Најди го мојот мобилен

Го загубивте вашиот уред?
Сега е уште полесно да го најдете.

Нема потреба од паника, ќе ви го вратиме вашиот Galaxy. Со Find my Mobile (Најди го мојот мобилен) имате пристап до локацијата на вашиот уред, дури и кога не е поврзан на мрежа. Можете, исто така, да направите резервна копија од неговите податоци на Samsung Cloud, да го блокирате пристапот до Samsung Pay и дури да го контролирате од далечина - сето тоа на интернет-страницата Find my Mobile (Најди го мојот мобилен). А со апликацијата SmartThings, можете да ги лоцирате вашите други уреди Galaxy преку SmartThings Find.

Лондон е прикажан во заднината. Во преден план, на екран на лаптоп се прикажува локацијата на изгубен уред на мапа, со датумот и времето на локацијата што се следи.

Што треба да правам
ако го изгубам уредот?

Пристапи до услугата „Најди го мојот мобилен“ и пронајди го или заклучи го уредот и и зачувај резервна копија на податоците.

* За да ја користиш услугата „Најди го мојот мобилен“,,
1) мора да го нагодиш налогот Samsung на апаратот.
2) да дозволиш услугата Google да собира информации за локацијата и да се согласиш со одредбите и со условите на користење безжични мрежи.

Отклучи го екранот дури иако си ја заборавил лозинката

Дури иако си го заборавил кодот за заклучување на екранот за својот уред (на пример, PIN, лозинка, образец, отпечатоци од прсти, ирис), повеќе не мора да се грижиш.
Може далечински да го ресетираш заклучениот екран преку сајтот „Најди го мојот мобилен“.

*Мора да го нагодиш налогот Samsung на апаратот.
Кога ќе ја овозможиш оваа функција, од апаратот ќе бидат избришани и твоите биометриски податоци, како што се отпечатоци од прсти и ирис.

* Од ОС Android P, за да го отклучите уредот, претходно мора да го вклучите менито „Оддаленечно отклучување“ од менито за нагодување на уред.

Уред се заклучува со далечинско управување од интернет-страницата find my mobile (најди го мојот мобилен) на лаптоп.

Користење

Пронајди едноставни начини за користење на услугата „Најди го мојот мобилен“

  • ПОСТАВУВАЊЕ НА FMM (НММ)
  • ПОСТАВУВАЊЕ НА ОФЛАЈН НАОЃАЊЕ
  • Посети го сајтот „Најди го мојот мобилен“.

ПОСТАВУВАЊЕ НА FMM (НММ)

ПОСТАВУВАЊЕ НА ОФЛАЈН НАОЃАЊЕ

Посети го сајтот „Најди го мојот мобилен“.

Дознај повеќе

Дознај повеќе за услугата „Најди го мојот мобилен“ така што ќе кликнеш на копчето подолу.

Контактирај помош Samsung

Имаш ли дополнителни прашања?

* Сликите на уредот и екранот се симулирани за илустративни цели.
** Услугите за поддршка може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот/операторот.
*** Уредот мора да биде вклучен и најавен на вашата сметка Samsung.
**** Офлајн наоѓање во моментот е поддржано на мобилни телефони и таблети Galaxy кои имаат најмалку Android 8.0, Galaxy Watch3 и Galaxy Buds Live. Дополнителни уреди ќе бидат додадени во иднина.
***** Функцијата Офлајн наоѓање за часовникот и слушалките Galaxy може да се овозможи во апликацијата Galaxy Wearable. Поставувањата за офлајн наоѓање на поврзаниот телефон или таблет ќе се применат и на часовникот и слушалките Galaxy.
****** Изгубените часовник или слушалки Galaxy може да се лоцираат само ако офлајн наоѓањето е овозможено додека се поврзани со вашиот мобилен уред.
******* Можете, исто така, да лоцирате изгубени уреди со користење на функцијата SmartThings Find во апликацијата SmartThings. За да ја користите SmartThings Find, треба да биде вклучено Најди го мојот мобилен (одете во Поставувања > Биометрија и безбедност > Најди го мојот мобилен.
******** За да биде уред за помагање, треба да се согласите со користењето на информациите за локацијата и со Напомената за приватност.
********* Уредите за помагање не ја покажуваат точната локација на изгубениот уред.