Изберете ја вашата локација и јазик.
Придржувај се на стандардот
  • Galaxy Z Flip4: Извадоци од рецензија на експерт | Samsung
  • Galaxy Z Flip4 : Over the Horizon 2022 | Samsung
Слој на филмски плеер
  • „...Galaxy Z Flip4 е најдобар во својата класа.“

    Digital Trends Joe Maring

    Од Digital Trends. © 2022 Digital Trends Media Group.Сите права се задржани. Се користи со лиценца.

    Samsung Galaxy
    Z Fold4 и Z Flip4

    „Уредите што се преклопуваат ќе бидат не само важни, туку НАЈВАЖНИ“

    TechRadar 08/2022

    Телефонот што има брзи одговори

    БОИ

    Запознај ги новите неутрални нијанси

    Избери боја што одговара на сè — но не е како ниедна друга. Заматениот финиш на стаклото создава суптилен контраст на сјајната полирана метална рамка. Избери од следниве четири нијанси: Светловиолетова, графитна, розово-златна и сина.1

    Galaxy Z Flip4 во светловиолетова боја, преклопен и прикажан под два агли за да се види предната страна и шарката.
    Galaxy Z Flip4 во графитна боја, преклопен и прикажан под два агли за да се види предната страна и шарката.
    Galaxy Z Flip4 во розово-златна боја, преклопен и прикажан под два агли за да се види предната страна и шарката.
    Galaxy Z Flip4 во сина боја, преклопен и прикажан под два агли за да се види предната страна и шарката.

    КОМПАКТНА ГОЛЕМИНА

    Модерно се совпаѓа со сите модни комбинации

    Времето на планирање на гардеробата според телефонот заврши. Мал, но моќен и кога е преклопен, Galaxy Z Flip4 е компактен паметен телефон, во вистинската големина да се собере в џеб кога е време да се остави впечаток.2

    • *Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
    Преклопен Galaxy Z Flip4 во светловиолетова боја гледан од надворешниот екран. Се потпира на три еднобојни колачиња макаронс наредени едно врз друго. Преклопениот уред е сличен по големина со трите колачиња.

    Дизајн отпорен на капки
    Истиот затворен Galaxy Z Flip4 е прикажан повеќе пати гледан под повеќе агли. Опкружен е со вода.

    ГЛАВЕН ЕКРАН

    Може да биде и исправен и легнат

    Екранот од 6,7 инчи открива прекрасен поглед благодарение на ултратенкото стакло.4 Напредната издржливост го прави посилен од кога било – издржува повеќе од 200.000 преклопувања.5, 6

    Отворен Galaxy Z Flip4 во сина боја, прикажан под агол под кој се гледа неговата горна страна и главниот екран. На главниот екран е прикажана шарена заднина во вид на панделка.

    НАДВОРЕШНОСТ

    Неверојатно силен

    Galaxy Z Flip4 е направен да биде издржлив, и одвнатре и однадвор. Ова е нашиот најцврст телефон на преклоп досега со ексклузивното стакло Corning® Gorilla® Glass Victus®+. Рамката е заштитена со Armor алуминиум — нашата најцврста алуминиумска рамка.

    Преклопен Galaxy Z Flip4 прикажан од предната страна со проѕирни слоеви од него еден над друг за да се прикаже зајакнатата издржливост.

    IPX8 ВОДООТПОРНОСТ

    Водата не може да го исплаши

    За што се грижиш? Ова се првите водоотпорни паметни телефон на преклоп во светот.6 Може да издржи потопен во вода длабока 1,5 метар, во временски период до 30 минути без проблем.

    Три затворени телефони Galaxy Z Flip4 прикажани од страната на шарката и од предната страна, опкружени со распрскана вода.

    Пофали се со фотографските вештини
    Неколку лица седат во различни пози под различни агли за да направат селфи. Благодарение на FlexCam, може да позираат од поголемо растојание, без да го држат телефонот.
    #withGalaxy
    Пофали се со твојата темна страна
    Жена прави селфи во темно опкружување. Боите се светли и нејзините црти се гледаат јасно благодарение на Nightography.
    #withGalaxy

    МУЛТИКАМЕРА СИСТЕМ

    Живеј го најдобриот ноќен живот

    Ноќта станува посветла со Nightography на задната камера. Деталите се истакнуваат дури и во темница со поголемите пиксели на широкоаголната камера. Кажи „птичка“!

