Изберете ја вашата локација и јазик.
Локални вести

Запознајте ги Galaxy Buds Pro: Епски звук во секое време

15/01/2021

Совршен квалитет на звукот, интелигентна функција за поништување на бучавата и унапредена поврзаност во беспрекорен дизајн

Беспрекорно искуство со помош на Galaxy безжичните слушалки

 

Новите Galaxy Buds Pro слушалки претставуваат интегрално проширување на Galaxy екосистемот. Со Buds Pro слушалките, можно е автоматско префрлување на врската од Galaxy паметниот телефон на таблетот или обратно, без потреба за рачно прилагодување[1]. На пример, ако имате повик на вашиот Galaxy S21 паметен телефон додека гледате видео на таблетот, новата опција за автоматско префрлување ќе го запре видеото и ќе ви овозможи да одговорите на повикот користејќи ги Galaxy Buds Pro слушалките. Кога повикот ќе заврши, звучната врска на слушалките самостојно се префрлува на таблетот, па видеото повторно се прикажува. Тука е и 360 Audio опцијата, која со Dolby Head TrackingTM технологијата[2] овозможува корисникот секогаш да остане на центарот на сцената додека гледа омилена содржина на своите Galaxy уреди.

 

Galaxy Buds Pro слушалките исто така имаат и Game Mode. Тој најдобро доаѓа до израз токму на S21 паметните телефони, кога намаленото доцнење на звукот во комбинација со моќните перформанси за уредување и неговиот импресивен екран, го издигнуваат гејмерското искуство на повисоко ниво. Исто така, откако еднаш ќе се наполнат, Galaxy Buds Pro слушалките можат да издржат без ново полнење до осум часа. Дополнителни 20 часа на батеријата може да се добие благодарение на нивната безжична кутија за полнење. Ако посегнете по системот за активно поништување на бучавата (ANC), на располагање имате пет часа непречено уживање во омилената содржина, со уште 13 часа продолжено траење на батеријата благодарение на кутијата за полнење[3]. Одлична работа е и тоа што со само пет минути брзо полнење, слушалките можат да бидат подготвени за еден час слушање на омилената музика[4].

 

Нов модерен и наменски дизајн

 

Покрај тоа што е одличен за употреба, Galaxy Buds Pro и изгледа одлично. Инспириран од иновативниот и оригинален дизајн на Galaxy Buds Live слушалките, Galaxy Buds Pro имаат понапредни и поудобни ергономски карактеристики. Новиот дизајн на слушалките во форма на каналот го прави поприроден за увото и го прави целото искуство поудобно и пријатно за корисникот.  

 

Покрај тоа, Galaxy Buds Pro има IPX7 заштита од вода[5], највисок стандард за отпорност на вода досега во рамките на Galaxy Buds линијата. Со SmartThings Find опцијата, слушалките се лесни за лоцирање во случај да ги изгубите, дури и кога се надвор од Bluetooth® опсегот или ако се изгубени на место далеку од вашиот видик[6]. При креирањето на овие уникатни безжични слушалки, посебно внимание се посветува на еколошката свест, па затоа и самите слушалки воглавно се направени од одржливи и рециклирани материјали.

 

Достапност

 

За совршено да се вклопат со новите паметни телефони од Samsung Galaxy S серијата, Galaxy Buds Pro безжичните слушалки доаѓаат во три зачудувачки бои - фантомска црна, сребрена и виолетова[7]. Galaxy Buds Pro во Македонија се достапни од 15. јануари по цена од 14.099  денари. 

 

За повеќе информации посетете ги: samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds-pro-black-sm-r190nzkaeug/.

Galaxy Buds Pro Спецификации[11]

 

 

Galaxy Buds Pro

 

 

 

Боја

 

 

Фантомска виолетова, фантомска црна, фантомска сребрена

 

 

 

Димензија и тежина

 

 

Слушалки: 19.5 x 20.5 x 20.8 mm, 6.3g

 

Кутија за полнење: 50 x 50.2 x 27.8 mm, 44.9g

 

 

Звучник

 

 

Двосмерен (11mm вуфер + 6.5mm твитер)

 

 

 

Микрофон

 

 

3 микрофони (2 надворешни + 1 внатрешен) + единица за препознавање на глас + Wind Shield технологија

 

 

 

 

 

ANC & Ambient Sound

 

 

ANC: Намалување на надворешната позадинска бучност до 99 проценти, 2 нивоа на подесување

 

