QN900A Neo QLED 8K Smart TV (2021)

Одбери Големина

  • Through the Quantum Mini LED and microlayer, the beautiful forest screen seen from inside a cave is displayed in detail in bright and dark areas, showing very clearly.
    Технологија Quantum Matrix Technology Pro
  • Слика од 8K овозможена со AI комплетирана од 16 неврални мрежи
    Процесор Neo Quantum 8K
  • Екстремна осветленост низ целиот спектар на бои
    Quantum HDR 64x
  • Somewhere in the cave, a QLED TV is placed, and sand falls from above. The edges of QLED TVs are so thin that it seems like there is no TV.
    Infinity екран

Апсолутен број еден, пред сите

Ултрафин контраст во 8K кој го открива секој скриен детаљ

Технологија Quantum Matrix Technology Pro

Моќната еволуција на Neo QLED 8K доаѓа со технологија на затемнување на заднинската светлина која со прецизност ги контролира нашите Quantum Mini LED-светла. Биди сведок на незамисливи детали изразени од најтемните црни до најсветлите бели тонови со 1,5 пати повеќе зони на осветлување од нормалната технологија Quantum Matrix.

Слика од 8K овозможена со AI комплетирана од 16 неврални мрежи

Процесор Neo Quantum 8K

Напредниот мулти-интелигентен процесор на Neo QLED го создава најдоброто 8K доживување. Наместо една неврална мрежа за анализа на визуелни податоци, процесорот Neo Quantum 8K користи податоци генерирани од 16 неврални мрежи за да го подобри секој визуелен детаљ од твојата 8K содржина.

* Доживувањето при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и форматот. Скалирањето може да не важи за поврзување со персонален компјутер и режим на игри.

Екстремна осветленост низ целиот спектар на бои

Quantum HDR 64x

Quantum HDR 64x поставува нови стандарди за неверојатни детали и осветленост. Уживај во богатите прецизни бои и подлабок контраст со остри детали. Динамичното мапирање тонови на HDR10+ ги приспособува боите и контрастите на секоја сцена, овозможувајќи ти да ги цениш дури и најмалите нијанси.

* Опсегот на Quantum HDR осветленост се заснова врз внатрешни стандарди на тестирање и подлежи на промена согласно условите на гледање или спецификациите.* QN900A 65’’: Quantum HDR 48x

Види ги деталите во деталите

Вистинска 8К резолуција

Почувствувај ја моќта на секој кадар со 33 милиони пиксели при врвна јасност на сликата со резолуција која е четири пати поголема од 4K резолуцијата.

* Вистинската 8К резолуција се дефинира како 7680 x 4320 пиксели. Спонзорирана 8k содржина врз основа на тековните стандарди за 8K стриминг, поврзливост и декодирање. Не се загарантирани идни стандарди и стандарди на одредени страни или може да биде потребно да се купи дополнителен уред/адаптер.

* Вистинската 8К резолуција се дефинира како 7680 x 4320 пиксели. Спонзорирана 8k содржина врз основа на тековните стандарди за 8K стриминг, поврзливост и декодирање. Не се загарантирани идни стандарди и стандарди на одредени страни или може да биде потребно да се купи дополнителен уред/адаптер.

Претвори го тоа што го сакаш во 8K

8K AI скалирање

Биди сведок на квантниот скок на перформансите во 8K AI скалирање, постигнати со комбинирање на алгоритми за длабинско учење со процесорот Neo Quantum 8K. Алгоритмот за длабинско учење на уредот ќе ги анализира сликите и ќе го приспособи обновувањето на деталите на секој пиксел.

* Доживувањето при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и форматот. Скалирањето „8K AI Upscaling“ може да не важи за поврзување со персонален компјутер и Режим на игри.

* Доживувањето при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и форматот. Скалирањето „8K AI Upscaling“ може да не важи за поврзување со персонален компјутер и Режим на игри.

Милијардa нијанси на една боја со Quantum Dot

100 % видливост на бои со Quantum Dot

Технологијата Quantum Dot ја овозможува најсовршената слика досега. Со Color Volume 100 %, Quantum Dot ја претвора светлината во спектакуларна боја која останува совршена на секое ниво на светлина.

* 100 % видливост на бои, измерена во режим на филм и во DCI-P3 простор на бои, сертифициран од VDE.

* 100 % видливост на бои, измерена во режим на филм и во DCI-P3 простор на бои, сертифициран од VDE.

