Galaxy S23 Ultra

Добијте стручни мислења за Galaxy S23 Ultra

„Уште по неколку минути користење, јасно е што е главната цел на Samsung – да направи уред кој ќе биде прв избор за сите оние кои сакаат да снимаат видеа и фотографии со речиси студиски квалитет во сите можни услови“.

Nikola Buragev, konekt.mk

„Samsung Galaxy S23 Ultra нè воодушеви како што очекувавме. Има мали промени во дизјанот, а големи во хардверот и камерата. Тоа значи дека може а издржите долг период со една батерија која може брзо да се наполни, да снимате врвни кинематографски записи благодарение на сензорот од 200МП и брзо да сурфате и сите апликации брзо се отвараат“.

Aleksandar Stankov, telefoni.mk

Galaxy AI е тука

Добредојдовте во ерата на мобилната AI. Со Galaxy S23 Ultra во вашите раце, можете да ослободите целосно нови нивоа на креативност, продуктивност и можности – започнувајќи со најважниот уред во вашиот живот. Вашиот мобилен телефон.

Легендарно, баш така.

Try Galaxy на вашиот телефон Скенирајте го овој QR code или посетете ја страницата trygalaxy.com
QR code за да пристапите до Try Galaxy
Повеќе иновации, помалку отпечаток

Горната половина на Galaxy S23 Ultra во фантомска црна боја се спушта одозгора, покажувајќи ја задната камера. Аголот на екранот на втор S23 Ultra излегува од под него. S Pen пенкало во соодветна боја и за двата телефони исто така излегува одоздола и е свртено кон телефоните.

Нашиот впечатлив симетричен дизајн се враќа со една главна разлика: употребата на рециклирани и еколошки материјали.5,6 Од пренаменетото стакло до бојата на полираната метална рамка, убавината е втората одлика во оваа форма.7

БОИ

Реалистични нијанси

Низата бои инспирирани од природата ќе те инспирираат да останеш свој.8 Со природните бои, секој тон е елегантен и возвишен, а сепак нежен и скромен.7

Два телефони Galaxy S23 Ultra во зелена боја. Едниот е исправен, а другиот ја покажува задната страна. Другиот телефон е покажан од страна за да го прикаже лебдечкиот дизајн на камерата.

МАТЕРИЈАЛИ

Дизајнирани со грижа за планетата

Употребата на еколошки материјали ги прави овие телефони нашите најеколошки телефони досега.5,6 Рециклираното стакло и PET фолијата ја нагласуваат надворешноста на телефонот, а во кутијата направена од рециклирана хартија се чувствува љубовта кон планетата уште од првиот момент.9

  • 01 РЕЦИКЛИРАНО СТАКЛО
  • 02 РЕЦИКЛИРАНА PET ФОЛИЈА
  • 03 РЕЦИКЛИРАНО СТАКЛО
  • 04 РЕЦИКЛИРАНА ПЛАСТИКА ШТО ЗАВРШУВА ВО ОКЕАНИТЕ ВНАТРЕШНА ЗАШТИТА ЗА S PEN ПЕНКАЛОТО

Употребата на еколошки материјали ги прави овие телефони нашите најеколошки телефони досега.5,6 Рециклираното стакло и PET фолијата ја нагласуваат надворешноста на телефонот, а во кутијата направена од рециклирана хартија се чувствува љубовта кон планетата уште од првиот момент.9

ИЗДРЖЛИВОСТ

Создаден да биде цврст
  • 01 Corning® Gorilla® Glass Victus® 2
  • 02 Рамка од Armor Aluminum

Запознајте се со цврстиот дизајн создаден имајќи ја предвид издржливоста. Galaxy S23 Ultra е цврст со Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 на предното и задното стакло и ги користи придобивките на рамката создадена од најиздржливиот Armor Aluminum што некогаш бил користен на паметен телефон Samsung Galaxy. А оцената IP68 значи дека може да продолжите да го користите телефонот во прав и вода на кои е отпорен.

  • *Задното стакло не вклучува стакло за камерата. Рамката не вклучува копчиња за јачина на звук и странични копчиња или фиока за SIM.
  • *Galaxy S23, S23+ и S23 Ultra се оценети со IP68. Според лабораториски услови за тестирање со потопување во слатка вода до 1,5 метри во траење до 30 минути. Не се препорачува користење на плажа или во базен. Отпорноста на вода и на прав на уредот не е трајна и може да се намали со тек на време поради нормално користење.
  • 01 Corning® Gorilla® Glass Victus® 2
  • 02 Рамка од Armor Aluminum

S PEN ПЕНКАЛО

Препознатливиот додаток на Note e вграден

S Pen пенкалото го продолжува она што започна со Note. Покрај тоа, ти помага да не зависиш повеќе од бележници, така што ти го олеснува скицирањето и фаќањето белешки, и тоа на еколошки начин.

Крупен кадар од долниот дел на Galaxy S23 Ultra гледан под агол од задната страна. S Pen пенкалото е малку подизвадено од телефонот.

S Pen пенкалото го продолжува она што започна со Note. Покрај тоа, ти помага да не зависиш повеќе од бележници, така што ти го олеснува скицирањето и фаќањето белешки, и тоа на еколошки начин.

  • 01 ПОВЕЌЕ НАЧИНИ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ

    Изразете се со врвна прецизност. Цртајте директно на фотографиите и уживајте во дополнителната контрола кога допирате. Брзо запишувајте ги пораките дури и кога сте во движење и гледајте како тие веднаш се претвораат во текстуална порака.

    *Не применувајте прекумерен притисок врз екранот со S Pen, бидејќи тоа може да предизвика оштетување на екранот.

    *Сликата е за илустративни цели. Вистинскиот кориснички интерфејс ќе се разликува.

    Два уреди Galaxy S23 Ultra гледани од предната страна. Едниот прикажува фотографија во режим за уредување со разиграни скици кои се цртаат врз сликата S Pen пишува директно на екранот на вториот уред, на којшто е отворен разговор со текстуални пораки. Ракописот автоматски се претвора во текст.
  • 02 НАПРАВЕТЕ ПОВЕЌЕ СО СЕКОЕ ДВИЖЕЊЕ НА ПЕНКАЛОТО

    Секое пенкало може да пишува зборови, но S Pen ви помага да ги снимите. Истакнете информации за настан од постер или видео, а потоа едноставно допрете за да го зачувате датумот директно во вашиот календар.15

    *Сликата е за илустративни цели. Вистинскиот кориснички интерфејс ќе се разликува.

    Два телефони Galaxy S23 Ultra гледани од предната страна. На екранот на едниот уред е е-покана за Еколошкиот саем во 2023 година. На другиот уред, S Pen лебди над апликацијата Календар, којашто ги собрала истакнатите информации за настаните од е-поканата и создала нов запис во Календарот со нив.
Врвно опремен
Задна камера на Galaxy S23 Ultra, прикажана под остар агол.

Ги додадовме најголемиот сензор на Galaxy, пиксели што ја апсорбираат светлината и технологија за стабилизација на видеа во една професионална камера, што пак, резултираше со логичното прашање: „Ќе ми ја пратиш ли фотката?“

предна камера
  • 12 MP

    Селфи камера

задна камера
  • 12 MP

    Ултраширока камера

  • 200 MP

    Широкоаголна камера

  • 10 MP

    Телефото камера 1 со 10x оптички зум

  • 10 MP

    Телефото камера 2 со 3x оптички зум

NIGHTOGRAPHY КАМЕРА

Слаба светлина. Камера. Акција
Жена прави шарено, јасно селфи во темен амбиент со светилки на жица и лампиони зад неа. Фотографијата е направена со Galaxy S23 Ultra со користење широк режим со отвор од F 2,2.

За чисти фотографии и видеа, од утро до мрак. Најнапредниот сензор за камера и најбрзиот процесор на Galaxy се приспособуваат и на слаба светлина и го намалуваат шумот. Дури и објективите на камерата ја избиструваат сликата така што го намалуваат отсјајот.

  • 01 НОЌЕН ПОРТРЕТ

    Длабочината и димензиите се најсилните страни на професионалната камера. Замати ја малку заднината за да ги истакнеш пријателите во фокусот и истакни ги деталите на DSLR ниво.

    Портрет направен со Ноќнографија на жена која седи надвор во камп. Светилките на жица слабо ја осветлуваат темната заднина. Следно, портрет на истиот субјект на поголемо растојание. Кај портретите направени со Ноќнографија, субјектот е во јасен фокус со сјајни бои и намалена бучава при слаба осветленост. Првата фотографија е направена со Galaxy S23 Ultra со користење зум од 3 пати со отвор од F2.4. Втората фотографијата е направена со Galaxy S23 Ultra со користење широк режим со отвор од F1.7.
  • 02 НОЌНО ВИДЕО

    Сруши го рекордот на чисти, беспрекорни сцени богати со детали, дури и на слаба светлина. Ова е најстабилното видео на Galaxy на слаба светлина со супериорен OIS и технологија за намалување на шумот што прави снимки како со филмска камера.

