Welcome to the
!
Please enjoy our special offers for you

Кога е затворен е телефон.

Кога е отворен е таблет.

Приспособлив за бесконечни можности.

Galaxy Z Fold2 во мистично бронзена боја, преклопен, а на екранот кога е преклопен има позадина со пеперутка. Се отвора за да го открие главниот екран со истата позадина со пеперутка на екранот. Се свртува и полека се затвора, покажувајќи агол за режимот Flex, со истата позадина со пеперутка на екранот.

Запознај го телефонот што ја менува иднината. Број еден телефон на преклоп во светот, кој е комбинација од моќни перформанси, стакло кое се витка и батерија која трае цел ден, за целосна контрола.1, 2

Го откриваме следното поглавје на мобилни телефони.

Претставување на Galaxy Z Fold2

  • Откривање

ДИЗАЈН

Дизајниран да ја смени иднината

СТИЛ

Суптилна палета на софистицирани нијанси

Иднината на мобилните доаѓа во две богати бои — мистично црна и мистично бронзена. Избери црна за ексклузивен и безвременски изглед. Или бронзена за да се издвоиш од толпата.

Два Galaxy Z Fold2 телефони, едниот во мистично бронзена боја, а другиот во мистично црна, влегуваат од двете страни, напола отворени, а на екранот има заднина со пеперутка. Се сретнуваат на половина пат, еден до друг и целосно се преклопуваат. Еден Galaxy Z Fold2 сега е покажан од задната страна, а другиот е покажан од предната страна, прикажувајќи ја позадината со пеперутка на Cover Screen.

*Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.

Екран кога е преклопен

Облакодери, камерата на телефонот гледа нагоре кон врвовите на зградите среде сино небо, гледано на Cover Screen.
Кога е преклопен е целосно функционален паметен телефон

Кога е преклопен, Galaxy Z Fold2 претставува врвен паметен телефон со 6,2-инчен екран.3 Пространиот дисплеј овозможува повеќе простор за играње — совршен е за допишување, разговарање и гејминг.

Главен екран

Galaxy Z Fold2 се отвора за да ја покаже сликата од облакодер на главниот екран.
Кога е отворен, го проширува твојот свет

7,6-инчниот дисплеј кој се преклопува и кој е направен од ултра тенко стакло на Samsung, се отвора за да ги покаже богатите бои на Dynamic AMOLED 2X.4 Екранот емитува помалку сина светлина, така што може да го отвориш како таблет и да уживаш во гледањето со часови, речиси без замор за очите.

*Сликата е симулирана за илустрација.

  • Минимални прекинувања

    на Infinity Flex Display

    Мала дупка за камера, без засек и потенки жлебови. Визуелните работи кои ти го одземаат вниманието сега се намалени за да можеш да гледаш што повеќе од екранот.

  • Се адаптира на содржината

    од 11 Hz до 120 Hz и повеќе5

    Интелигентниот дисплеј забележува што правиш и ја менува брзината на освежување. На тој начин, добиваш идеална глетка и штедиш батерија.

ПРЕКЛОПУВАЊЕ

Тука започнува ново движење

Galaxy Z Fold2 во мистично бронзена боја, половично отворен и покажан од задната страна за да ја покаже скриената шарка.

СКРИЕНА ШАРКА

Прецизно изработена за неверојатно глатко движење

Врвниот дизајн на шарката на Galaxy Z Fold2 овозможува беспрекорно и глатко движење при преклопување. Скриената шарка е најнапредниот механизам на преклопување кај паметни телефони.

