Држач за безжичен полнач (15 W)
EP-N5200TBEGWW
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Карактеристики
Подобри го полнењето
Уживај во моќното брзо полнење со држачот за безжичен полнач. Способен е за брзо безжично полнење 2.0, што значи дека кога ќе поставиш телефон од сериите Galaxy Note20, S20, Note10 и S10 целосно ќе го наполниш — и тоа брзо.
*Брзото безжично полнење 2.0 поддржува 10 W или повеќе.*Брзината на полнење може да се разликува во зависност од уредот. Вистинската брзина на полнење исто така може да се разликува во зависност од употребата, условите на полнење и други фактори.
Брзо полнење без да ти пречи на спиењето
Вградениот систем за ладење со вентилатор на држачот за безжичен полнач го полни твојот телефон уште побрзо со помала потрошувачка на енергија. Кога се подготвуваш за спиење, можеш да го исклучиш вентилаторот и да ги затемниш LED светлата на телефонот — совршено за оние кои лесно се будат.
*Функцијата за вклучување и исклучување на вентилаторот и LED светлата е достапна само на паметни телефони Samsung од серијата Galaxy S10 или понови
Покажи дека се грижиш и сподели
Наполни го телефонот на другар ти дури и ако не е Galaxy Note10 и Note10+. Држачот за безжичен полнач работи со голем број уреди што се Qi-компатибилни, вклучително и со брзото полнење од 7,5 W на Apple, за да можеш да им помогнеш на пријателите, без потреба од кабли.
*Компатибилни уреди на Apple се iPhone 8, 8+, X, XS, XS Max и XR модели што поддржуваат до 7,5 W брзо полнење.
Продолжи да гледаш и додека полниш
Држачот за безжичен полнач е опремен со две намотки и ти овозможува да полниш без разлика дали ќе го поставиш телефонот хоризонтално или вертикално, за да можеш удобно да продолжиш да гледаш или стримаш. И цврсто го држи телефонот во нелизгавата вдлабнатина.
*Во споредба со претходниот модел на држач за безжичен полнач (EP-N5100), овој модел (EP-N5200) го подобрува полнењето и стабилноста на телефонот со зголемување на ширината на вдлабнатината против лизгање. Ова овозможува телефонот да се полни и да стои стабилно дури и со дебела футрола (со дебелина до 3,5 mm).
Спецификации
-
Црна
-
Репрезентативни модели
Galaxy Note 10+, Note 10+ 5G
-
Компатибилни модели
БРЗО ПОЛНЕЊЕ 2.0 max. 15 W компатибилно со Galaxy Note 10+, Note 10+ 5G / БРЗО ПОЛНЕЊЕ 2.0 компатибилно со Galaxy Note 10, Note 10 5G, S10e, S10, S10+, S10 5G / БРЗО ПОЛНЕЊЕ компатибилно со Note9, S9, S9+, Note8, S8, S8+, S7, S7 Edge, Note 5, S6 Edge+, & Apple iPhone XS Max, XS, XR, 8, 8 Plus / Qi компатибилно со Galaxy S6, S6 Edge и сертифицирани уреди за Qi
-
Карактеристики
БРЗО ПОЛНЕЊЕ 2.0 до 15 W, iPhone Безжично полнење до 7,5 W, Qi, Direct Air Cooling, Вертикален/хоризонтален држач
-
Интерфејс
USB Type-C
-
Содржина на пакувањето
Држач за безжичен полнач, PD 25 W ѕиден полнач, USB тип-C до тип-C кабел, Кориснички водич за употреба
-
Должина на кабел
1 m
-
Димензии (ШxВxД)
75.3 x 114.5 x 122.2 mm
-
Тежина
179 g
-
Влезен напон (максимален, нормално полнење)
5 V
-
Влезен напон (максимален, брзо полнење)
9 V
-
Влезна струја (максимална, нормално полнење)
2 A
-
Влезна струја (максимална, брзо полнење)
2.77 A
-
Излезен напон (максимален, нормално полнење)
5 V
-
Излезен напон (максимален, брзо полнење)
9 V
-
Излезна струја (максимална, нормално полнење)
1 A
-
Излезна струја (максимална, брзо полнење)
1.67 A
Прирачник за корисниците и содржина за преземање
Често поставувани прашања
Неодамна прегледано