    Снимка на отворено од три лица кои изведуваат паркур. Камерата се движи динамично со субјектите и рамномерно ги снима нивните движења. Видеото е снимено со Galaxy S23 Ultra.

    Сруши го рекордот на чисти, беспрекорни сцени богати со детали, дури и на слаба светлина. Ова е најстабилното видео на Galaxy на слаба светлина со супериорен OIS и технологија за намалување на шумот што прави снимки како со филмска камера.

  • 03 ASTRO HYPERLAPSE

    Претвори ја ѕвездената ноќ во ремек-дело. Вклучи ја опцијата Hyperlapse за да ги снимиш ѕвездените ноќи јасно и чисто, па забрзај ги за да прикажеш минути снимање во неколку неверојатни секунди.

    Хиперзабрзано видео на ѕвездено небо ги доловува ѕвездите кои паѓаат и соѕвездијата кои полека ротираат како што напредува ноќта. Видеото е снимено со Galaxy S23 Ultra.

    Претвори ја ѕвездената ноќ во ремек-дело. Вклучи ја опцијата Hyperlapse за да ги снимиш ѕвездените ноќи јасно и чисто, па забрзај ги за да прикажеш минути снимање во неколку неверојатни секунди.

ВИСОКА РЕЗОЛУЦИЈА

200 MP. Резолуција вредна за воздишки
Есенска сцена на високи дрвја со пожолтени лисја. Светло жолтите бои се прикажани токму наспроти темните стебла со сенка. Во далечината од езерото расте дрво. Над дрвото во езерото е нацртана кутија. Следно, крупен кадар на деталите во внатрешноста на исечената кутија. Зумира за да покаже јасни детали за дрвото, вклучувајќи ги и жолтите лисја наспроти магливите сини планини во позадината. Фотографијата од 200 мегапиксели е направена со Galaxy S23 Ultra користејќи широк режим со отвор од F1.7.

Речиси двојно ја зголемивме резолуцијата на широкоаголната камера за да овозможи чистота каква што досега не е видена на Galaxy.10 Зумирај и исечи за да добиеш сосема нова слика без да сликаш — или остави ја како што е со сите неверојатни детали, од еден крај до друг.

Зад камерите на секоја снимка се наоѓа нов адаптивен пиксел сензор за галерија од живи, чисти фотографии од 200 мегапиксели, на секаква светлина.

EXPERT RAW

Чиста моќ, од снимање до монтирање

Префрлете се во Expert RAW за повеќе детали.11 Снимајте во 50 MP за детални, динамични кадри или проширете го вашиот репертоар со астрофотографија, повеќекратни експозиции и други функции за експозиција.

  • 01 АСТРОФОТОГРАФИЈА

    Долови уште повеќе детали, дури и во темница. Рачно постави ја експозицијата или остави ја камерата да избере, па насочи ја кон небото за да снимаш планети и соѕвездија, чисто и јасно.

    Ноќно небо со силуета на дрвја во преден план. Деталите се доловени со живописните бои на виолетова и розева галаксија. Фотографијата е направена со Galaxy S23 Ultra со користење широк режим во Expert Raw со отвор од F1.7.
  • 02 ПОВЕЌЕКРАТНИ ЕКСПОЗИЦИИ

    Финесата е во деталите. Долови и до девет кадри одеднаш, па спој ги за да добиеш ремек-дело со повеќе експозиции. Или направи го тоа рачно за да имаш време помеѓу секое снимање да прегледаш како ќе се вклопи секој слој.

    Со алатката за Повеќекратна вредност на експозиција на Expert Raw, шарена шема на ткаенина е поставена врз женска силуета. Фотографијата е направена со Galaxy S23 Ultra со користење широк режим со отвор од F 1,7.
Моќ за тие што не прават пауза

Gameplay of a racing video game. The details of the vehicles and track surroundings are clear and the movement is smooth.

Максимизирај го слободното време со најмоќниот чип досега на паметните телефони Galaxy. Подобрените функции, целокупно, значи дека сè, од гејминг до стриминг, е оптимизирано и непречено — без да се троши батеријата.

