Ажурирајте го софтверот на Samsung Galaxy Watch

Samsung Galaxy Watch не го сочинуваат само запци и запчаници - туку и жици, процесори, мемориски чипови и софтвер! Како со секој друг паметен уред, софтверот и апликациите на часовникот треба да се ажурираат од време на време. За среќа, можете да ги ажурирате и двете без разлика дали имате телефон!

Galaxy Watch

Забелешка: Достапните екрани и поставки можат да се разликуваат во зависност од верзијата на телефонот, часовникот и софтверот.

Ажурирајте го софтверот на часовникот

Кога телефонот и часовникот се поврзани, можете редовно да проверувате за нови ажурирања со апликацијата Galaxy Wearable. Или, доколку првично го поставите Вашиот часовник без телефон, можете да ги примените ажурирањата од самиот часовник.

Ажурирајте го софтверот на часовникот со Android телефон

1. Проверете дали часовникот има полна батерија пред да започнете со процесот на ажурирање. Нема да можете да го ажурирате без најмалку 30% батерија.

2. На поврзаниот телефон, одете до апликацијата Galaxy Wearable и отворете ја.

3. Допрете Поставки за часовник, потоа допрете Ажурирање на софтвер на часовник. Допрете на Преземи и инсталирај.

Ажурирањето на софтверот на часовникот е нагласено во апликацијата Galaxy Wearable

4. Додека се ажурира софтверот, часовникот ќе се рестартира и ќе се прикаже лента за напредок или ротирачка анимација.

Исто така можете да го ажурирате часовникот директно. Сепак, ќе мора да биде спарен со компатибилен Android телефон. Отворете Поставки, лизгајте надолу и допрете на Ажурирање на софтверот.

Благодариме за повратните информации