Galaxy Z Flip


Кога е преклопен Galaxy Z Flip е изненадувачки мал и има извонреден дизајн кој совршено се вклопува во твојот џеб, чанта или моден додаток.
Тоа е потполно нов, преклопувачки дизајн. Телефон со мали димензии и голема издржливост, какви што твоите раце досега не држеле.
*Фотографијата е симулирана за илустрација.
Galaxy Z Flip се одликува со единствена и неодолива надворешност којашто менува бои според твојот избор.
И напред и назад, од горе до долу, отворен и затворен. Како и да го погледнете, Galaxy Z Flip е навистина прекрасен уред.
Infinity Flex дисплејот на Galaxy Z Flip претставува Dynamic AMOLED екран кој пружа неверојатен квалитет на бои и намалена сина светлина. Со минимална рамка и без пресек за камерата, екранот пружа цели 6,7 инчи восхитувачко визуелно доживување.1
Infinity Flex екран
*Фотографијата е симулирана за илустрација. *Може да забележите набор во средината на главниот дисплеј, кој е нормална карактеристика на екранот.
Запознај го првиот екран со стакло што се преклопува на Galaxy телефон. Да, рековме стакло што се преклопува. Направено од ултра тенко стакло Samsung, ти пружа неверојатен приказ на гладок рамен екран.
Инспирирана од цутот на лотусот, скриената шарка е прецизно артикулирана да пружа задоволувачко искуство при преклопување — дури и ти овозможува да го прилагодиш аголот на преклопување. Исто така содржи и технологија која ја чисти шарката и ја отстранува нечистотијата од неа, така што преклопувањето останува совршено - баш како и твојот стил.
Со технологијата на преклопување на Galaxy Z Flip може да имаш видео-повици без да мора да го држиш телефонот, а и да ги направиш селфи-фотографиите кои претходно не можеше. Затоа преклопи, отвори, остави го исправен. Како и да го наместиш, внесува иновација во начинот на кој фотографираш со твојот телефон.
*Фотографијата е симулирана за илустрација.
Galaxy Z Flip се преклопува и ја задржува својата положба под различни агли, со што ти овозможува под ниски агли да снимиш неверојатни фотографии кои се поигруваат со перцепцијата и наведуваат на размислување. Наречи го тоа новата моќна поза.
Камерата на Galaxy Z Flip ја задржува својата моќ и навечер. Секунди од фотографии со долга експозиција се преточени во видео со светлосни траги кое изгледа како ремек-дело. А, кога ќе го преклопиш телефонот, може да стои како статив, па со Night Hyperlapse може да фотографираш нов вид ноќни фотографии.
Замени го гласовниот повик со видео повик во Google Duo апликацијата и веднаш искуси кристално јасен video chat со помош на предната камера од 10 мегапиксели.
*Фотографијата е симулирана за илустрација.
*Google Duo е заштитен знак на компанијата Google LLC.
Кога го преклопуваш телефонот, режимот Flex ги дели апликациите на два дела и нивните контроли ги поставува на долната половина — горната половина ја претвора во подрачје за приказ.2
*Фотографијата е симулирана за илустрација.
Подобрете го користењето на апликациите така што ќе имате две отворени во исто време. Или уште подобро, стартувајте две истовремено - можете да спарите апликации што често ги користите заедно. Со App Pair и Multi Active Window, извршувањето повеќе задачи на огромниот екран од 6.7" е супер.3, 4
*Апликациите на панелот Edge не се однапред поставени и треба да ги избере корисникот во Поставки.
Допри и повлечи со прстот за да управуваш со твојот телефон дури и кога е заклопен. Надворешниот екран ти ги прикажува известувањата на прв поглед додека контекстуалниот континуитет ти овозможува да го допреш известувањето за незабележливо да се префрлиш на таа апликација кога ќе го отвориш телефонот.
Двојната батерија содржи поголемо напојување и покрај помалите димензии, што ти овозможува цел ден да го отвораш и затвораш телефонот. Со 3300mAh (типично) и врвна интелигенција, целодневната батерија на Galaxy Z Flip телефонот ти овозможува максимално да го искористиш секое полнење.5, 6
*Фотографијата е симулирана за илустрација.
Можеш да ги наполниш своите Buds+ слушалки, рачниот часовник, па дури и телефонот на пријателот.7
Сите фотографии и видео снимки можеш да ги зачуваш на простор за складирање од 256GB.8
Моќен 7nm процесор и 8GB RAM меморија ти овозможуваат да пренесуваш во живо, преземаш содржини и да вршиш мултитаскинг со минимално доцнење.
Твојот паметен асистент кој е секогаш на располагање.9
Оди на BixbyПретвори ја твојата камера во интелигентна алатка што ќе ти дава информации за светот што те опкружува.10
Оди на Bixby VisionВизуелно искуство со HDR10+ сертификат.
Го намалува заморот на очите и нарушувањата на спиењето, без да го наруши квалитетот на боите.
Повеќеслојна заштита која го штити твојот телефон, почнувајќи од чипот па натаму.
Отклучи го телефонот со помош на препознавање на лице, отисок од прст или ПИН број, образец или лозинка.11
Снимај високо-квалитетни видео снимки кои ќе фатат сѐ до најмали детали и подоцна веродостојно ќе ги репродуцираат.
Замати ја позадината и додај bokeh ефект за да направиш уметнички фотографии и видео снимки.
Функцијата за супер-стабилност го стабилизира видеото со акциони сцени.
Со 12 мегапиксели и видно поле од 123 степени, фотографиите и панорамите се на повисоко ниво.
Креирај сопствени филтери врз база на твоите омилени фотографии.
Со брзина до 1,0 Gbps LTE ти овозможува преземање и стримање на содржини со минимално доцнење.12
Претвора кратка снимка во многу различни формати од кои можете да бирате.13
Ви овозможува да ги зачувате пакетите на операторот и брзо да се префрлате - не е потребна замена на SIM-картичката.14
*Dynamic AMOLED дисплејот на Galaxy Z Flip доби сертификат од VDE Германија за 100 проценти волумен на боја на мобилен телефон во ранг на бои DCI-P3 што значи дека твоите слики не се избледени и ќе добиеш неверојатно живописни слики независно од различните нивоа на светлина. Екранот може да постигне максимална светлина до 1100 нити, подобрувајќи го контрастот меѓу темните и светлите аспекти на дигиталната содржина за сјаен квалитет на слики, со контрастен однос 2.000.000:1 за да го збогати твоето искуство со мобилниот телефон.
*SGS, водечка светска компанија за издавање уверенија, му додели на екранот на Galaxy Z Flip телефонот уверение за изразена грижа за видот, затоа што драстично ги намалува штетните ефекти на сината светлина. Сертификатот може да се најде на www.sgs.com.
Избери футрола во свој стил и однеси го своето Galaxy Z Flip искуство на наредно ниво. Футрола од мека телешка кожа која се карактеризира со тенок профил за елегантно преклопување.16