Како се користи Secure Wi-Fi

Secure Wi-Fi ги штити вашите податоци од сајбер-напади, овозможувајќи опкружување каде Galaxy корисниците може да користат Wi-Fi мрежи без да се грижат. Подолу дознајте како се користат сите овие функции.

Приказ на логото Secure Wi-Fi над главниот екран на апликацијата.

Secure Wi-Fi овозможува одреден степен на заштита, бесплатно, секој месец, со цел да ги заштити вашите активности. (Android™ 12 и понови верзии 1024 MB/Android™ 11 и постари верзии 250 MB).


Покрај тоа, овозможуваме разни практични функции зависно од вашите потреби:

1 Активирајте ја опцијата secure Wi-Fi и допрете на копчето „Заштити“.
2 Ќе се активира иконата за secure Wi-Fi и мрежата ќе биде заштитена.

Secure Wi-Fi нуди опција за „Автоматска заштита на Wi-Fi“ кога уредите се поврзуваат до јавна или неверодостојна Wi-Fi мрежа. Функцијата е особено корисна кога користите Wi-Fi на јавни места, како кафулиња, хотели и аеродроми.

  • Адаптивна заштита 

Ја штити Wi-Fi поврзаноста кога користите јавна или неверодостојна Wi-Fi мрежа. Го шифрира секое барање за DNS за да обезбеди оптимална заштита во секое време.

  • Заштита само за јавни Wi-Fi мрежи 

Ја штити Wi-Fi поврзаноста кога користите јавна или незаштитена мрежа.

  • Заштита само за DNS

Ги шифрира барањата за DNS за да ги заштити личните податоци.

Може да ја оневозможите функцијата „Автоматска заштита на Wi-Fi“ кога се поврзувате со одредена Wi-Fi мрежа. Secure Wi-Fi ефективно управува со регистрирани Wi-Fi мрежи преку нивните имиња и локации. Оваа функција е особено корисна кога се поврзувате со доверливи Wi-Fi мрежи како што е Wi-Fi мрежата во домот и сертифицирани Wi-Fi мрежи овозможени од даватели на телекомуникациски услуги.

Secure Wi-Fi може да прикажува заштитни активности во графикони и списоци, врз основа на имињата на претходно користените Wi-Fi мрежи. Оваа функција е корисна кога сакате да ги проверите записите за мрежи заштитени преку Secure Wi-Fi во минатото.

Secure Wi-Fi може да се примени и на апликации. Можете селективно да ги вклучувате и исклучувате активностите на Secure Wi-Fi преку специфични прекинувачи во заштитената апликација. Оваа функција е корисна кога шифрирањето спречува непречена комуникација на податоци на одредена апликација и кога е неопходно да се приспособат поставките за Secure Wi-Fi за секоја апликација.

Во Secure Wi-Fi, поставките за безбедност флексибилно се менуваат зависно од веб-протоколите што сте ги поставиле (HTTP, HTTPS, итн.).

Благодариме за повратните информации