Искористете ја оваа неверојатна можност и збогатете го својот дом со фантастични уреди Bespoke Home и заштедете дополнително, дури до 30 %.

Со одредени Bespoke машини за перење, машини за сушење, комбинирани машини за перење и сушење и машини за миење садови добивате 5 години гаранција.

Изберете Bespoke Jet™ или Jet Bot AI+ за хигиенско чистење со 3 години гаранција.

Акцијата трае од 3.4. до 30.4.2023 г. или до потрошување на залихите. За остварување на правото на 5 години гаранција, треба да оставите рецензија или да се регистрирате на samsungprodolzenagarancija.mk најдоцна 30 дена од датумот на купување.

Понудата можете да ја најдете кај продажните партнери на Samsung

WW9400B Машина за перење со предно полнење, технологии Ecobubble™ и AI Wash

Оптимизирано чистење

Темелно перење на облеката, но нежно и со помала потрошувачка на вода и прашок. AI Wash користи напредни сензори за препознавање на тежината и мекоста на ткаенините и постојано го следи степенот на извалканост. Паметно ја оптимизира количината на вода и прашок, траењето на накиснувањето, испирањето и центрифугирањето.

Машини за сушење алишта DV9400B

Пократко траење, подобра нега

Троши многу помалку време на сушење и добро внимава на облеката. Кога се активира, технологијата QuickDrive™ го скратува времето на сушење до 35 % и штеди струја. За разлика од обичните машини за сушење, инвертерскиот компресор автоматски го приспособува бројот на вртежи во зависност од внатрешната температура и посакуваната нега.

DV5500MM Машина за садови со широк ЛЕД-екран

Хигиенско плакнење за отстранување на бактериите

Опцијата „Хигиена“ може да се активира во одредени програми за сѐ да биде хигиенски чисто. Се продолжува завршното плакнење и се зголемува температурата на водата на 70 ˚C, што овозможува подетално чистење и убивање на бактериите и микробите. Затоа вашите садови, есцајг и кујнски алатки секогаш ќе бидат безбедни за користење.

Bespoke Jet™

Дизајнирана за лесно вшмукување

Соберете сè, од истурeните мусли до тврдоглавите влакна на милениците, со моќниот дигитален инвертер мотор што овозможува супер лесно, но силно вшмукување. Опремен е со последната генерација статор, ротор и 3Д вентилатор, што го прави полесен, но помоќен и доволно силен да овозможи моќ на вшмукување од 210 W.

Bespoke Jet Bot AI +

Уживајте во интелигентен начин на чистење

Чистете сигурно и ефикасно. Jet Bot е првата робот-правосмукалка во светот што работи на вештачка интелигенција Intel. Може да препознае и да разликува различни предмети за да може да го исчисти просторот во близина на апарати, мебел или други препреки. Истовремено, проценува дали некој предмет е чувствителен и може да ги избегне предметите што се означени како опасни.