    Nightography не е само за фотографии, туку и за видеа. Кога ќе започне акцијата, видеото се снима непречено, нема тресење, а OIS и VDIS се подобрени. Моќното обработување ѝ овозможува на опцијата Super Night Solution да го намали шумот, така што снимките од екипата ќе бидат јасни, дури и ноќе.

    Galaxy Z Flip4 во Flex режим. На главниот екран се гледа камерата во ноќен режим. Покажува преглед на градски хоризонт ноќе. Со ноќниот режим боите и деталите на градските светла се живописни и јасни.
    Задната камера на Galaxy Z Flip4.
    12 MP Ултраширока камера 12 MP Широкоаголна камера
    Предната камера на Galaxy Z Flip4.
    10 MP Селфи камера

    FLEXCAM

    Ајде, пофали се!

    Ја претставуваме FlexCam. За многу нови доживувања на камерата, без да користите раце. Искористи ги подвижните агли на телефонот за да направиш групни фотки, селфи фотографии и видеа од неверојатни перспективи и со впечатливи живописни детали — дури и во апликациите за друштвените мрежи.7

    • *Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

    Galaxy Z Flip4 во FlexCam режим. На главниот екран се гледа апликацијата за камера и ја покажува групната фотографија направена под низок агол. Следно, група пријатели позира за фотографија. Пред нив на земјата е поставен Galaxy Z Flip4 во FlexCam режим за да ги фотографира. Пријателите може да видат преглед на фотографијата на главниот екран во режимот Flex.

    QUICK SHOT

    Зачекори во ерата на самопортрет

    Без да го отворате телефонот, правете селфи со задната камера додека насловниот екран ви дава преглед во реално време. Проверете се оддалеку со визир на цел екран или допрете за да го видите оригиналниот сооднос за да бидете сигурни дека сите се во рамката. А со новите надградби на софтверот, Quick Shot може приспособливо да се отвора сѐ додека FlexCam не ја преземе контролата, за да може да снимате фотографии без раце при високи и ниски агли.9

    • *Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

    Предниот дел на Galaxy Z Flip4 поставен на страна, со лице кое прави селфи, покажано на вертикалниот надворешен екран. Телефонот се врти и фотографијата се врти со него и го покажува оригиналниот сооднос на аспект на сега веќе хоризонтален надворешен екран.
    #withGalaxy

    ЗАБАВА

    Јави се на екипата
    Четири лица вршат видеоповик, секој во сопствен прозорец. Galaxy Z Flip4 во FlexCam режим покажува видеоповик со четири учесници на главниот екран.

    ВИДЕОПОВИК

    Сподели со екипата

    Разговарајте преку видеоповик на Google Meet.10 Можеби дури и имајте филмска вечер од вашиот телефон, гледајќи видео со висок квалитет со вашите пријатели преку споделување во живо. Со синхронизираните видеа, видете ги реакциите на дејството што другите ги имаат во реално време.11

    • *Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
    Galaxy Z Flip4 во FlexCam режим покажува видеоповик со четири учесници на главниот екран.

    FLEXCAM ЗА ДРУШТВЕНИТЕ МРЕЖИ

    Разубави го твојот ѕид со објави

    Создавањето содржина веќе стана полесно. FlexCam успешно ви овозможува да ја проширите вашата режисерска гледна точка, овозможувајќи ви да се снимате себеси, вашите пријатели или вашите актери од нови агли.9 А штом вашиот филм ќе биде подготвен за премиера, едноставно поставете го на вашите социјални медиуми за да ги добиете заслужените пофалби.

