Како да ги решите проблемите со Wi-Fi поврзаноста на Samsung телевизорот

 Samsung ТВ поставен до Wi-Fi рутер

Има многу начини на кои може да ја подобрите интернет конекцијата на својот Samsung ТВ, без разлика дали поврзувањето целосно се изгубило или, пак, имате проблеми да го одржите. Омилениот спортски тим или серија ќе се вратат на екранот за миг!

Напомена: Ако го поврзувате за прв пат телевизорот со интернет, тогаш преминете на чекорот „Повторно поврзување на интернет“ во продолжение. Пред да започнете со следниве чекори, проверете дали има пречки помеѓу телевизорот и рутерот, а потоа проверете го растојанието помеѓу нив. Ако телевизорот е поврзан на Wi-Fi мрежа, можеби ќе потрае малку додека повторно да се поврзе со Wi-Fi мрежата откако ќе го вклучите. Почекајте 30 секунди за да видите дали повторно ќе се поврзе на интернет,

Рутер и Samsung ТВ поставени на различни места, а меѓу нив има ѕид

Понекогаш, проблемите со конекцијата може да се решат така што ќе ги исклучите и телевизорот и рутерот од штекер, а потоа повторно ќе ги приклучите.

1 Внимателно извадете ги каблите од телевизорот и рутерот.
2 Потоа, почекајте најмалку 30 секунди.
3 Потоа, вметнете ги назад каблите во телевизорот и рутерот. Ова благо ќе ги ресетира двата уреда.
Се приклучуваат кабли за рутер и Samsung ТВ
4 Почекајте неколку минути за уредите да комуницираат еден со друг, а потоа проверете дали има некакви промени во интернет конекцијата.
Поставени се рутер и Samsung ТВ на комода, а рутерот трепери
5 Ако проблемот не се реши, преминете на следниот чекор.

Сега, откако направивте благ ресет на рутерот, треба да проверите дали е поврзан на интернет. Ова може да го направите така што ќе ги проверите другите уреди во домот кои се поврзани на истиот рутер. Ако и тие уреди не се поврзани на интернет, тоа значи дека има проблем со рутерот, а не со телевизорот. Во овој случај, треба да го контактирате својот давател на интернет услуга.

Поставени се лаптоп, таблет и телефон во близина на рутер

Меѓутоа, ако другите уреди немаат проблем со конекцијата, тоа значи дека најверојатно има проблем со телевизорот. Преминете на следниот чекор.

Сега, откако потврдивте дека рутерот е поврзан на интернет, треба да ја проверите поврзаноста помеѓу рутерот и телевизорот. Разгледајте ги следниве точки:

  • Дали рутерот е поврзан со телевизорот преку етернет кабел? Ако не е, препорачуваме да ги поврзете со етернет кабел. Ова ќе обезбеди доследна поврзаност на телевизорот со интернет.
 Прикажан е приклучок за етернет кабел во рутер
  • Ако веќе сте поврзани преку етернет кабел, погрижете се дека кабелот функционира и не е оштетен. Може да го тестирате кабелот така што ќе го поврзете со други уреди, како на пример, лаптоп, за да се погрижите дека етернет кабелот не е оштетен.
  • Ако не е можно да го поврзете телевизорот со етернет кабел, тогаш поставете го рутерот што е можно поблиску до телевизорот. Помеѓу телевизорот и рутерот не смее да има пречки, како на пример, ѕидови, други електронски уреди и слично.

 

Ако проблемот не се реши, преминете на следниот чекор.

Бидејќи проблемот не е врската помеѓу рутерот и телевизорот, треба да се обидете да ја ресетирате мрежата на телевизорот. Тоа направете го следејќи ги следниве чекори:

1 На телевизорот, изберете ја опцијата Menu (Мени).
2 Изберете ја опцијата Settings (Поставки), а потоа изберете All Settings (Сите поставки).
3 Изберете Connection (Поврзаност).
4 Изберете ја опцијата Network (Мрежа), а потоа изберете Reset Network (Ресетирај ја мрежата).
Во менито со поставки за мрежата е истакната опцијата Reset Network (Ресетирај ја мрежата)
5 Ќе се појави прашање дали сакате да ги ресетирате поставките за мрежата. Изберете ја опцијата Reset (Ресетирај).
6 Откако ќе се ресетира мрежата, изберете ја опцијата Network Settings (Поставки за мрежата) за повторно да воспоставите конекција.
7 Ако проблемот не се реши, преминете на следниот чекор.

Ако и понатаму се соочувате со проблеми, можеби ќе треба да ги вратите фабричките поставки. Имајте на ум дека ова не е исто што и ресетирање на мрежата.

1 На телевизорот, изберете ја опцијата Menu (Мени).
2 Изберете ја опцијата Settings (Поставки), а потоа изберете All Settings (Сите поставки).
3 Изберете General & Privacy (Општо и приватност).
4 Лизгајте до дното на списокот, а потоа изберете ја опцијата Reset (Ресетирај).
Во менито General & Privacy (Општо и приватност) е истакната опцијата Reset (Ресетирај)
5 Ќе треба да го внесете ПИН-кодот (стандардниот ПИН-код е 0000). Изберете ја опцијата Reset (Ресетирај).
6 Потоа, изберете OK. Телевизорот автоматски ќе се ресетира по неколку мига.
7 Ако овие чекори не се совпаѓаат со поставките за Вашиот телевизор, тогаш одете до опцијата Settings (Поставки), изберете Support (Поддршка), а потоа изберете Self Diagnosis (Самодијагноза). На менито ќе се наоѓа опцијата Reset (Ресетирај). Може да погледнете и во упатството за употреба за точните упатства за Вашиот модел на телевизор.
8 Откако ќе го вратите на фабричките поставки, треба да започнете со првичниот процес на поставување на телевизорот и одново да го поврзете на интернет. Ако го прескокнавте чекорот за поврзување на интернет при првичниот процес на поставување, тогаш може да преминете на следниот дел што се однесува на поврзувањето на интернет.

Откако ќе ги вратите фабричките поставки, сите поставки на телевизорот ќе се избришат и ќе треба повторно да се поврзете на интернет. Тоа направете го следејќи ги следниве чекори:

1 На телевизорот, изберете ја опцијата Menu (Мени).
2 Изберете ја опцијата Settings (Поставки), а потоа изберете All Settings (Сите поставки).
3 Изберете ја опцијата Connection (Поврзаност), а потоа изберете Network (Мрежа).
4 Изберете ја опцијата Open Network Settings (Поставки за отворена мрежа).
Во менито со поставки за мрежата е истакната опцијата Open Network Settings (Поставки за отворена мрежа)
5 Изберете ја опцијата Wired (Жично) ако телевизорот е поврзан со рутер преку етернет кабел или опцијата Wireless (Безжично) ако сакате да го поврзете телевизорот на својата Wi-Fi мрежа.
6 Ако ја избравте опцијата Wired (Жично), тогаш, конекцијата ќе се воспостави автоматски. Ако ја избравте опцијата Wireless (Безжично), изберете го името на Вашата Wi-Fi мрежа, внесете ја лозинката за својата мрежа и изберете Done (Готово).
7 Откако ќе се поврзе на интернет, изберете OK.

Ако и понатаму не можете да го поврзете телевизорот со Wi-Fi откако ќе ги поминете сите претходни чекори, тогаш контактирајте со Поддршката на Samsung за помош.

Благодариме за повратните информации