Што треба да направам кога мојата машина за миење садови не ја исфрла добро водата?

Кога вашата машина за миење садови е блокирана или не ја исфрла добро водата, следете ги упатствата подолу. Ако машината за садови сѐ уште не ја исфрла водата, обратете се до најблискиот сервисен центар на Samsung за професионална услуга.

Основни работи за проверка

Ако вашата машина за садови не ја исфрла водата, прво проверете го филтерот или просторот за исфрлање вода во машината. Исто така, на дисплејот може да се појават информативни кодови. Ова може да се случи поради неправилно инсталирано црево за исфрлање вода. Внимавајте филтерот и просторот за исфрлање вода да бидат чисти од храна и остатоци.

Системот за филтрирање има три компоненти: главен филтер, крупен филтер и ситен филтер. Овие филтери ефикасно ги отстрануваат честичките храна од водата, овозможувајќи таа повторно да циркулира во текот на циклусот. Поради оваа причина добра идеја е по секој циклус на миење да се отстранат поголемите честички храна фатени во филтерот, со плакнење на полукружниот филтер и на садот под млаз вода.

 

  • Крупен филтер (A): Поголеми парчиња, како што е стакло, кои може да го затнат одводот, се фаќаат во крупниот филтер. За отстранување на предметот фатен во овој филтер нежно стиснете ги јазичињата во горниот дел од филтерот и извадете го.
  • Главен филтер (В): Храната и честичките од нечистотија фатени во овој филтер се пулверизираат со посебен млаз на долната прскалка и се измиваат низ одводот.
  • Ситен филтер (C): Овој филтер задржува нечистотија и остатоци од храна во просторот на коритото и спречува тие повторно да се наталожат на садовите во текот на циклусот.
  • Простор на коритото (D): Во овој простор може да се соберат мали честички од храна. Тоа може да предизвика блокирање на водата. Проверете го просторот на коритото и отстранете ги евентуалните туѓи предмети во него. 

Забелешка:

  • Не ставајте го ситниот филтер наопаку.
  • Можеби е добро да користите заштитни ракавици кога ги вадите филтрите или кога го проверувате просторот на коритото.
  • Вистинскиот изглед на филтерот може да се разликува од моделот што го имате.

Начин на чистење

Чекор 1. За да го извадите склопот на филтерот свртете го во насока спротивна од движењето на стрелките на часовникот и подигнете го. 

Чекор 2. Чистење на крупниот и на ситниот филтер под млаз вода (или користење мека четка за отстранување на остатоците).

Чекор 3. Вратете го целиот склоп во машината за садови со негово поставување на своето место, притискајќи го надолу и свртувајќи го во насока на движењето на стрелките на часовникот.

Забелешка:

  • Целиот склоп на филтрите треба да се чисти редовно.
  • Никогаш не вклучувајте ја машината за садови без поставени филтри.
  • При чистење на филтрите не оштетувајте ги. 

Ако цревото за исфрлање вода е превиткано, водата нема да може соодветно да се исфрла. Исто така, ако е затнат мијалникот или во машината останала вода, водата нема да може добро да се исфрли. Внимателно проверете ја поврзаноста меѓу машината за садови и мијалникот. Ако цревото за исфрлање вода е извиткано или искривено, исправете го.

Кога на екранот се појавува информативниот код 5C, 5E, SC, SE, тоа значи дека машината за миење садови не може соодветно да ја исфрли водата. (Само модели со дигитален дисплеј може да прикажат информативен код како вистински код.)

 

Решенија

  • Проверете ја поврзаноста на одводот на машината за садови со мијалникот.
  • Проверете го цревото за исфрлање вода.
  • Исчистете ги одводот, филтерот и коритото во машината.

Благодариме за повратните информации