    • *Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

    Џеб исполнет со моќ

    Со толку моќна батерија, може да разговараш колку сакаш. Надградениот процесор од 4 nm работи со долготрајната (типична) батерија од 3700 mAh за да работи со часови.10,11

    Кога батеријата е празна, вклучи го на супербрзо полнење или воопшто не користи го кабелот со брзото безжично полнење 2.0.12 Со толку енергија, може и да ја споделуваш со пријател или да ги наполниш слушалките со безжичниот PowerShare.13

    • *Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
    Заедно се подобри
    Адаптер од 25 W14
    за супербрзо полнење
    Продолжи на Полначи
    Отворен Galaxy Z Flip4 за да се гледа главниот екран и видеоповик во тек.

    НАДВОРЕШЕН ЕКРАН

    Прозорец кон твојот свет
    Неколку различни лица на часовник се спојуваат во шаблон од плочки. Секое од нив има различна заднина и ги прикажува времето, датумот и статусот на батеријата. На средишното лице на часовник, четири анимирани ликови како зголемени емотикони позираат заедно како за групна фотографија.

    ПРИСПОСОБИ ГО НАДВОРЕШНИОТ ЕКРАН

    Покажи го твојот стил

    Со приспособливиот надворешен екран од 1,9 инчи, добиваш уште едно платно на кое може да се изразиш.15 Менувај го како и колку сакаш со твоите видеа, фотографии или сопствен емотикон во AR за да го персонализираш лицето на часовникот. Со толку многу контрола лесно може да го ажурираш со твоето расположение, времето или да ти одговара на облеката.

    Преклопен Galaxy Z Flip4 во розово-златна боја со персонализиран емотикон во AR поставено како лице на часовникот на надворешниот екран.

    КОРИСЕН НАДВОРЕШЕН ЕКРАН

    Погледни, делувај и оди

    Вашите дневни редовни дигиталци, директно на насловниот екран. Контролирајте го телефонот со допири и лизгање на насловниот екран од 1,9 инчи.17 Пристапувајте до Брзите поставки, одговарајте на текстуланите пораки и додавајте виџети за да ги имате апликациите на дофат на раката – не е потребен главен екран.

    • *Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
    Преклопен Galaxy Z Flip4 во розово-златна боја со известување за текстуална порака на надворешниот екран. Покажува серија емотикони: очи, тркачки автомобил и ветер.

    GALAXY WATCH5

    За добар одмор, сè треба да ти е на рака

    Сега е полесно да ги следиш своите навики. Следи ги навиките за спиење директно од раката со помош на Galaxy Watch5 кој ги бележи и нив и многу повеќе.16 Штом ќе те запознае, ќе го дознаеш твоето животно и ќе добиеш корисни совети во врска со спиењето.

    • *Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

    Заедно се подобри
    Galaxy Watch519
    за следење на спиењето
    Продолжи на Galaxy Watch5
    Galaxy Z Flip4 во FlexCam режим снима видео од тренинг. До него се наоѓа Galaxy Watch5.

    Поврзаната моќ на Samsung Galaxy

    *Galaxy Z Fold4, Galaxy Watch5 и Galaxy Buds2 Pro се продаваат одделно.

    SMART SWITCH

    Кога стариот телефон се сретнува со новиот

    Smart Switch го олеснува префрлувањето од стариот телефон на Galaxy Z Flip4 — дури и ако досега не си имал Samsung Galaxy. Во само неколку чекори може да ги префрлиш фотографиите, пораките и многу повеќе.18

    • *Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
    Продолжи на Smart Switch
    Постар уред на преклоп гледан од задната страна и Galaxy Z Flip4 отворен на главниот екран. Телефоните се поставени еден кон друг со задната страна, а иконата Smart Switch е во центарот. На екранот на Galaxy Z Flip4 се наоѓа апликацијата Smart Switch која покажува пренос на податоци од стариот уред.
    GALAXY ИЗВОНРЕДНОСТ Не очекувај ништо помалку
    • 4 NM ПРОЦЕСОР

      Брз исто колку што е флексибилен

      Играњето, извршувањето повеќе задачи истовремено или извршувањето повеќе задачи истовремено додека играте е непречено и беспрекорно. Galaxy Z Flip4 сега го има најмоќниот чип од Samsung Galaxy Foldables.21

      Со надградена камера опремена со 65 % посјаен сензор* овозможен од мобилната платформа Snapdragon® 8+ Gen 1, фотографиите и видеата се појасни и постабилни – дење или ноќе.

