Пристигнува пролетта, а со неа и пролетното чистење. Сега е вистинското време да уживате во свежината и чистотата во домот, а и да заштедите притоа. Samsung се потруди да создаде неодолива понуда за машини за перење алишта и правосмукалки со попуст до 25 % и 5 години гаранција и на тој начин ви овозможува да уживате во беспрекорната чистота во својот дом.

Изберете WW9800T машина за перење алишта и користејќи го длабинското и хигиенско чистење на пареа отстранете 99,9 % бактерии и алергени од облеката. Благодарение на технологијата Eco Bubble™, детергентот се претвора во меурчиња и брзо навлегува во ткаенината и со леснотија ја отстранува нечистотијата, притоа штедејќи енергија и чувајќи ја бојата и текстурата на ткаенината.*

Со DV8000T машината за сушење алишта, вашата облека ќе се исуши неверојатно брзо и ќе биде подготвена за носење. Со помош на циклусот Супербрзина, мешаното полнење на парчиња облека од памук и синтетика може да го исушите за 81 минута**, а со помош на технологијата Silent Dry која го придушува звукот и алгоритамот за оптимизација на брзината на вртежите, ќе се намали нивото на бучавата.

Уживајте во слободното време, бидејќи чистењето на домот никогаш не било побрзо. Правосмукалката Jet 90E едноставно и темелно чисти разни видови подови, додека турбо четката собира ситни честички прашина од тепихот. Вдишете длабоко и почувствувајте ја свежината на воздухот, бидејќи петслојниот филтрирачки систем ги елиминира прашината и алергените од воздухот.


Со заеднички сили овие уреди го прават домот свеж и чист, штедејќи го вашето време, а со попустот до 25 % и вашиот домашен буџет. Избраните производи доаѓаат и со гаранција од 5 години, а повеќе информации може да најдете овде.

Промоцијата трае од 19.3. до 2.5.2021. или до истекот на залихите.

Точниот износ на процентот на заштеда се разликува во зависност од производот и неговата цена во овластените продавници на Samsung за што купувачот може да се информира на овластено продажно место на Samsung.

Промоцијата 5 години гаранција (2 години гаранција од произведувачот + 3 години дополнителна гаранција) важи за одредени фрижидери, машини за перење алишта, вградени кујнски уреди и правосмукалки купени во периодот од 1.2. до 31.5.2021 година, како и за машините за сушење алишта и комбинираните машини за перење и сушење алишта купени во периодот од 1.4. до 31.5.2021.

* Врз основа на лабораториски извештај за тестирање на перформанси од компанијата Springboard Engineering на EMPA ленти, во споредба со вообичаен детергент и технологија на меурчиња без механичко делување.
**Тестирано на модел на уред Samsung DV8000T во согласност со стандардот IEC и количина на облека со тежина од 3 kg.

Изберете пролетен попуст

Машина за перење алишта WW6800T

Машина за сушење алишта DV6000T

Хигиенско чистење на пареа

Машина за перење алишта WW6800T

Подобрете го квалитетот на перењето алишта без претходен третман, користејќи длабинско и хигиенско чистење облека на пареа. Пареата се испушта од дното на барабанот, така што минува низ секој предмет, со што се отстрануваат тврдокорната нечистотија и 99,9 % бактерии и алергени.

Супербрзо сушење

Машина за сушење алишта DV6000T

Сува и чиста облека подготвена за носење за помалку од два часа, со поголема заштеда на струја. Програмата Super Speed може истовремено да суши памучни и синтетички материјали, а сите тие ќе бидат суви по само 81 минута.

Го одржува воздухот чист

Jet 90E multi

Почист воздух во вашиот дом со петслојниот филтрирачки систем. На почеток главниот циклон и металниот мрежаст филтер ги одвојуваат и фаќаат големите честички прашина. Млазниот циклон и микрофилтерот ја фаќаат ситната прашина. А на крај, ултрафиниот филтер за прашина собира 99,9 % прашина и алергени.