За SmartThings за Galaxy часовник

Апликацијата SmartThings сега може да се користи од вашиот Galaxy часовник. Со оваа апликација, можете да го користите вашиот Galaxy часовник за да гледате и контролирате различни IoT уреди.

SmartThings во Galaxy часовник.

Клучни карактеристики

  • Погледнете го статусот на уредите регистрирани под ¨Омилени¨ на вашиот паметен телефон.
  • Сцените додадени во ¨Омилени¨ на вашиот паметен телефон може да се гледаат и да се прикажуваат на вашиот часовник.
  • За некои уреди е можна подетална контрола.

Забелешка: Поддржани уреди: Телевизори, звучници, клима уреди, роботски правосмукалки, осветлување (5 типа).

1) ТВ: Променете го каналот, прилагодете ја јачината на звукот, поставете го на тивко, одете на претходниот канал.

2) Звучник: Прилагодете ја јачината на звукот, поставете го на тивко, контрола на репродукција на музика (старт/стоп, претходна песна/следна песна).

3) Клима уред: Поставување на температурата, внатрешна температура.

4) Робот правосмукалка: Прилагодете ја насоката (напред, вртење лево, десно вртење), започнете со чистење/пауза, започнете со полнење

5) Осветлување: Прилагодување на осветленоста, мешавина на бои.

  • Не може да се додадат нови уреди преку апликацијата SmartThings за Galaxy часовник.

За да поврзете нов уред, користете ја апликацијата SmartThings инсталирана на вашиот мобилен телефон.

Модели на Galaxy часовник кои ја поддржуваат апликацијата SmartThings

Апликацијата SmartThings може да се инсталира и користи на сите модели на Galaxy часовник4 и Galaxy часвоник4 класик, како и на сите модели што ќе бидат лансирани потоа.

Како да ја инсталирам апликацијата SmartThings

  1. Преземете ја апликацијата од продавницата на Google Play.
Екран за да изберете google. Екран за да изберете google.

Чекор 1. Стартувајте ја Google Play

Избрана е иконата за пребарување. Избрана е иконата за пребарување.

Чекор 2. Допрете го копчето за пребарување

Избрана икона за тастатура при пребарување на апликации. Избрана икона за тастатура при пребарување на апликации.

Чекор 3. Допрете ја иконата на тастатурата

Внесете „SmartThings“ и пребарајте ја апликацијата. Внесете „SmartThings“ и пребарајте ја апликацијата.

Чекор 4. Напишете „SmartThings“ и притиснете пребарување

Апликацијата „SmartThings“ избрана во резултатите за пребарување. Апликацијата „SmartThings“ избрана во резултатите за пребарување.

Чекор 5. Изберете ја апликацијата „SmartThings“.

Инсталирајте ја апликацијата SmartThings. Инсталирајте ја апликацијата SmartThings.

Чекор 6. Допрете Инсталирај

2.  Најдете ја апликацијата во апликацијата Google Play на вашиот паметен телефон и изберете „Инсталирај на друг уред“.

Екран за пребарување на апликацијата SmartThings во Play Store. Екран за пребарување на апликацијата SmartThings во Play Store.

Чекор 1. Пребарајте SmartThings на Play Store

Екран за да изберете „Достапно на повеќе уреди“ во апликацијата SmartThings во Play Store. Екран за да изберете „Достапно на повеќе уреди“ во апликацијата SmartThings во Play Store.

Чекор 2. Изберете „Достапно на повеќе уреди“

Избрана е опцијата за инсталирање. Избрана е опцијата за инсталирање.

Чекор 3. До паметниот часовник допрете „Инсталирај“

Благодариме за повратните информации