Кои функции ги нуди Samsung Flow

Со Samsung Flow може да поврзете повеќе уреди за да споделуваат информации меѓусебе, да ги синхронизираат известувањата и многу повеќе. Во продолжение дознајте повеќе за функциите на Samsung Flow.

Приказ на два уреди поврзани со Samsung Flow.

Во Samsung Flow има неколку функции што гарантираат сигурна и инстант поврзаност помеѓу вашите уреди.

Синхронизирање на известувањата

Може да ги синхронизирате известувањата за да се појавуваат на поврзаните уреди.

1 Одете во Samsung Flow на својот телефони допрете на копчето „Повеќе“ на горниот десен дел на екранот.
2 Изберете „Поставувања“ и кликнете на „Управувај со известувањата“.
3 Вклучете го копчето на преклоп кај „Сите апликации“ ако сакате да ги синхронизирате известувањата од таблетот или компјутерот.

Имајте предвид: Оваа функција може да не е достапна за некои апликации ако не поддржуваат Android™ известувања.

Префрлање

Може да споделувате датотеки помеѓу уредите поврзани со Samsung Flow.

  • Најдете го копчето „сподели/сподели преку“ во апликацијата од која сакате да споделите датотеки (на пример Галерија, Мои датотеки) или од веб-страницата на којашто сте, а потоа изберете „Samsung Flow“ од опциите/иконите за споделување.
  • Со помош на иконата за тастатура во горниот десен агол на Samsung Flow на таблет или компјутер, лесно може да копирате и лепите работи.
  • Може да смените каде се зачувуваат датотеките што се споделуваат со помош на Samsung Flow на компјутер или таблет.

Smart View

Преку функцијата Smart View, моменталниот екран на телефонот ќе се прикаже на таблетот/компјутерот. Може да уживате во сите активности преку екранот на телефонот на вашиот таблет/компјутер, вклучително и да испраќате и да враќате на пораки, а и да играте игри.

  • Со помош на Smart View екранот, може да повлекувате и пуштате датотеки помеѓу двата уреда. 
  • Може лесно да пристапувате до дополнителните функции со помош на иконите во горниот дел на екранот на Smart View. На пример, може да го користите режимот „Не вознемирувај“, да ја смените ориентацијата на екранот, да преминете на целосен екран, да го вклучите/исклучите екранот, да снимате екрани, да ја приспособите резолуцијата (во поставувањата), да додавате омилени, итн.
  • Со функцијата за повеќе екрани на вашиот Galaxy таблет, можете истовремено да ги контролирате телефонот и таблетот.
  • Некои апликации на поврзаниот телефон може да се споделат на екранот преку кратенката за Samsung Flow на таблетот Galaxy (Android™ O(8.0)~).

Благодариме за повратните информации