Подгответе се, летото доаѓа! Ќе ви требаат многу ладни пијалаци и сладолед да се разладите, но она што дефинитивно нема да ви треба е замрзнат фрижидер. Благодарение на технологијата No Frost, Samsung фрижидерите ќе одржуваат рамномерна температура што го спречува насобирањето мраз и ги одржува намирниците свежи. Со No Frost може да заборавите на одмрзнување на фрижидерот и тоа време да го искористите за поважни работи!

 

Изберете еден од одличните Samsung No Frost фрижидери со посебен попуст до 30 % и уживајте во совршено свежи намирници со 5 години гаранција.

 

Промоцијата трае од 14.5. до 30.6.2021 година и важи за одредени модели на фрижидери.

 

Промоцијата 5 години гаранција (2 години фабричка гаранција + 3 години дополнителна гаранција) важи за одредени фрижидери купени од 1.2. до 31.5.2021 година. Повеќе информации за промоцијата 5 години гаранција може да најдете на samsung5godinigarancija.mk.

Свежи намирници секогаш на дофат

RB7300T

Природна свежина без насобирање мраз

Повеќе не мора да губите време на одмрзнување на фрижидерот, бидејќи со технологијата No Frost се зголемува циркулацијата на воздухот во фрижидерот и се одржува стабилна температура, со што се спречува формирањето мраз. А со многу тенките ѕидови на фрижидерот што ги овозоможува технологијата SpaceMax, овој фрижидер овозможува повеќе простор во внатрешноста и одговара на димензиите на кујнските елементи.

RS8000

И свежи намирници и беспрекорен дизајн

Кога ќе се спојат врвна технологија на ладење и елегантен дизајн, добивате фрижидер што совршено се вклопува во секој дом. Благодарение на прецизното ладење, подолго ја чува свежината, вкусот и текстурата на храната, додека технологијата Twin Cooling Plus ја оптимизира температурата и влажноста на воздухот во фрижидерот, со што храната останува посочна и посвежа двапати подолго.