  • CAM технологија

    основата на режимот Flex

    Преклопувањето, отворањето, режимот Flex — сите зависат од технологијата CAM којашто овозможува заклучување на екранот под различни агли.2

РЕЖИМ FLEX

Создаден да ти овозможи флексибилност за поголема слобода

ГЛЕДАЊЕ ВО РЕЖИМОТ FLEX

Најди го својот агол

Режимот Flex ти овозможува да го преклопиш Galaxy Z Fold2 под агол и да го држиш како што сакаш — или да не го држиш воопшто.2 Едноставно преклопи го за да го користиш режимот Flex на главниот екран и направи видео-повик со Google Duo без да ги користиш рацете. Или преврти го на екранот Cover од предната страна за поудобно да ја гледаш омилената серија.6

Galaxy Z Fold2 во мистично бронзена боја, преклопен и гледан од задната страна. Се врти спротивно од насоката на стрелките на часовникот, се отвора додека се врти, додека не дојде до предната страна и не се открие главен екран во режимот Flex. На екранот се гледа видео-повик преку Google Duo со 5 учесници, покажувајќи како режимот Flex го дели екранот на половина со областа за гледање во горниот дел, а контролите во долниот.

*Сликата е симулирана за илустрација.

*Google Duo е трговска марка на Google LLC.

КАМЕРА ВО РЕЖИМОТ FLEX

Целосно нов начин на снимање

Снимај фотографии и видеозаписи под агли под кои повеќето паметни телефони не можат — без дополнителна опрема.2, 6 Режимот Flex се спојува со Auto framing за да не ги користиш рацете додека ги креираш видео-блоговите и да останеш во фокус.

Galaxy Z Fold2 во мистично бронзена боја, во режимот Flex. Екранот преминува на апликацијата Camera, покажувајќи маж како прави „селфи“ фотографија без раце, со Capture View Mode, давајќи му поголем преглед на сликата што ја направил.

*Фотографијата е направена со Galaxy Z Fold2 со симулирано преклопување за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

ИСКУСТВО

Откриј доживувања што досега биле невозможни

APP CONTINUITY

Беспрекорноста на отворањето

Отвори апликација на екранот кога е преклопен, потоа отвори го телефонот за да ја видиш на поголем екран со оптимизиран кориснички интерфејс. Двата дисплеја работат непречено за да го одржат континуитетот на апликацијата.7

  • Оптимизирани апликации

    отворен за поголем преглед

    Апликациите се оптимизирани за главен екран, така што можеш да го отвориш телефонот и корисничкиот интерфејс се приспособува без проблем. Плус, може да го избереш начинот на гледање, па на екранот да се собере уште повеќе содржина.8, 9

Galaxy Z Fold2 во мистично бронзена боја, преклопен и покажан од предната страна. Се наоѓа во режимот Multi Active Window со две апликации на екранот кога е преклопен. Се отвора за да ги открие истите две апликации на главниот екран за да ја покаже функцијата App Continuity.

МУЛТИТАСКИНГ

Телефон што држи чекор со времето за ти да бидеш пред сите

Со надградениот приказ на повеќе прозорци и функцијата App Continuity, можеш истовремено да користиш две апликации на Cover Screen, да ги преместиш на Main Screen, да отвориш трета апликација со Split Screen, а потоа едноставно допри и работи или играј каде што треба.10, 11

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Edge Panel е отворен и може да повлечеш апликација од панелот за да ја отвориш на главниот екран, покажувајќи како се користи Mutli Active Window со три апликации на главен екран.
  • App Pair

    отвори повеќе апликации одеднаш

    Сега може да отвориш до 3 апликации истовремено — а ако го зачуваш распоредот, тој секој пат ќе се отвора на истиот начин.12

  • Drag and Drop

    за полесно поместување датотеки

    Повеќе не мора да се движиш низ повеќе менија за да преместиш содржина од една апликација во друга. Користи го прстот за лесно управување со опцијата Drag and Drop помеѓу апликациите.13

ГЕЈМИНГ

Отвори за сосема ново доживување на играњето

Искористи ја брзата реакција и непречената акција на главен екран од 120 Hz.14 Или поврзи Bluetooth џојстик and Galaxy Buds Live со подобрена латентност за да играш во реално време.

Galaxy Z Fold2 отворен и покажан од предната страна. На главен екран има сцена од игра. На двете страни од телефонот има сцени од други игри кои може да се играат на Galaxy Z Fold2.