*Wreckfest ©2022 THQ Nordic AB, Sweden. Wreckfest е регистрирана трговска марка на THQ Nordic AB, Sweden. Сите права се задржани. Сите други трговски марки, логоа и авторски права се сопственост на нивните сооодветни сопственици. Достапно за купување на Samsung Galaxy Store и други продавници за апликации во одредени земји. Не е соодветно за лица помлади од 3 години.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Најбрзиот Snapdragon во светот12

Snapdragon® 8 Gen 2 Mobile Platform for Galaxy

*Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies Inc. и/или нејзините подружници.

*Snapdragon е трговска марка или регистрирана трговска марка на Qualcomm Incorporated.

БАТЕРИЈА

Време е за борби со главните

Запознај ја долготрајната батерија што ќе ти биде сојузник во победите. Интелигентната батерија од 5000 mAh (типична) заштедува енергија за кога ќе бидеш во движење, да можеш да играш и да стримаш и во текот на ноќта.13

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Како да го користите Wireless PowerShare

ЕКРАН

На повидок е посветла иднина

Dynamic AMOLED 2X прикажува чисти и живописни детали на екранот, без разлика дали светлото е придушено или заслепувачко.14 А технологијата од 120 Hz интелигентно ја оптимизира стапката на освежување за секоја акција да биде непречена и да заштеди батерија.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

ПРИВАТНОСТ

Вашата Приватност. Обезбедена.

KNOX VAULT

Чувајте ги чувствителните информации во сеф во друг сеф.

Со Knox Vault, вашите приватни податоци се обезбедени и заштитени. Лозинките, биометриката и другите информации важни за безбедноста се заштитени со безбеден хардвер изолирани од останатите. Не правете компромиси и преземете одговорност во овој свет управуван од податоци со вградената заштита на Galaxy.

*Сликите се симулирани за илустрација. Вистинското корисничко искуство/кориснички интерфејс може да се разликува.

Приказ на Galaxy S23 Ultra со прикажано лого на Samsung Knox.

КОНТРОЛНА ТАБЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ПРИВАТНОСТ

Проверете ја вашата дигитална приватност на едно место.

Извршете сеопфатно скенирање на поставките за приватност на вашиот телефон. Дури и изберете кои апликации имаат дозвола за користење на што и кога.

*Сликите се симулирани за илустрација. Вистинското корисничко искуство/кориснички интерфејс може да се разликува.

Екраните на три уреди Galaxy S23 Ultra се прикажани со различни степени на безбедносна заштита во реално време, од многу безбедни до многу ранливи. На првиот уред е прикажано известување " Сѐ е добро" , што покажува дека уредот е целосно заштитен. Вториот уред со умерена заштита има предлог за зајакнување на неговата безбедност, додека третиот уред кој е најранлив има две предупредувања за потенцијални упади во податоците.

SMART SWITCH

Го олеснивме чувањето податоци

Со едноставно префрлување преку Wi-Fi или брзо најавување на твојата сметка на Samsung, сè е подготвено. Во дури помалку чекори, пренеси ги сите апликации, фотографии, пораки и многу повеќе од кој било оперативен систем на новиот телефон.16,17

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Екран на Galaxy S23 Ultra ја покажува лентата за напредок на преносот на податоци преку Smart Switch.

ONE UI

Твој Galaxy, баш како што сакаш

Сега е полесно од кога било да го организираш телефонот баш како што сакаш. Со One UI добиваш целосно приспособување, може да го избереш речиси секој детаљ, од екраните за заклучување и темите, до помошните апликации и известувањата.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Galaxy S23 Ultra гледан од предната страна со отворени поставки за екран за заклучување. Известувањата и стилот на часовникот и локацијата може да се менуваат, може да се ставаат и видеа, а заднините може да се менуваат преку опцијата за приспособување на екранот за заклучувања.

SAMSUNG HEALTH

Здравје на твој начин

Започни го остварувањето на твоите лични здравствени цели со Galaxy Watch5 и телефонот.23 Следи го спиењето, вежбањето, составот на телото и многу повеќе во Samsung Health за да ја пронајдеш својата најдобра верзија.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

*Функцијата за GPS рута е достапна само на Galaxy Watch5 Pro.

*Потребно е да се увезе датотека за рута во формат GPX за планинарење или возење велосипед и рутата да се постави како цел во поставките за Samsung Health.

