Како да го користите пенкалото S Pen Pro на Galaxy Z Fold4

Една од главните карактеристики на Galaxy Z Fold4 е тоа што може да го користите со пенкалото S Pen Pro. Може да цртате или пишувате, меѓу другото, на најудобен и динамичен начин.

Преглед на пенкалото S Pen Pro со Galaxy Z Fold4.

Со пенкалото S Pen Pro можете брзо и лесно да се поврзете на Galaxy Z Fold4 и да правите сè што отсекогаш сте сакале.

Може да фаќате белешки, да цртате, да уредувате и многу повеќе. Исто така, лесно може да ги споделите своите дела преку Bluetooth со другите уреди, а благодарение на нивната долготрајна батерија сè што сте креирале ќе трае подолго од кога било досега.

S Pen пенкала што се компатибилни со Galaxy Z Fold4

За да можете да го извлечете максимумот од секојдневието, има две верзии на пенкалото S Pen што може да ги користите на Galaxy Z Fold4.

  • S Pen Fold Edition:

Ова S Pen пенкало може да се пофали со врв од 1,5 mm кое дава чувство како да пишувате со пенкало на хартија. Меѓутоа, овој уред не ја поддржува функцијата за спарување, ниту спарување со Bluetooth, па затоа функцијата за безжична контрола не е достапна.

 

  • S Pen Pro:

Функцијата Bluetooth е достапна на овој уред. Исто така, имате можност и да се префрлувате од еден на друг поврзан уреди со допирање на едно копче. Пенкалото S Pen Pro може лесно да се полни со USB Тип-C.

Друга предност на пенкалото S Pen Pro е тоа што ви овозможува брзо и лесно да го лоцирате преку апликацијата SmartThings, како што е случајот со други Samsung уреди, како Galaxy Buds2 Pro или новиот Galaxy Watch5.

Имајте предвид: за да го користите S Pen на уред Galaxy Z Fold 4, прво мора да го промените режимот во режим Z Fold. Користете го режимот за S Pen на други телефони или таблети.

    

S Pen Fold Edition

S Pen Pro

Функција за поддршка на S Pen

Пишување со S Pen

Пишување, далечинско управување и управување со гестови, наоѓање на пенкалото, префрлување од еден уред на друг со S Pen.

Воздушните дејства се поддржани само на Galaxy Z Fold3, Z Fold4, Galaxy S21 Ultra, Galaxy Note 10, 10 +, 20, 20 Ultra, Galaxy Tab S6, S7+, S7 FE кои поддржуваат One UI 3.1 или понова верзија.

Големина (mm)

(Ш x В x Д)

7,7 x 132,1 x 7,4

9,5 x 171,04 x 9,14

Тежина (g)

6,7

13,8

Батерија / Начин на полнење

Не е поддржано

30mAh/Полнење со USB-C

Bluetooth

Не е поддржано

5.0

Спарување

Не е поддржано

Поддржано

Најдете пенкало

Не е поддржано

Поддржано

Имајте предвид: За да се поврзат со пенкалото S Pen Pro, за сите уреди е потребна најава со корисничка сметка на Samsung.

Новото пенкало S Pen Pro може да го поврзете со телефонот така што ќе притиснете и ќе задржите на копчето за поврзување три секунди, додека трепка LED-сијаличката. Потоа, изберете го копчето „Поврзи“ во скок-прозорецот кој ќе се прикаже на Galaxy Z Fold4.

Пенкалото S Pen Pro има три различни копчиња:

Поглед на пенкалото S Pen Pro со означени копчиња.

① Копче за пенкало

② Копче за поврзување

③ Копче за промена на режим

Една од најдобрите работи во врска со пенкалото S Pen Pro е тоа што може да се користи во два различни режими во зависност од тоа на кој уред сте поврзани. Така, може да изберете или режим S Pen или режим Z Fold.

Ако сакате да го активирате режимот S Pen, повлечете налево на копчето за промена на режим.

Имајте предвид: за да го користите S Pen на уред Galaxy Z Fold 4, прво мора да го промените режимот во режим Z Fold. Користете го режимот за S Pen на други телефони или таблети.

Поглед на пенкалото S Pen Pro со гест за повлекување налево на копчето за промена на режим за да се активира режимот S Pen.

Ако сакате да го активирате режимот Z Fold, повлечете надесно на копчето за промена на режим.

Поглед на пенкалото S Pen Pro со гест за повлекување надесно на копчето за промена на режим за да се активира режимот Z Fold.

Ако го изгубите пенкалото S Pen Pro:

Отворете ја апликацијата SmartThings → Изберете Уреди → Изберете регистрирано пенкало S Pen Pro → Најдете уред → Проверете ја локацијата на пенкалото S Pen Pro.

Приказ на екранот SmartThings Find со истакната икона за локација на S Pen Pro.

Благодариме за повратните информации