Кога летните горештини ќе го исполнат нашиот ден, не постои ништо подобро од чаша леден напиток за вистинско уживање. Затоа, само за вас подготвивме вистинско освежување во вид на сјајни понуди на фрижидери Samsung.

Разладете ги летните денови со сјајната понуда на економични, а моќни фрижидери Samsung. Изберете ја добитната комбинација со попуст до 12 000 денари и 5 години гаранција.

Промоцијата трае од 20.6 до 17.7.2022 г. или до истек на залихите.

За да остварите право на 5 години гаранција, треба да се регистрирате на интернет-страницата samsung5godinigarancija.mk најдоцна до 30 дена од датумот на купување. 

*Малопродажните цени ја претставуваат деловната политика на продажните партнери на Samsung и може да се разликуваат. Пред купувањето информирајте се за малопродажната цена кај продажните партнери на Samsung.

Samsung продажни партнери вклучени во оваа промоција:

RB7300 Bespoke фрижидер

Повеќе простор за повеќе намирници

Уживајте во поголем простор за намирници додека непречено уживате во совршената хармонија на кујнските елементи со вашиот нов фрижидер. Благодарение на SpaceMax™ технологијата и исклучително тенките ѕидови, вградена е многу ефикасна изолација. На тој начин е создаден поголем простор во внатрешноста, а фрижидерот ја следи линијата на работните елементи.

RF9000AC-BSC фрижидер

Ненаметлива елеганција, флексибилна свежина

Благодарение на Cool Select+ може да го поставите фрижидерот во некој од петте претходно приспособени режими: замрзнување, благо замрзнување, месо/риба, овошје/зеленчук и напитоци, со секогаш модерен, минималистички изглед, со преубави рамни врати и без надворешен диспензер за вода.

RS8000NC-8 фрижидер

Помалку бучава и помала потрошувачка на енергија

Уживајте во поголема енергетска ефикасност и помала бучава. За разлика од вообичаените компресори, компресорот со дигитален претворач автоматски ја приспособува својата брзина, реагирајќи на потребите за ладење. Дигиталниот инвертер е усогласен и со новите енергетски прописи, со што ви штеди пари.