.samsung.com.

Overwatch е регистриран заштитн знак на компанијата Blizzard Entertainment, Inc. Сите други заштитни знаци кои се споменуваат во овој документ се во сопственост на своите респективни сопственици