Какви промени се внесуваат со Galaxy Themes?

Galaxy Themes ви овозможува да промените многу визуелни аспекти од телефонот. Зависно од избраната тема, секоја од нив може да има своја заднина, икони или фонтови.

 

Galaxy Themes применета на мобилни.

Кога ќе изберете нова тема, може да се сменат следниве работи:

  • Екранот за заклучување и заднината на почетниот екран.
  • Иконите на апликациите.
  • Визуелниот дизајн кога работат апликации овозможени од Samsung, како на пример телефонот, контактите, пораките и тастатурата.
  • Звуковите како тонот на ѕвонење, допирот на екранот и друго.
  • Фонтовите во некои делови.
  • Целосниот изглед на уредот.

Имајте предвид: Не се менуваат сите претходно наведени ставки. Опсегот на промените може да се разликува во зависност од темата, така што деталите за секоја тема може да ги најдете во „Опис“.

Ако сакате да ја вратите стандардната тема, следете ги следниве чекори:

Чекор 1. Отворете ја Galaxy Themes и допрете на иконата „Мени“ во долниот десен дел. Чекор 1. Отворете ја Galaxy Themes и допрете на иконата „Мени“ во долниот десен дел.

Чекор 1. Отворете ја Galaxy Themes и допрете на иконата „Мени“.

Чекор 2. Во горниот дел на екранот допрете ја опцијата „Мои работи“. Чекор 2. Во горниот дел на екранот допрете ја опцијата „Мои работи“.

Чекор 2. Допрете ја опцијата „Мои работи“.

Во картичката „Теми“ изберете „Стандардна“.Во картичката „Теми“ изберете „Стандардна“. Во картичката „Теми“ изберете „Стандардна“.Во картичката „Теми“ изберете „Стандардна“.

Чекор 3. Во картичката „Теми“ изберете „Стандардна“.

Откако ќе поставите некоја тема може слободно да ја менувате другата содржина како што е заднината, иконите или AOD функцијата.

  • За да поставите друга заднина/икона/AOD функција на избраната тема, следете ги следниве чекори:
1 Отворете ја апликацијата Galaxy Themes и допрете на опцијата „Мени“.
2 Допрете на „Мои работи“ и изберете ја картичката за заднина, икони или AOD функција за содржината што сакате да ја поставите.
  • За да ја поставите стандардната Samsung позадина откако сте поставиле тема, следете ги следниве чекори:
1 Отворете ја апликацијата Galaxy Themes и допрете на опцијата „Мени“.
2 Допрете на „Мои работи“ и отворете ја картичката „Заднини“.
3 Допрете „Однапред вчитани“ и изберете ја заднината што сакате да ја поставите.
  • За да ги поставите стандардите Samsung икони откако сте поставиле тема, следете ги следниве чекори:
1 Отворете ја апликацијата Galaxy Themes и допрете на опцијата „Мени“.
2 Допрете на „Мои работи“ и отворете ја картичката „Икони“.
3 Изберете ја иконата „Стандардно“.
  • За да поставите стандардна AOD функција, следете ги следниве чекори:
1 Отворете ја апликацијата Galaxy Themes и допрете на опцијата „Мени“.
2 На овој екран, допрете на „Мои работи“ и отворете ја картичката „AODs“.
3 Изберете „Стандардна“ AOD функција.
  • За да поставите слика од Галерија како заднина откако сте поставиле тема, следете ги следниве чекори:
1 Отворете ја апликацијата Galaxy Themes и допрете на опцијата „Мени“.
2 На овој екран, допрете на „Мои работи“ и отворете ја картичката „Заднини“.
3 Изберете ја иконата „Галерија“ и изберете ја личната фотографија што ја сакате.

Благодариме за повратните информации