Како да користите дијагностика во апликацијата Samsung Members на уредот Galaxy

Проверете ги перформансите на уредот со Samsung Members. Дали некоја конкретна функција на уредот не работи правилно? Дали сакате да го знаете моменталното ниво на батеријата? Пред да појдете во сервисен центар, проверете ги перформансите на уредот со помош на алатките за самодијагностика. Карактеристиката Дијагностика од апликацијата Samsung Members овозможува самодијагностика и може да анализира повеќе од 24 различни карактеристики и функции на телефонот, вклучувајќи Батерија, NFC, СИМ-картичка, Мобилна мрежа, Сензор, Звучник, Камера, Екран на допир, Жичени слушалки, Препознавање лице, Bluetooth итн.

Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:

Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).

Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Апликација Samsung Members

На апликацијата Samsung Members може да најдете одговори на често поставуваните прашања и да прочитате совети и трикови во врска со уредот Galaxy. Пред да појдете во локалниот сервисен центар на Samsung Electronics, проверете ја апликацијата којашто овозможува и поддржува погодни услуги, како што се Дијагностика, поднесување Извештај за грешки, Далечинска поддршка, надградби на OS, повратни информации поврзани со прашања и грижи итн. Таа е инсталирана стандардно на уредите Galaxy и може да се преземе од веб-врската подолу.

Кликнете овде за да ја преземете апликацијата Samsung Members.

Самодијагностичка проверка на апликацијата Samsung Members

Проверете го статусот на својот уред со дијагностичката алатка од апликацијата Samsung Members. Може да ги изберете поединечните категории врз коишто сакате да извршите дијагноза или да извршите целосна дијагностичка проверка. Откако ќе заврши дијагностиката, може да ја изберете соодветната икона за да ги видите резултатите и статусот на уредот. Следете ги чекорите подолу за да започнете со дијагностичка проверка.

Побарај помош од апликацијата Samsung Members Побарај помош од апликацијата Samsung Members

Чекор 1. Активирајте ја Samsung Members и изберете Поб. помош на долната половина од екранот.

Види тестирања Види тестирања

Чекор 2. Допрете Види тестирања што се наоѓа во Дијагностика.

Тестирајте ги сите проверки од Дијагностика Тестирајте ги сите проверки од Дијагностика

Чекор 3. Ако сакате да ги извршите сите проверки од Дијагностика (P), допрете на Tестирај сè.

galaxy низ сите проверки galaxy низ сите проверки

Чекор 4. Потоа телефонот Galaxy ќе помине низ проверките.

низ сите проверки низ сите проверки

Чекор 5. Следете ги упатствата на екранот за да ја завршите проверката.

Препознавање близина чекор 1 Препознавање близина чекор 1

Чекор 6. Кога е потребно, треба мануелно да ја активирате соодветната функција или да вршите интеракција со неа.

Препознавање близина чекор 2 Препознавање близина чекор 2

Чекор 7. Ако претпочитате, може да извршите конкретни дијагностички проверки и да допрете на нив директно кога ќе почнувате.

конкретна дијагностика конкретна дијагностика

Чекор 8. За поединечни дијагностички проверки, може да ги видите резултатите откако ќе заврши проверката.

Ако наидете на неочекуван проблем дури го користите уредот Galaxy, обидете се да поднесете извештај за грешки преку апликацијата Samsung Members. Прикачувањето датотека за евиденција ќе помогне многу при анализирањето на причината за проблемот. Откако ќе се анализира датотеката за евиденција и ќе се потврди причината за проблемот, ние ќе испратиме реакција преку Samsung Members.

Побарајте помош во апликацијата Samsung Members Побарајте помош во апликацијата Samsung Members

Чекор 1. Активирајте ја Samsung Members и изберете Поб. помош на долната половина од екранот.

извештаи за грешки чекор 1 извештаи за грешки чекор 1

Чекор 2. Лизгајте и изберете Извештаи за грешки.

извештаи за грешки чекор 2 извештаи за грешки чекор 2

Чекор 3. Штиклирајте ги од листата проблемите со уредот на кои наидувате.

извештаи за грешки чекор 3 извештаи за грешки чекор 3

Чекор 4. Одберете ја зачестеноста на проблемот на којшто наидувате и притиснете на иконата со авион за да го поднесете извештајот.

Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации