Како се користи Samsung Cloud

Знаеме дека уредот ви е полн со важни нешта што никогаш не сакате да ги изгубите. Од слики од одмор до возбудливи видеа од концерти и важни деловни датотеки, погрижете се дека сè е безбедно зачувано. Благодарение на лесната услуга за управување со датотеки на Samsung Cloud, можете лесно да правите резервни копии и да враќате податоци на мобилниот телефон или таблетот во секое време.

Samsung Cloud е услуга што поддржува синхронизација на информации поврзани со сметката на Samsung на корисникот, како и правење резервни копии/враќање на информациите зачувани во уредот на корисникот.

Мобилен уред ја прикажува апликацијата Samsung Cloud до нејзината икона.

Како да го користам Samsung Cloud?

Samsung Cloud е веќе инсталиран на вашиот уред. Може да ги отворите функциите во менито со поставки подолу:

  • Синхронизација:

Одете на поставки за уредот, допрете на вашата сметка на Samsung, изберете Samsung Cloud и потоа ќе се појави список со апликации со преклопно копче за да се вклучи/исклучи синхронизацијата.

  • Правење резервни копии/враќање:

-  За да направите резервна копија од податоците: Одете на поставки за уредот, допрете на вашата сметка на Samsung, изберете Samsung Cloud и допрете „Направи резервна копија од податоците“. Може да изберете од што сакате да се направи резервна копија, со тоа што ќе го поместите преклопното копче до секој податок.

-  За да ги вратите податоците: Одете на поставки за уредот, допрете на вашата сметка на Samsung, изберете „Samsung Cloud“ и изберете „Врати ги податоците“. Може да изберете кои податоци да се вратат.

Кога ќе го вклучите визардот за инсталација за прв пат, може да ги вратите податоците зачувани со резервни копии на стариот уред со тоа што ќе се најавите на вашата сметка на Samsung.

Имајте предвид: Чекорите може да се разликуваат во зависност од верзијата на уредот/апликацијата.

Благодариме за повратните информации