*Galaxy Buds Live се продаваат одделно.

*Џојстикот се продава одделно.

ПЕРФОРМАНСИ

Перформанси како ниеден претходен паметен телефон

ДВОЈНА БАТЕРИЈА КОЈА ТРАЕ ЦЕЛ ДЕН

Двојна батерија за цел ден

Батеријата која ги менува правилата се врати со моќ на две интелигентни батерии и трае цел ден. Ја комбинира моќта на две батерии во еден долготраен извор на енергија од 4500 mAh (типично).16 А со подобрената AI, Galaxy Z Fold2 активно ја чува енергијата за кога најмногу ти треба, во текот на целиот ден.1

Galaxy Z Fold2 во мистично бронзена боја, отворен и поставен со екранот нагоре. Двете страни на целодневната двојна батерија се појавуваат лебдејќи над главниот екран, a бојата се намалува за да покаже како двојната батерија работи како една за еднакво трошење на енергијата.

КАМЕРА

Твојот поглед на светот само што стана поинтересен

Задната тројна камера на Galaxy Z Fold2 во мистично бронзена боја.

ДВОЕН ПРЕГЛЕД

Види ја совршената снимка пред да ја направиш

Кога е отворен, Galaxy Z Fold2 ти овозможува да ги користиш двата екрани, за оние што се сликаат да може да видат дали им се допаѓа фотографијата пред да го допреш копчето за блендата. Постави кадар со главен екран, a екранот кога е преклопен ќе им овозможи на луѓето што ги сликаш првин да погледнат, па потоа да се наместат во посакуваната поза пред да сликне камерата.

*Фотографијата е направена со Galaxy Z Fold2 со симулирано преклопување за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Galaxy Z Fold2 во мистично бронзена боја, отворен и го покажува интерфејсот на апликацијата Camera, со портрет од двајца мажи и една жена на главниот керан. Телефонот се врти за да ја покаже задната камера и екранот кога е преклопен , со истиот портрет од двајца мажи и една жена на екранот, покажувајќи како опцијата за двоен преглед, Dual Preview, им овозможува на тие што се сликаат да ја погледнат сликата пред да се сликаат.

AUTO FRAMING

Те става тебе во фокус

Фокус како со видео-камера, сега на револуционерниот паметен телефон. Едноставно допри ја иконата Auto framing и камерата те следи тебе или она што го сликаш за да те задржи во центарот и во фокус. А ако се приклучат повеќе луѓе, го проширува погледот за и тие да бидат вклучени во кадарот — а потоа повторно го стеснува кога ќе се тргнат.17

*Видеото е направено со Galaxy Z Fold2 со симулирано преклопување за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Пушти

Најгоре на видеото се гледа интерфејсот на апликацијата Camera. Маж се наоѓа внатре покрај маса и камерата зумира за да се фокусира на него. Тој мавнува со раката, а потоа седнува. Жена влегува во кадарот и мавнува, а потоа погледот се менува за да се фокусира и на двајцата на снимката.

ДОДАТОЦИ

Го носиме Galaxy Z Fold2 на уште повисоко ниво на работа и забава

Два Galaxy Z Fold2 телефони, едниот преклопен, другиот отворен, и двата гледани од задната страна. Едниот е ставен во Aramid стоечка футрола, а другиот во кожна. Слушалките Galaxy Buds Live во мистично бронзена боја и Galaxy Watch3 во мистично бронзена боја се наоѓаат веднаш до телефоните.

*Додатоците се продаваат одделно. Достапноста на моделот и бојата може да се разликува во зависност од земјата.

Откриј го Galaxy Z Fold2 во AR

ПОГЛЕДНИ СЕГА

Рака која држи Galaxy Z Fold2 со страницата AR на екранот.

Кажи му збогум на паметниот телефон. Го претставуваме моќниот телефон.

Оди на Galaxy Note20

Galaxy Note20 Ultra во мистично бронзена боја, гледан од задната страна. Соодветно S Pen пенкало лежи долж задниот дел.