      *Споредено со Galaxy Z Flip3 5G.

    • 5G

      Брзина за нетрпеливите

      Каде и да сакате да го споделите моментот, однесете го брзо! 5G поврзувањето ви овозможува да пренесувате, преземате и објавувате содржини со хипербрзи брзини.22

    • МЕМОРИЈА

      Не бриши ниеден момент од животот

      Отсега може да снимате дење или ноќе, така што ви треба простор за да ја задржите вашата уметност при рака. Наполнете ја вашата Gallery со до 256 GB вграден простор за складирање.

      Синхронизирајте ја Gallery со OneDrive и уживајте во 6 месеции со 100 GB простор за складирање во облакот на OneDrive со Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4.*Применливи се правила и услови.

    • SAMSUNG KNOX

      Повеќеслојна безбедност

      Samsung Knox е вграден во хардверот и софтверот на телефонот, штитејќи го секој слој на безбедност за да ги зачува твоите податоци и нивната приватност.

    • СТРАНИЧЕН ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТ

      Професионален совет: Отклучи со допир

      Главниот екран се отклучува брзо и прецизно со еден допир на скенерот за отпечаток од прст — скенерот го држи телефонот заклучен со отпечаток.

    • ONE UI

      Платформа само за тебе

      One UI ти помага да го направиш твојот Android телефон уникатен. Приспособи ги надворешниот и главниот екран да ти одговараат на вкусот и на начинот на кој сакаш да го користиш телефонот.

      Продолжи на One UI

    Често поставувани прашања

    • Galaxy Z Flip4 доаѓа во светловиолетова, графитна, розово-златна и сина. Може да го приспособиш телефонот со предни и задни панели и рамки. Избери си комбинација на бои кога ќе нарачуваш преку Samsung.com.1,2

      ПРОДОЛЖИ НА БОИ
    • Покомпактниот Galaxy Z Flip4 има поголема батерија, побрз процесор и поцврст дизајн од својот претходник. Надворешниот екран е поприспособлив од кога било досега. Galaxy Z Flip4 снима дури поквалитетни слики во слабо осветлени средини благодарение на подобрената широка камера. А сега има и повеќе апликации од трети страни оптимизирани за Flex режим, како и повеќе начини да се користат повеќе прозорци на еден екран.

    • Galaxy Z Flip4 е одличен за селфи слики и видеоповици поради неговиот дизајн на преклопување. Се преклопува и се претвора во сопствен статив за да може да вршиш повици без користење на рацете или може да го поставиш и да сликнеш оддалеку, така што никој нема да биде отсутен од групната фотографија. Може дури и да ги гледаш селфи сликите на надворешниот екран, без да го отвораш телефонот.2

      ПРОДОЛЖИ НА КАМЕРА
    • Galaxy Z Flip4 се напојува со интелигентна двојна батерија од 3.700 mAh (вообичаено).12, 13 Се полни побрзо од нејзиниот претходник кога е приклучена и сега поддржува Super Fast Charging и Fast Wireless Charging..14, 15

      ОДИ НА БАТЕРИЈА
    • Осмисли изглед на часовникот што ќе го изразува твојот стил или постави видео како тапет на надворешниот екран. Но, не е сè во изгледот. Може да додаваш виџети и да одговараш на известувања без да го отвориш телефонот.

      ПРОДОЛЖИ НА ПРИСПОСОБИ ГОНАДВОРЕШНИОТ ЕКРАН
    • Galaxy Z Flip4 е направен од цврсти материјали како што е Corning® Gorilla® Glass Victus®+, Armor алуминиум и ултратенко стакло што прават да биде еден многу отпорен уред. Плус, ова се првите водоотпорни паметни телефони на преклоп во светот.6

      ПРОДОЛЖИ НА ИЗДРЖЛИВОСТ

    Види го Galaxy Z Flip4 во AR

    ОТВОРИ ВО AR

    ЗОШТО GALAXY

    Твој Galaxy. По твое.

    Уредите Galaxy ти овозможуваат повеќе начини на поврзување и слобода да создаваш искуства токму какви што сакаш.

    РАЗГЛЕДАЈ ПОВЕЌЕ