Ambient Sound: Појачување до + 20 dB, 4 нивоа на подесување

 

Voice Detect

 

 

 

 

Капацитет на батеријата6

 

 

 

Слушалки: 61 mAh

 

Кутија за полнење: 472 mAh

 

 

 

 

Play Time6

 

 

5 часа / вкупно 18 часа (со вклучена ANC опција)

 

8 часа / вкупно 28 часа (со исклучена ANC опција)

 

 

 

Talk Time6

 

 

4 часа / вкупно 14.5 часа (со вклучена ANC опција)

 

5 часа / вкупно 17.5 часа (со исклучена ANC опција)

 

 

 

Полнење

 

 

Play time 1 час / брзо полнење од 5 7fusnota

 

Qi сертифицирано безжично полнење

 

 

 

Поврзаност

 

 

Bluetooth 5.0®

 

Kodek: Скалабилен, AAC, SBC

 

 

 

Сензор

 

 

Акцелометар, Gyro сензор, сензор за близина, Holo сензор, сензор на допир, единица за препознавање на глас (VPU)

 

 

 

Компактибилност[12]

 

 

 

Android 7.0 или понова верзија со повеќе од 1.5GB RAM меморија

 

 

Водоотпорност

 

 

IPX78

 

[1] Galaxy Buds Pro слушалките можат да разликуваат бучава и човечки гласови. Привремено префрлете се на Ambient Sound и намалете ја јачината на звукот на медиумот додека зборувате, за да можете да слушате разговори без да ги отстранувате слушалките.

 

[2]ANC на Galaxy Buds Pro доби UL сертификација за намалување на надворешниот шум на позадината за дури 99 проценти на 118,43Hz. Карактеристиките, вклучително и ANC, се овозможени преку Bluetooth врската или апликацијата Galaxy Wearable на Android и достапни на Galaxy Store или Google Play.  

 

[3] Интелигентни карактеристики како што се ANC, Ambient Sound и препознавање на глас може да се постават во рамките на апликацијата Galaxy Wearable.

 

[4] Карактеристиката е достапна на Galaxy паметните телефони или таблети со One UI 3.1 или понова верзија, што може да се вклучи и исклучи во рамките на Bluetooth® поставките. Потребно е истата Samsung сметка да биде регистрирана на уредите. Достапноста на карактеристиките може да варира во зависност од апликацијата.  

 

[5] Карактеристиката е достапна на Galaxy паметните телефони или таблети со One UI 3.1 или понова верзија. Достапна е на картицата Напредно во апликацијата Galaxy Wearable. Достапноста на оваа карактеристика може да варира според уредот и содржината. Кога слушалките се спарени со Dolby Atmos, звуците дополнително се засилуваат и постигнуваат поголема јасност, детали и длабочина.

 

[6] Врз основа на стандардните поставки со исклучено на Bixby гласовното будење и Voice Detect. Вистинското траење на батеријата може да варира во зависност од условите за употреба, како што се поставките на функцијата, типот на датотека за репродукција и јачината на Bluetooth® сигналот.

 

[7] Проценката на времето на полнење се заснова на тоа дека батеријата на слушалките е помалку од 30 проценти во почетокот на полнењето. Вистинското време на полнење може да варира во зависност од факторите како што се условите на употреба и бројот на полнења.

 

[8] IPX7 се базира на лабораториски услови за испитување за потопување до 1 метар во слатка вода во траење до 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа или базен. Куќиштето за полнење не е водоотпорно. Ако слушалките се оштетени, нема гаранција дека ќе бидат водоотпорни. Потребно е да ги иссушите рацете и/или слушалките ако се влажни пред да ракувате со слушалките или да ги ставате слушалките во куќиштето за полнење.

 

[9] окацијата на изгубен уред пронајден со употреба на SmartThings Find е приближно на местото каде што е откриен сигнал на изгубениот уред. SmartThings Find е достапен на Galaxy паметните телефони или таблети со Android 8 или понова верзија. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и операторот.

 

[10] Достапноста на бојата може да се разликува во зависнот од пазарот.

 

[11] Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за производот дадени во овој документ, вклучувајќи ги придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и карактеристиките на производот може да се променат без претходна најава. Достапноста може да варира во зависност од пазарот, операторот и поврзаниот уред.

 

[12] Некои карактеристики можеби нема да се достапни на уредите што не се од Samsung. Достапноста може да варира во зависност од пазарот, операторот или поврзаниот уред.