Galaxy Watch5 Pro во боја на црн титан го покажува почетниот екран на цел на рута. Информациите ги содржат адресата и растојанието. До него, екран на Galaxy S23 Ultra ја прикажува целта на рутата со помош на Google Maps.

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Токму тоа што ти треба

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Често поставувани прашања

  • Galaxy S23 Ultra ја нуди највисоката резолуција досега на паметен телефон Galaxy, од 200 MP, споредено со 108 MP на S22 Ultra. Со истата батерија од 5000 mAh (типична) како S22 Ultra, Galaxy S23 Ultra овозможува до отприлика 26 часа репродукција на видео и поефикасни перформанси, благодарение на подобрената моќ за процесирање.13,24

    СПОРЕДИ УРЕДИ
  • Galaxy S23 Ultra доаѓа во зелена, фантомска црна, лаванда и крем.8

    ПРОДОЛЖИ НА БОИ
  • Galaxy S23 Ultra e опремен со 5 камери: селфи камера од 12 MP, ултраширока камера од 12 MP, широкоаголна камера од 200 MP, телефото камера од 10 MP со 10х оптички зум и втора телефото камера од 10 MP со 3х оптички зум. Селфи фотографиите направени на слаба светлина се подобруваат со вештачка интелигенција за почисти детали и попрецизни бои. Мапирањето на длабочината овозможува побрзо фокусирање за селфи фотографии. А портрет фотографиите што се снимаат ноќе имаат јасна дефиниција благодарение на анализата на длабочината што се врши со помош на вештачка интелигенција.

    ПРОДОЛЖИ НА КАМЕРА
  • Со Galaxy S23 Ultra, може да снимаш неверојатни астрофотографии без посебна опрема. Едноставно допри на иконата со соѕвездие во горниот десен агол на Expert RAW, насочи ја камерата кон небото и снимај со најмногу 10 минутна експозиција. Потоа, сегментацијата со помош на вештачка интелигенција ја подобрува јасноста на месечината и ѕвездите.11

    ПРОДОЛЖИ НА EXPERT RAW
  • Покрај Super Smooth екранот со освежување од 120 Hz, Galaxy S23 Ultra е опремен и со долготрајна батерија од 5.000 mAh (типична) и Snapdragon® 8 Gen 2 мобилна платформа за Galaxy што го минимизира времето на вчитување и потрошувачката на енергија.12,13,25

    ПРОДОЛЖИ НА ПЕРФОРМАНСИ
  • Galaxy S23 Ultra има широк екран од 6,8 инчи за сè, од реалистичен гејминг до уредување фотографии и фаќање белешки.26

    ПРОДОЛЖИ НА ЕКРАН
  • Galaxy S23 Ultra доаѓа со вградено S Pen пенкало што сега поддржува повеќе апликации од кога било пред тоа.

    ПРОДОЛЖИ НА S PEN ПЕНКАЛО
  • Galaxy S23 Ultra е достапен со 3 опции за капацитет на меморијата: 256 GB, 512 GB и 1 TB.27

    СПОРЕДИ УРЕДИ

Влезете во неверојатна ера. Galaxy S23 | S23+

Биди првиот кој ќе го постави врвниот стандард. Galaxy S23 Ultra

ЗОШТО GALAXY

Galaxy отвора свет на можности

Отвореноста е она во што веруваме. Samsung Galaxy е создаден за да ги отвори можностите. Колку помалку граници има светот, толку подалеку сите можеме да одиме.

