Оваа есен Samsung UHD телевизорите доаѓаат целосно опремени за врвна забава. Ако во периодот од 12.10. до 22.11.2020 година купите  Samsung UHD ТВ од 55”, добивате 6 месеци уживање со HBO GO. Доколку се одлучите за  UHD ТВ од 65", добивате 9 месеци, а со купување UHD ТВ од  75" или поголем, добивате 12 месеци уживање во хит серии и филмови на HBO GО. Сѐ што ви е потребно за незаборавно искуство на забава на новиот телевизор кој ќе го разубави вашиот дом.


Samsung UHD телевизорите доаѓаат во 4K UHD резолуција, што е за 4 пати повеќе пиксели понапредно од обичен FHD телевизор. Ќе уживате во извонредно јасна и остра слика, а секоја сцена ќе ја доживувате како навистина да учествувате во неа. За повеќе дополнителни детали е заслужна и HDR опцијата која носи импресивен спектар на бои дури и во темните сцени. Овие телевизори доаѓаат и со нови можности за поврзување, подобрени Smart Screen функции на база на вештачка интелигенција, како што е Adaptive Picture функцијата за уште понапреден и попаметен квалитет на слика.


Тука е и Tap View кој го прави поврзувањето на паметните телефони со телевизор полесно од кога било досега. Доволно е само да се доближи паметниот телефон до телевизорот и овие два уреди се веќе поврзани. Исто така, Multi-View режимот на работа овозможува содржината од мобилниот уред да се прикаже во само еден дел од телевизискиот екран и на тој начин имате можност за истовремено следење на содржини од повеќе различни извори.


Покрај тоа, вашиот нов телевизор ќе ви даде можност да уживате во богата содржина на HBO GO за први да откриете повеќе од 300 серии, 850 филмови и многу цртани филмови и премиери секоја недела. 


Промоцијата трае од 12.10. до 22.11.2020 година или до истекувањето на залихите и се однесува на купување UHD модели со дијагонала од 55’’или поголеми од 2020 година. За да остварите право на подарок, потребно е да го регистрирате вашето купување на ce.promotion@samsung.com најдоцна 15 дена од датумот на купување. Повеќе информации и листа со уреди кои се вклучени во промоцијата побарајте овде.