Минимален отсјај за да не го одзема вниманието

Антирефлексија

Не дозволувај сончевата светлина да го прекине попладневниот натпревар или пак, отсјајот од ламбите да го уништи вечерниот филм, со нашата можност за антирефлексија, одобрена од корисниците. Изгуби се во најновиот блокбастер од кое било место во домот, со помалку пречки од отсјајот на светлината.

Најдобар поглед од секое место

Ултра агол на гледање

Види го секој детаљ под кој било агол. Ултра аголот на гледање овозможува постојаност на сликата со детали, дури и кога седиш настрана. Така, секое место во домот е одлично место за гледање.

Динамичен звук кој ја следи акцијата од секој агол

Object Tracking Sound Pro (OTS Pro)

Задлабочи се подлабоко во секој детаљ на звукот од секој агол на телевизорот, вклучувајќи го и центарот, без да пропуштиш ништо.

ТВ и soundbar-звучник во совршена хармонија

Q-Symphony

Опкружи со се звук од ТВ и soundbar-звучник, споени во совршена хармонија. Q-Symphony им овозможува на ТВ и soundbar-звучниците да работат истовремено за да постигнат подобар сараунд ефект, без да мора да се исклучат звучниците на ТВ.

* Q-Symphony е достапна само со компатибилен soundbar-звучник. Компатибилноста за Q-Symphony може да се провери во спецификациите за soundbar-звучникот.

* Q-Symphony е достапна само со компатибилен soundbar-звучник. Компатибилноста за Q-Symphony може да се провери во спецификациите за soundbar-звучникот.

Звук со автоматска оптимизација за да се вклопи во твојот простор

SpaceFit Sound

Уживај во оптимизиран звук усогласен со средината каде што се монтира, независно дали е на ѕидот или на масата, со што добиваш оптимално уживање.

Без граници

Infinity екран

Помести ги границите на гледањето со речиси невидливата рамка. Црните рабови се речиси невидливи, а ултра тенката рамка ги отстранува сите работи кои може да ти го одвлечат вниманието за да се препуштиш на гледањето.

Апсолутната убавина на минимализмот

Infinity One дизајн

Не прави компромис помеѓу елеганција и доживување на гледањето кое те обзема. Овој прекрасен Infinity One дизајн ќе те однесе на следното ниво со невозможно тенкиот профил.

Додај убавина на решението без неред

Attachable Slim One Connect

Независно каква е средината на монтирање, Attachable One Connect ти помага да го намалиш нередот од кабли.

Исклучителни подобрувања на движењето во 4K 120 Hz

Motion Xcelerator Turbo+

Победи ги сите непријатели, дури и при големи брзини. Со исклучителните подобрувања на движењето до 4K 120 Hz, можеш да уживаш во играта со ултра непречена акција, без доцнење и заматување при движење.

Гледај сè на еден екран

Multi View

Гледај го она што го има на телевизија и она од твојот мобилен на еден екран и тоа истовремено. Независно дали се спортски резултати во живо или видео водичи за игри, едноставно поврзи го телефонот со повеќе екрани како никогаш досега.

* Поддржува паметни телефони кои функционираат со Android OS и iOS.

Само допри за да се поврзеш

Tap View

Само со еден допир можеш да ги префрлиш филмовите или музиката од твојот мобилен на телевизорот. Кога ќе се поврзе телевизорот со твојот мобилен телефон, тој автоматски го „чувствува“ допирот од телефонот и ја прикажува истата содржина. Па, така лесно и брзо можеш да ја префрлиш омилената содржина на телевизорот и да продолжиш да уживаш во неа.

* Tap View е достапно на уреди Samsung Galaxy со Android OS 8.1 и понови верзии.* Не е достапно на Q60A 32"

* Tap View е достапно на уреди Samsung Galaxy со Android OS 8.1 и понови верзии.* Не е достапно на Q60A 32"

Бесплатна ТВ, без обврски

Samsung TV Plus

Уживај во бесплатен стриминг на ТВ содржина во живо, со нашите виртуелни канали Samsung TV Plus. Избери од многуте различни канали кои нудат содржина за секакви интереси кои моментално се во тренд. Нема потреба да го прашуваш другар ти која содржина е популарна деновиве. Само вклучи се на Samsung TV Plus и дознај сам.

* Услугите за содржина може да се разликуваат во зависност од регионот и подлежат на промени без претходно известување.

* Услугите за содржина може да се разликуваат во зависност од регионот и подлежат на промени без претходно известување.

Спецификации

Поддршка

Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот

Прирачник за корисниците и содржина за преземање
Погледни ги дополнителните содржини

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО

Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи од производот се предмет на промена.