  1. Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустративни цели. Резултатите може да се разликуваат во зависност од визуелните совпаѓања. Потребна е врска со интернет. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат Android на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од поставките на апликацијата и уредот. Некои функции може да не се компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата се разликува во зависност од земјата и јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  2. Live Translate бара мрежна врска и најава на Samsung Account. Live Translate е достапна само на однапред инсталираната апликација Samsung Phone. Одредени јазици може да бараат преземање на јазични пакети. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  3. За Преведувач е потребна најава на Samsung Account. Одредени јазици може да бараат преземање на јазични пакети. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапноста на и поддржаните карактеристики може да се разликуваат во зависност од државата, регионот и операторот. Достапноста на поддржаните јазици може да се разликува.
  4. Generative Edit бара мрежна врска и најава на Samsung Account. Уредувањето со Generative Edit резултира со промена на големината на фотографијата до 12 MP. Видлив воден печат е преклопен на излезната слика по зачувувањето со цел да се покаже дека сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот излез не се загарантирани.
  5. Внатрешната заштита на S Pen пенкалото што се наоѓа во отворот за пенкалото содржи најмалку 20 % полиамид (РА) што завршува во океаните. Предното и задното стакло содржат просечно 22 % рециклирани материјали. Задната украсна фолија содржи најмалку 80 % рециклирани материјали. Горенаведените мерења се засновани врз тежина.
  6. Стаклената PET фолија, рециклираното стакло и пластиката што завршува во океаните добиле потврда за точност на изјавите во врска со животната средина (ECV).
  7. Боите за анодизација на металните рамки се направени од 10 % природна боја.
  8. Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
  9. Хартиеното пакување е направено од 100 % рециклирана хартија, не вклучувајќи ја етикетата на заптивката и термопластичниот винил. Заштитната хартија за прозорец е направена од 100 % рециклирана хартија. Мерењата се засновани врз тежина.
  10. Споредено со Galaxy S22 Ultra.
  11. Expert RAW мора да се преземе одделно од Galaxy Store, бесплатно, пред употреба. Поддржано на уреди од сериите S23, S22, S21 Ultra, S20 Ultra, Note20 Ultra, Z Fold4, Z Fold3 и Z Fold2.
  12. Од 1 февруари 2023 година, врз основа на спецификациите и индустриските одредници спроведени од Qualcomm Technologies, Inc.
  13. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет е 3785 mAh за Galaxy S23, 4565 mAh за Galaxy S23+ и 4855 mAh за Galaxy S23 Ultra. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
  14. Екранот на Galaxy S23 Ultra може да достигне максимална осветленост од 1750 нити.
  15. Достапноста на карактеристиките и апликацијата може да се разликува во зависност од регионот.
  16. Quick Setup е поддржана само на модели од серијата Galaxy S23 кои работат на One UI 5.1 или понова верзија и на Android M или понова верзија.
  17. За жичен пренос е потребно барем Android™ 4.3, iOS 5 или постари верзии. Android OS мора да користи опции за безжичен пренос. Ако не располагате со потребниот USB кабел/конектор за жичен пренос на Galaxy, може да ги користите и опциите за безжичен пренос. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на новиот Galaxy телефон или преземи ја апликацијата Smart Switch од Galaxy Store. Податоците и содржината достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од оперативниот систем. Од податоците на уредот Galaxy е направена резервна копија и е обновена во меморијата на уредот. Користете резервна копија за PC преку SmartSwitchPC или преку функцијата за резервна копија на SD картичка на SmartSwitchMobile.
  18. Функцијата Повеќекратна контрола е достапна само на избрани паметни телефони Galaxy со One UI 5.1 или понова верзија, уреди Galaxy Tab со One UI 4.1 или понова верзија и уреди Galaxy Book пуштени во употреба во 2021 година или подоцна или со Samsung Settings верзија 1.5 (Intel) или со Samsung Settings верзија 3.3 (ARM).
  19. Достапноста на одредени функции може да се разликува во зависност од моделот на уредот.
  20. Некои дејства на функцијата Повеќекратна контрола може да се недостапни кај одредени апликации.
  21. Потребна е лозинка за Samsung account. Потребна е врска со Wi-Fi и Bluetooth.
  22. Достапноста на Samsung Wallet може да се разликува во зависност од земјата или моделот на уредот. Поддржаните артикли може да се разликуваат во зависност од земјата.
  23. Наменето само за следење на општа добросостојба и физички активности. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување на каква било медицинска состојба или болест. Kорисничкиот интерфејс/корисничкото искуство може да се разликува во зависност од верзијата на софтверот, моделот, регионот и други фактори. Функцијата за GPS рута е достапна само на Galaxy Watch5 Pro.
  24. Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерениот напон врз потрошувачката на батеријата за време на репродукција на видеозапис (резолуција на видеодатотека 720 p, зачувана на уредот). Реалното време на репродукција на видеозаписот се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на видеозаписот, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
  25. Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е трговска марка или регистрирана трговска марка на Qualcomm Incorporated.
  26. Големината на екранот на Galaxy S23 Ultra е 6,8 инчи како цел правоаголник; просторот за гледање е помал поради заоблените агли и дупката за камера.
  27. Опциите за складирање и достапноста може да се разликуваат во зависност од земјата или регионот. Фактичката достапност на просторот за складирање може да се разликува во зависност од претходно инсталираниот софтвер.