Изберете ја вашата локација и јазик.
Локални вести

Samsung Knox доби Сертификат за општи критериуми за високи безбедносни стандарди за телевизорите од 2024 година

29/02/2024

Скопје, 28 февруари 2024 г. – Samsung Electronics денес објави дека Samsung Knox, доверливото безбедносно решение интегрирано во своите телевизори од 2024 година, доби Сертификат за општи критериуми (Сертификат CC) пред самото лансирање на производите.
 

Сертификатот CC е глобален репер, признаен од 31 земја1 во светот, за проценка на безбедносниот интегритет на ИТ производите. Samsung го добива 10 години по ред за Samsung Knox, најквалитетното безбедносно решение за своите телевизори кое се подобрува од година во година. Оваа година, Samsung Knox ја демонстрира својата глобална безбедносна совршеност потврдена уште пред телевизорите за 2024 година да бидат достапни за потрошувачите на пазарот.

„Како што нашиот секојдневен живот станува сè поповрзан, Samsung ја разбира основната потреба на корисниците за приватност и безбедност на своите лични податоци“, рече Јонгјае Ким (Yongjae Kim), извршен потпретседател на одделот за екрани во Samsung Electronics. „Имајќи го ова на ум, горди сме што 10 години по ред го добиваме Сертификатот CC за Samsung Knox на нашите телевизори, врз основа на постојаното зајакнување на нашите безбедносни мерки и стандарди.“

Сертификатот CC обезбедува задоволување на конзистентни и ригорозни стандарди за евалуација на интегритетот на ИТ производите и продолжува да ја подобрува ефикасноста на евалуацијата и сертификацијата. Со подобрена евалуација и конзистентни стандарди, Сертификатот CC има за цел да ја зајакне довербата во безбедноста на сертифицираните ИТ производи. Овој сертификат содржи Заштита на профилот (PP) и Безбедносна цел (ST). Samsung Knox успешно ги исполни безбедносната цел и стандардите за добивање на Сертификат CC.
 

Сертификатот CC истакнува три основни безбедносни карактеристики на Samsung Knox:

· Следење на оперативниот систем Tizen: Samsung Knox активно открива потенцијални закани за хакирање во реално време, означувајќи ги сите неавторизирани промени во критичните сектори на оперативниот систем Tizen, јадрото на телевизорите Samsung.

· Блокирање на веб-страници за фишинг: Samsung Knox ги проверува веб-страниците до кои пристапуваат корисниците, превентивно блокирајќи ги сите страници за фишинг за да ги заштити корисничките податоци и приватноста.

· Подобрена заштита на личните податоци: Samsung Knox обезбедува беспрекорна заштита на чувствителните лични податоци на корисниците преку безбедна врска со Samsung Knox Vault, посветен процесор за безбедносни функции.2

 

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com.

  • 1 Австралија, Канада, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Малезија, Холандија, Норвешка, Полска, Катар, Јужна Кореја, Сингапур, Шпанија, Шведска, Турција, САД, Австрија, Чешка, Данска, Етиопија, Финска, Грција, Унгарија, Индонезија, Израел, Нов Зеланд, Пакистан, Словачка, Обединетото Кралство.
  • 2 Исклучиво за моделите QN900D и QN800D.